4 декември, 2008 - 05:48
[веб кирилица]

Иницијација на новаци на Багра!

од Konstantin на 28 мар 2006 - 13:46

Имате ли вие на Багра, некој вид на ритуал на иницијација на новаци? Нешто како тест на издржливост, храброст, памет? Само, да не биде некое клише,како на пр: кордон низ кој треба да поминеш и да јадеш чврги од сите членови!Или пак, им доделувате на новаците некој вид придружник/придружничка да ги пази да не залутаат по Форумов?

Опции за гледање на коментари


сликата на excellent
Каков црн - од excellent на 28 март, 2006 - 15:48

Каков црн ритуал!?

Две третини од нас овде не можеме правилно да изговориме ’иницијација’, а не па да ја изведеме. Еве и ја направив копи/пејст на зборот.

Нема никаков - од Сељачиште на 28 март, 2006 - 19:18

Нема никаков ритуал. Нови корисници не се добредојдени, а и пола од постоечките треба да се избркаат.

Ај сеа гитла!

сликата на fio
O: Нема никаков - од fio на 31 март, 2006 - 06:47

Сељачиште напиша:

Нема никаков ритуал. Нови корисници не се добредојдени, а и пола од постоечките треба да се избркаат.

Ај сеа гитла!

Грејт мајндс тинк алајк [се смее]

сликата на PSYCHOpatka
Ај со добро :) - од PSYCHOpatka на 28 март, 2006 - 20:21

Ај со добро, бидејќи постоиш само неколку часа како регистриран член на багра, а веднаш отвараш тема и имаш комплетно оформен профил сосе аватар, пишуваш кирилица и прашањето го поставуваш на соодветното место на локацијата на багра.
Хм.....чудно, ама aj нека биде така...

Значи, прво, добредојде Константине.
Ја најискрено мислев дека некој од админите прв ќе те скине [се смее] (ќе сфатиш за ова ако више не знаеш, не се секирај), ама најверојатно сметаат дека одамна си ја завршиле својата иницијална работа, па оставаат на нас членовите да „го продолжиме ликот и делото“, да го мултиплицираме тоа за што се залагале во почетокот и сега.

За првото прашање, одговорот е: не или барем ја не сум поминала низ таков ритуал.
А ти сакаш да има, тоа го сугерираш/предлагаш? [плази јазик]
За второто, исто: не, никој од нас членовите нема тнр. ментор, што ќе те пази или внимава на тебе.
You are on your own here!

Ова си е најобичен форум, створен од големи ентузијасти пред 5 години, кој членовите што многу, мнооогу си го сакаат и во кој си разменуваат информации за било што, ставови, мислења, гледишта за тековни настани, помош за што може да ти затреба (најчесто за компјутери, програмчиња, игрици, стрипови, музика и сл.).
Еве како што ја сега правам на пример, тоа што ти одговарам (не, не ти се „местам“ за ментор, хехе ова не е тоа).

Доброто е - што има фантастична комуникација.

„Најстрашно“ што може да ти се случи овде е:
1. да пиеш тежок сеир (не се живцирај ич [се гази од смеење])
2. да бидеш игнориран (пак не се нервирај, ништо страшно [се гази од смеење])
3. да станеш зависен од багра (ќе ти биде супер [се гази од смеење])
4. да бидеш баниран (ако си се „навлекол“ изгледа многу ќе ти биде тешко, ама ќе се снајдеш [се гази од смеење])

Сепак, неформална хиерархија постои која ќе ја препознаеш по модерирањето.
Во секој случај, можеш, да стекнеш грч виртуелни другарства и да научиш и споделиш супер ствари за многу работи.

Мој совет: читај све! Стари содржини, слични содржини (во темава што ја постираше лево горе го имаш тоа, како и во сите теми што ќе ги отвориш), читај ЧПП, разгледај мапа на сајт, биди стрплив и не брзај во тоа што го кажуваш, добро дозирај се колку се екпонираш и особено КАКО го правиш тоа за да не биде досадно, убаво обмисли си што ти сакаш и бараш овде, бидејќи овде има све.
Ете, почни на пример со Прирачникот за пишување на форуми - на главна го имаш, покрај целокупниот сарказам кој јас не успеав да го коментирам, сепак е одличен текст и добар начин да разбереш what bagra is fuckin’ all about.

Ах, del^, баш те разбирам сега и ќе се обидам да те парафразирам: значи Konstantin, да си член овде и да кажеш нешто не е твое право, туку привилегија.

Со среќа и толку од мене [палец горе]

Еј, екселенцијо, замисли да кажеше инаугурација наместо иницијација, никој ама ни 9/10 од другарите немаше да разберат и да му одговорат на новакот Konstantin [се смее]

п.с. озбилно не ми е јасно зошто го напишав све ова [глава у ѕид] [глава у ѕид] [глава у ѕид]

O: Ај со добро :) - од PetarK на 28 март, 2006 - 21:05

„Прокрастинација“?

PSYCHOpatka напиша:

п.с. озбилно не ми е јасно зошто го напишав све ова [глава у ѕид] [глава у ѕид] [глава у ѕид]

сликата на PSYCHOpatka
O: Ај со добро :) - од PSYCHOpatka на 28 март, 2006 - 21:44

PetarK напиша:

„Прокрастинација“?

Зошто па во наводници, мислеше нема да го знам зборот?!
Ама важно ти си го кажа своето, хаха.

Не знам ти што правиш за да утепаш време до утре (не ме ни интересира баш), ама знам за себе што правам. Барем имав коректни намери, а ти ќе ја втераш сега во вујаклиски натпревар на знаење на зборови.

Сељо конкретно му кажа како се врши откачување на член без некоја специјална „иницијација“, ексел исто само на друг начин - со хумор, ја на трет, ти па одма се закачаш, како најпаметен вака мислам.....без везе....

Браос бе =)

Urrrrrggghhhh ... од JohnFoe
сликата на PSYCHOpatka
:) - од PSYCHOpatka на 29 март, 2006 - 10:27

Foe напиша:

Profanatioooon! =)

Фоу, навистина не знам со што ја предизвикувам твојата жестина [се смее]

А можеш ли да оставиш простор за идејата PetarK на софистициран начин да ме заебава во суштина за губење време или одложување на обврските бидејќи цела вечер работев нешто многу тешко, претпоставувам тој насетуваше дека нешто ми се крчка во главата веќе повеќе од една недела, па сакаше конструктивно да ме мотивира, бидејќи човек тогаш е најпородуктивен. А PetarK? [намигнува]

Колку и да ви личела како навредлива нашата преписка на тебе или на MarfiKalimero (и него го разбирам бидејќи е нов, башка баниран како МастерГоб, жалам другар), сепак има супер финта во неговото прашање и ако сакаш кликни овде и читни за позитивните и негативните страни на прокрастинацијата, кога човек само навидум изгледа дека си го губи времето, но сепак прави нешто корисно или работи повеќе ствари истовремено.
btw се газев од смеење кога PetarK ми реплицираше, а и јас на него на таков начин.

Од друга страна, тоа е тесно стручен поим (правнички) кој во основа се темели на старата изрека на Цицерон/Кикеро (ти текнува за глосаторите нели [се смее]):
Tarditas et procrastinatio odiosa est. The extreme law is the greatest injustice. (Cicero)

Немаше злоба или навреди ни од моја ни од страна на PetarK, само суптилно закачање пошто на таков начин се зезаме тој и јас, паметен момак е тој.

BOJADVA БЕ!
Ќе го збуниме Константина не за друго, хехе, доколку се прифати идејата од пилотите (ако не е вклучен автопилот [се смее]) тогаш ај и ја да се пријавам под друг ник (нов), па да ми се додели придружник кој ќе ме пази, сега више ја загубив шансата [се гази од смеење]
.....додуше и ти.....[плази јазик]

сликата на JohnFoe
Ама па мила, - од JohnFoe на 29 март, 2006 - 13:03

Ама па мила, гледаш ли како ме сфаќаш одма... погрешно... Зарем стварно мислиш дека доколку маж и пол као мене би интервенирал во girlie-bwoy преписка би било тоа вака педерски и од страна, и тоа као на страната на bwoy-от? =)

Ти реплицирав тебе за да ми обрнеш поише внимание, а уствари мислев на постот на PetarK. Тригер беше оваа твојава "а ти ќе ја втераш сега во вујаклиски натпревар на знаење на зборови". А инаку, дека си злобна - ти, знам тоа... =)

Ја има во македонскиот ген - од MarfiKalimero на 29 март, 2006 - 00:09

Но не гледам нешто такво во горниот текст.

сликата на bojadva
O: Ај со добро :) - од bojadva на 29 март, 2006 - 08:59

PSYCHOpatka напиша:

За првото прашање, одговорот е: не или барем ја не сум поминала низ таков ритуал.

Чекај чекај, како тоа мислиш ти не си поминала низ рутуалот иницицињација (вака искача кога не се користи копи/пејст)??? па не може тоа така, има ли админ у авионов бе???

PSYCHOpatka напиша:

А ти сакаш да има, тоа го сугерираш/предлагаш? [плази јазик]

па нормално дека мора да има, за женски членови поготово :)хехе

сликата на Konstantin
Фала на добриот збор! - од Konstantin на 29 март, 2006 - 13:27

Фала на добриот збор и совет! Не, стварно сум нов, а тоа што сум ги потрефил работите од почеток...Нека не те чуди, долго време јас ја гледам Баграва анонимно [очиња] , така што ми требаше време да се решам да се регистрирам како корисник [се гази од смеење] Баш фино од твоја страна, сметај дека почнав да ги следам советите [намигнува]
п.с:Јас мислам дека е природен гест, како кога нов копиљ, ќе дојде во населба, секогаш има некој како Сељачиште, што ќе распали [рафал], ама за среќа има и некој како тебе [се гази од смеење]
Штета што нема опција, новаците да бираат ментори,ич немаше да се мислам [намигнува]

сликата на Konstantin
Збунка - од Konstantin на 29 март, 2006 - 14:05

Сајкопатка, мислам дека се разбравме [се гази од смеење]

сликата на PSYCHOpatka
O: збунка - од PSYCHOpatka на 29 март, 2006 - 14:35

Нормалистички другар, нема збунка никаква, само Сељо НЕ МИ ГО ДИРАЈ!
Чоекот арно меѓу редови ти го кажа тоа што ја го пишав под точка 1. сеир за новодојденците и нема потреба да се кострешиш, баш тоа ти е тестот на издржливост.

Ипак ти треба малце feeling management, ќе видиш како ќе научиш да се смееш за тоа што ти е речено од било кого, вакви и такви секогаш има и сепак е подобро од игнорирање, како за новак (лоша и незгодна знам да сум ја ехееј, ама сеуште ти давам совети).
Слушај го и Фоу и сите останати секаде и за се’.

Еве ти уште еден тип, имаш таму дугме кое вика измени, па пред било кој да ти го затвори постот со коментар, можеш да си мењаваш во веќе напишаниот и испратен пост (а убаво ти реков пази kолку и како се дозираш [се смее])

Ај стварно братче, доста е од мене во тредов, ептен го оптоварив.
Over&out

п.с. биди поздравен и не сум ти тутор алоо, нема што ти да бираш! [се гази од смеење]

Пази да не го изгубиш идентитетот - од MarfiKalimero на 28 март, 2006 - 23:35

Јас на некој мистериозен начин си го изгубив профилот па сега мора да се појавам од анфас.
Сите кои напишале приватна порака на мастерГоб можат да ја пратат на МарфиКалимеро бидејќи чувствувам грижа на совеста што не можам да одговорам, а и не е културно. Мислам дека на маил ми стигна порака за некои 2-3 нови пораки, а јас не сум во состојба да одговорам бидејќи не можам да се логирам под тоа име. За проверка ( од оние кои го хостираат сајтот ) можам да ви дадам конкретни податоци како би се увериле во вистинитоста на изјавата. За почеток

.

Игор

хмммм.. - од кучевина.млаз на 29 март, 2006 - 00:58

.. ако судбината (или тој шо те банирал) не те сакала ко мастергоб..

шо ти кажува дека ќе бидеш сакан ко МарфиКалимеро?! особено шо ова никоиме ти е крајно патетично [се смее]

чим те "снемало".. - од fLeX на 30 март, 2006 - 10:23

...не е случајно![се смее]

сликата на uber_user
O: Иницијација на новаци на Багра! - од uber_user на 29 март, 2006 - 09:25

Konstantin напиша:

!Или пак, им доделувате на новаците некој вид придружник/придружничка да ги пази да не залутаат по Форумов?

може може... само пратете вие вие некоја придружничка, не се бунам =)

сликата на aceva
Од коа викам - од aceva на 29 март, 2006 - 14:54

...дека треба да се оставаат по стотинак евра на улаз. Чисто да се покријат трошоци за иницијативната журка.
До кога ќе ги крадеме тогите од МНТ и до кога ќе се објаснуваме со Мелита кај исчезнуваат по две предменструални жески персиски мачиња месечно? И не влагам ја више у зоолошка по питонот.
Сто евра, пари ли се?

сликата на StormAngel
O: Од коа викам - од StormAngel на 29 март, 2006 - 15:15

aceva напиша:

Сто евра, пари ли се?

Персиската мачка, ќилим ли е?
А сто евра, пари се. Да.

А и од Валијант - од PetarK на 2 април, 2006 - 13:01

А и од Валијант веќе не ни даваат спонзорства...

Цитат:

До кога ќе ги крадеме тогите од МНТ и до кога ќе се објаснуваме со Мелита кај исчезнуваат по две предменструални жески персиски мачиња месечно?

сликата на Zelka
абе, толку ли не - од Zelka на 29 март, 2006 - 17:34

абе, толку ли не сме пријателски расположени на ова баграва, или само што добрите вести далеку се слушаат.
енивеј, не е фазон ново дете-маало, гуштер-џомба, него од тоа што тип на човек си. обично имаат обичај да залутаат првин на багра, потем на кајгана, е тие ги мелеме ко свежо печено кафе, сами си го бараат.
тоа е тоа.

сликата на KenobiBen
доста ре ти, - од KenobiBen на 29 март, 2006 - 19:56

доста ре ти, мејнај тоа пхотката.

сликата на Zelka
дечко, знам кај - од Zelka на 29 март, 2006 - 20:34

дечко, знам кај живееш! ало!

сликата на aleksandra85
уф има - од aleksandra85 на 30 март, 2006 - 23:06

Има ритуал јас да знаете низ што се поминав [се смее] рака на срце си заслузив јас бев единствена која за недела дена имаше 40 постови..и на која и затворија две теми за таа недела... [се смее] Брука жива ама неее не се откажав упорна си бев и еве и сеа чат пат пишувам и пак си јадам сеир ама нема веза ...неможе се бре луге тешка зависност е баграта

Само 40 - од MarfiKalimero на 9 април, 2006 - 20:10

Значи затоа мене ме звизнаа, сум срушил некој рекорд.

За новаците - - од ѕрасeman на 2 април, 2006 - 02:54

За новаците - знам само дека од багра побарав да ми го го даде никот spaceman а еве сега морав нов да регистрирам. Хумор и сатира.

Не за друго - од ѕрасeman на 2 април, 2006 - 22:16

Не за друго туку ќе ми снема кирилични букви.

И ај забришете го латиничниот spaceman за да може да го регистрирам.

у ѓавола. не - од Roboпаркет на 2 април, 2006 - 11:22

у ѓавола. не можам да си се логирам со стариот јузер. се швркна нешто. ни имеил со резерва лозинка не ми стига. мх.

доле багра - од Roboпаркет на 2 април, 2006 - 11:23

доле багра

Исто тука - од Незнаен јунак на 2 април, 2006 - 14:56

Исто и јас. Сега сум само анонимна кукавица. [се смее]

Пак се надувал - од Незнаен јунак на 2 април, 2006 - 15:03

Пак се надувал miopa [намигнува]

шо бе.. - од Незнаен јунак на 2 април, 2006 - 19:40

.. абе миопа бе.. ни срам ни перде. говедо.

К-млаз

сејм стори..и овде - од Флекс на 2 април, 2006 - 21:55

МИОПА! ВАТ Д ФАК ИЗ ГОИНГ ОН? Мислам,сите ли ќе треба да се пререгистрисаме?

има како да нема.. - од Флекс на 2 април, 2006 - 21:57

Се си има свое младичу, и се додека си спремен на СЕ да станеш од Баграта, ние , како што не дал господ маштовити, ќе смислиме за секого понешто да видиме дал ќе го биде како плоден и асален соговорник или не. Тоа што ни мајкати не те сака на нас тука не ни значи нишо. Затоа стај се у филм на твоето факбл алтер его, и импресираје, ако не ...гитла:)

Уствари целиот - од ѕфипк на 2 април, 2006 - 22:03

Уствари целиот цак со бришењево на пола и поише јузери беше само тест за да се види дали си доволно истраен, за да се регистрираш двапати на баграва. [се смее]

Не бе озбилно, шо беше филмот со ова бришењево,а?
Ајде, не се кријте, пишете нешто.... и боље да НЕ е првоаприлска заебанција.... [многу љут]

Цитат:и боље да - од дамјан на 3 април, 2006 - 19:40

Цитат:

и боље да НЕ е првоаприлска заебанција...

Багра ги праи заебанциите на втори април [се смее]

сликата на FreeStyle
O: Уствари целиот - од FreeStyle на 7 април, 2006 - 12:08

ѕфипк напиша:

Уствари целиот цак со бришењево на пола и поише јузери беше само тест за да се види дали си доволно истраен, за да се регистрираш двапати на баграва. [се смее]

Не бе озбилно, шо беше филмот со ова бришењево,а?
Ајде, не се кријте, пишете нешто.... и боље да НЕ е првоаприлска заебанција.... [многу љут]

Кои се избришаните корисници? По кој основ се избришани, кој закон ставка член? Латиница кирилица или друго.?

сликата на PSYCHOpatka
O: O: Уствари целиот - од PSYCHOpatka на 7 април, 2006 - 12:37

FreeStyle напиша:

Кои се избришаните корисници? По кој основ се избришани, кој закон ставка член? Латиница кирилица или друго.?

Под основ друго.....when speaking of originality.
[се смее]

сликата на StobiFlips
дамјан - од StobiFlips на 7 април, 2006 - 16:22

дамјан прозиваше таму наводно на Водно, па кој не се одзва, erase! [се смее]