Земав лаптоп кој има германски хр, ме интересира дали постои опција некаде на нет да се downloadira англиски лејоут, се убив од барање на сајтот на мајкрософт ама нема ништо Помош некој да ми даде?
Со обзир дека користиш локализирана верзија на ХР, изгледа не е доволно само да го замениш преводот на корисничкиот интерфејс. Во моментов немам начин да ти проверам со сигурност.
Инаку, Microsoft нуди и Multilingual User Interface Pack, но тој служи за брзо менување превод ако имаш англиска верзија (што кај тебе не е случај).
Најдобро оди во Microsoft Македонија (02/3090-890) и прашај си (носи си со тебе и доказ дека имаш легален ХР). Претпоставувам дека ќе сакаат да ти наплатат „доплата“ за да ти дадат друга јазична верзија. Камо да грешам.
Абе поентата е дека веке ми побараа германциве доплата, некако се надевав дека има начин да се има бесплатна довнлоад опција.
А тастатурата каква ти е? QWERTZ?
Не знам дал сте виделе француска тастатура. AZERTY. Башка што интерпукциските знаци се испод броевите, така да ако сакаш да куцнеш „4“ стискаш shift+4, иначе испаѓа „$“.
Не ми збори кошмар ми е, на таква работам плус белгиски екстра надредни знаци па сега замисли колку ми беше едноставно да куцам на почеток дур се навикнав со македонски лејоут
Еве како на - од masterGob на 25 март, 2006 - 23:47
Еве како на пример Били би го решил проблемот
1. Земаш пенкало и хартија ( маус и тастатура )
2. Им кажуваш колку си воодушевен од нивната работа
3. Многу си лут, разочаран, па и исфрустриран што имаш толку проблеми со производ на фирма од тој калибар.
4. Доведен си во ситуација дури и да побараш друго решение ( нормално не во нивната фирма )
Верувам дека доволно струја држиш за да им го најдеш шаблонот и да им кажеш на американиштана ПРАЌАЈТЕ БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК
Ова има шанси да помине и така да си се изгребеш бесплатен примерок со посакуваниот јазик, нормално претходно ке мора да докажеш дека вистински поседуваш лиценциран производ иначе ништо од муабетот.
Упали кај сони за две недели момакот што имаше мука доби повратен одговор со линк и лозинка до нивниот фтп сервер од каде си симна се што му требаше.
Има помош, само не ја барајте кај Мајкрософт. Се сеќавате ли кога не можеше да се додаде македонска поддршка ( а всушност проблемот беше со кирилицата ) и еден батка, мислам дека беше Бугарин, со неколку наредби во ДОС околина го решаваше проблемот. Па јас си направив БЕЧ фајл и се правев мада фака пред другарите...
Последни коментари