4 декември, 2008 - 04:43
[веб кирилица]

Пролетен викенд со Слободен софтвер Македонија

од дамјан на 11 апр 2006 - 01:33

15 и 16 април 2006 во Народна техника


Во сабота и недела (15 и 16 април 2006) во просториите на Народна техника од 11 до 21 часот ќе се одржи третиот инсталационен фестивал на Слободен софтвер Македонија. Овој пат, настанот ќе биде проширен со дополнителни активности. Покрај инсталирањето на слободен софтвер за посетителите ќе има и предавања, работилници, дискусии и многу повеќе...

Инсталационен фестивал е настан, на кој масовно се инсталира слободниот оперативен систем ГНУ/Линукс. Посетителите треба да дојдат со своите компјутери и таму ќе добијат стручна помош од искусни корисници за спроведување на инсталацијата. За повеќе информации посетете ја страницата за фестивалот.


Покрај инсталирањето на слободен софтвер, посетителите ќе можат слободно да копираат дискови со апликативен софтвер.

Во попладневните часови ќе има работилници за развој на веб апликации со употреба на слободни веб платформи, локализација на слободен софтвер и запознавање со работата на македонскиот тим на википедија, најпознатата слободна енциклопедија.

Во вечерните часови се планирани панел дискусии на тема слободниот софтвер и софтверските патенти, авторските права и интелектуалната сопственост и импликациите за секој граѓанин во информациското општество.

Настанот претставува промовирање на слободниот софтвер и градење на заедница на корисници и поддржувачи.


Народна техника се наоѓа на бул. "Партизански одреди" бр. 99, спроти Лептокарија. Влезот и услугите се бесплатни.



За Слободен софтвер Македонија: Слободен софтвер Македонија е непрофитна организација која се занимава со промовирање, развој и дистрибуција на слободен софтвер на територијата на Република Македонија. (www.slobodensoftver.org.mk)

Настанот делумно е финансиски поддржан од Фондацијата Метаморфозис.
Благодарност до ПОГОН за логистичката поддршка .

Опции за гледање на коментари


освен - од дамјан на 11 април, 2006 - 02:12

Значи, освен инсталирање Linux и режење CD-а, ќе има и неколку презентации (workshop-и) секој ден од 15:30 до 18:00

Сабота
- Конструирање на динамички web апликации со TurboGears и Python
- mk.wikipedia слободна енциклопедија
Недела
- Оптимизација и модификација на Linux кернел
- Локализација на софтвер

прашање - од IDEfix на 11 април, 2006 - 03:19

А дали документи/код од презентациите ќе бидат јавно достапни ?

Цитат: А дали - од дамјан на 11 април, 2006 - 15:11

Цитат:

А дали документи/код од презентациите ќе бидат јавно достапни ?

Доколку има класични презентации, да... меѓутоа моите две ќе бидат поише на лицу-места-работилници и нема поента да има некоја PowerPoint-like презентација.

- од spaceman на 11 април, 2006 - 04:42

Цитат:

Посетителите треба да дојдат со своите компјутери

Може наместо тоа да платам 100 денари карта?
Се зезам, ама стварно би ме мрзело да влечам пц за влезница.

Инаку поздрав до иницијативата, и добро е што барем нешто правите со оглед на огромниот буџет со кој неминовно располагате.

Ubuntu уште ми лежи на царина. Не им плаќам, математички е неисправна нивната пресметка. Процент од нула е нула, по се игледа не за цариниците. Морам да им посветам повеќе внимание во наредното издание на речникот.

сликата на Новица
инсталфест - од Новица на 11 април, 2006 - 08:06

> Се зезам, ама стварно би ме мрзело да влечам пц за влезница.

Не мора да влечеш пц. Со пц би требало да дојдат тие што сакаат да им биде инсталиран гну/линукс.

> добро е што барем нешто правите со оглед на огромниот буџет со кој
> неминовно располагате.

Да, совесни граѓани сме ние. [се смее]

> Ubuntu уште ми лежи на царина.

Ако си пропуштил, види:
http://slobodensoftver.org.mk/?s=novosti&ednoid=39

Сега го - од spaceman на 11 април, 2006 - 14:32

Сега го прочитав текстот.

Само што јас имам нарачено еден примерок и тој си остана на царина.

Ми викаат, треба платиш. Јас ги прашувам, поштарина? Не, ми викаат, царина.
Јас ги прашував каква царина на бесплатен производ. Тие викаат царина ќе платиш како и да е, неможе тоа да е бесплатно. Јас им викам, ќе идам ќе си го купам од друго место, вие многу скапо ги продавате.

И така.

O: - од дамјан на 11 април, 2006 - 21:14

Цитат:

Може наместо тоа да платам 100 денари карта?
Се зезам, ама стварно би ме мрзело да влечам пц за влезница.

Кој сака може да дојде... покрај горе-наведената програма, цело време ќе се врти и понекоја мини-презентација... на пример супер-cool XGL графичкиот систем и сл...

Ако до сега не сте имале можност да фачкате по Linux компјутер, ете шанса.

сликата на pancec
Слабо - од pancec на 16 април, 2006 - 17:41

Беа ветени Mandriva 32 & 64 bit + KnoppiX, а добив само mandriva 32bit. Разочаран сум.

сликата на Игор
Дистрибуции - од Игор на 17 април, 2006 - 11:37

SuSe 10.0 32bit и 64bit, Ubuntu 5.10, Kubuntu 5.10, GoboLINUX, Fedora Core 5, можам да ти даам шо сакаш. И едно прашање до Дамјан: Дали ќе има некоја презентација од видот на oSCommerce??

одговор - од дамјан на 19 април, 2006 - 20:02

Игор напиша:

И едно прашање до Дамјан: Дали ќе има некоја презентација од видот на oSCommerce??

Го поставуваш прашањето на 17.април? Installfest-от беше на 15 и 16.

Иначе немаше за oSCommerce, имаше за TurboGears, со кој можеш да правиш такви апликации (види ги демоата на сајтот).