Ко копиљ со - од StormAngel на 5 април, 2006 - 00:08
Ко копиљ со Нестле немаше друга чоколада.
Арно ама кога живееш у земјата на чоколадите и не си веќе копиљ, викаш ти ебам тоа Нестле.
Cailler i Lindt се најдобрите чоколади, од мене испробани.
Можда има и бољи у светски рамки, ама според мене и моето досегашно искуство, овие две се најбољи.
Тобле бачко е најбоље..особено коа ќе ти се залепи тоа медот на забите, па не го јадеш одма и си го чуваш за после... екстра... ми текиња као копиљ мајка ми од Полска ми донесе тобле големо еден метар...што за копиљ од 3одд беше нешто дотогаш невидено, башка бев висок метро и двајсе...со се влечки Инаку, може ли некој да ми објасни што е разлика меѓу тобле и колумбо... !?
Дефинитивно Тобле е најбоље. Поготово тоа белото Тобле. Абе се топи у уста ко ракија со добра шопска. Штета што у Америка нема голем избор на чоколади, колку и тоа да звучи чудно. И у најголемите супермаркети, ретко се наоѓа 100-грамско чоколадо. Ако го има, гарант е увозно и тоа некоја безвезе марка. А кај нас и во најопскурната семкара има барем 5 вида на Милка. Е овде нема. Има само некои без врска Hershey чоколада и стандардните Mars, Milky Way, Kit Kat и Snickers. Тобле имам само еднаш начекано. Додуше има еден куп „независни“ продавничиња што продаваат чоколадирани бомбони, Godiva бомбоњери и слично, ама добро 100 грамско чоколадо и „Животинско царство“ нема шанси. Додуше, начекав пред некој ден кај мојот омилен Турчин од кај што зимам ќебапи, имаше Краш чоколади, па дури и Агроплод крем табли. И ова со грас знаеш како иде?... Абе ко шопска со добра ракија, одма се топи у уста.
Ferrero Rocher
МММММММ најубавите чоколадца са ти тоа.
Едно време се и ја бев заразила со Тоблероне па ми се урази после некое време. Сите што знаеа дека сакам Тоблероне ми уште купуваа иако веке не ми се свигаше. Што мачење беше да се изеде се, мајко мила, со жив зор....
Ваљда у фирмата. Јас отсекогаш колумбото сум го доживувал некако чкартно. Тоблероне бил ептеен голем филм, ама го немало често...
Сега,откога тоа медот што ќе ми се залепи на забите ме убива од болки(ваљда од многу чување во младоста ) , ного си ја сакам милката. И тоа не онаа мекана, со топени лешници или така нешто, она со цели. Маваш со заби и или лешник или заб, нешто кршиш . Не, озбилно, најдобра е милка со лешници... Или евентуално една црна (80% какао), горчлива, јужноамеричка што не ми текнува како се викаше(мислам дека беше перуанска).
Прилично класична приказна е Колумбото: на Краш му се виде многу големо излевањето пари за лиценца за Тоблероне, па решија сами да си ’измислат’ исто такво.
Една од ретките лоши епизоди на мојата омилена чоколадна фирма.
Обожавам ствари што ги има во еден куп различни флејвори (чоколади, чипсови, сокови, кондоми, пасти за заби). Така можам да ги конзумирам без било кога да ми здосадат.
Гласам за Милка пошто ги тепа сите во поглед на разновидност, a и за квалитетот мислам дека нема што да се објаснуваме.
Тука у Англија не е ич убава Милката. Не ја увезуват изгледа него ја прават тука под некое си овластување, и ајде божем е со млеко од Швајцарија. Врска нема! Отидев у Австрија пред една недела, тоа да видиш Милка, купих сите врсти освен тоа со целите лешници(ради протезите) а тоа едно со ориз што беше, утепах се јадејќи. Вие изгледа оти имате 'правилна' Милка затоа е убава. Тука исто како и ајварот, а се потроши донесеното купувај трета класа...
Тука у Англија не е ич убава Милката. Не ја увезуват изгледа него ја прават тука под некое си овластување, и ајде божем е со млеко од Швајцарија. Врска нема! Отидев у Австрија пред една недела, тоа да видиш Милка, купих сите врсти освен тоа со целите лешници(ради протезите) а тоа едно со ориз што беше, утепах се јадејќи. Вие изгледа оти имате 'правилна' Милка затоа е убава. Тука исто како и ајварот, а се потроши донесеното купувај трета класа...
ново дете а. мило, шо наречје имаш? купих, утепах, отидев... онака ме интересира научноистражувачки, демек.
и еве ти едно швајцарско вилкомен со лешници.
Па ај фала.
Ај сега не ме ногу закачајте да не се засрамам. Наречјето е претежно Кочанско. Причина за мешањето ќе да е школувањето. Неле пола ден литературно пола ден мајка ти ти тепа по шопската а другарите по кочански. Не го збори на дневни бази неколку години и ко да видеш мешавина испадне. Важно ме разбираш,а кој збори литеранурно овија денови (кога не мора), тоа глупо се осеќам чувство, знаеш...
Ако сеуште те - од excellent на 5 април, 2006 - 16:00
Ако сеуште те држи ова горенапишаново, добијаш од мене МИНИМУМ 15 киндер јајца, ама без играчките. Ја, будала, ги собирам истите, ама не им го сакам чоколадото.
Јави ако си заинтересисан (и ако си од скопската околија)
Иначе, не знам за вас, али ја к`о копиљ уживав да го кркам чоколадото од киндер јајцата. Ама тие оригиналните! Мх, мх... Мераци!
ја коа бев копиљ, немаше киндер јајца, барем не во македонија... или ја не се сеќавам? (бев второ коа умре тито)
тоблероне просто обожавав, али толку беше скупо за домашниот буџет, што го јадев само у специјални прилики.
гринго таманев на тони, не као сок, туку за лижење, оф корс.
пред да се појави Степ, имаше Fla-Vor-Aid, али овие две спаѓаат во друга категорија. имено, со помала количина прашок се добиваше поголема количина сок, кило нешо така. друг састав на прашакот, (скоро) нелижливо, со самото тоа и неспоредливо со гринго. грингото беше само за една чаша, а имаше дупло поише прашак. иначе, праење сок од гринго=комплит вејст оф истото.
се слажем со вечината овде за белгиските чоколади. брисел е пун со мали чоколатерии, шо сами си го праат „отровот“. вкусно, превкусно.
милка и остали, евтино конфекциско чоколадо.
коа се спомнаа атлантис... тоа е еден одвратен рипоф кој не му до колена на белгискиот оригинал. мислам дека дури и името е варијација на оригиналот. школките, секако. (белгијска дијаспоро, помагајте)
ја иначе никоаш не сум го сакал белото од еурокремот, па затоа обожавав VIKI... словенечки „еурокрем“ кој једини имаше "all black" варијанта. ах да, и индијанче на слика... ви текиња?
агроплод поише го поштуев од европа дефинитивно. али....
КРЕМ БАНАНА!!!!!! не знам чиј беше оригиналот (можда на краш?), мене ми е у глава урежана кутија (рефус) од кило крем банани купени у продавниците на европа. ако се тазе, јадеш кило без збор за триес секунди.....
оф топик: јабуките у аватарите се различни нешо као Apple Computer i Apple Corps.
мада таму судењето трае со години.....
скроз оф топик, моето (гризнато, стилизирано, у профил) јаболко е со црна боја и се наоѓа суб-епидермално на моето десно рамо
O: Милка - од PSYCHOpatka на 7 април, 2006 - 07:58
bojadva напиша:
ново дете а. мило, шо наречје имаш? купих, утепах, отидев... онака ме интересира научноистражувачки, демек.
и еве ти едно швајцарско вилкомен со лешници.
bojaadvaaa, иницицињација на нови женски членови а? (ете ти копи/пејст што прави, хаха)
и после подолу
ц ц ц, па и со чоколатца ги залажува, прав научноистрачувачки љубовџија, демек
Има една, демек млечна е со ориз, црвена, нешто кинези некакви со оние-ко-сомбреро-капи на нив по омотот и такви клише букви демек као кинески, мислам, изглед нула, али чоколадото ми остана у сеќавање ко најубаво; после иде агроплод таблата, па ресана (ама она не се важи); Па у `ново време`сеа - киндер буено, е тоа ме сотира, најслаткото нешо што сум го пробал (ама кога е тазе, оф корс), тоа кремчето од-што-ли-го-прават, кога ке се залепи за јазичето, па чоколадираниот дел и некаква кранчи меуреста тестенинка без специфична тежина...- абе лудило!
Еднаш кај мене у драгстор СИТЕ им ги изедов за ден-два. Ми го спомнаа тоа еднаш...море утредента, пошто снемаа, као се сум им ги изел! Пазарна економија, еј?!
Нестле лАјонс - ги задоволува потребите на секој растафаријанец.
Малечко е, ама... невообичаено вкусно!
За задоволување на „потребите“ тешко може да стане збор – поголемо дете или возрасен човек тешко може да се задоволи со помалце од 90g чоколадо! Значи, 2-4 од Lions би свршиле работа
Koga bi mozel po cel den bi krkal od onie custom made svajcarski cokoladi sto gi pravat mali svajcarski proizvoditeli. Se prodavaat na grami, cinat nekade okolu 50evra kilo. Ima izbor od najrazlicni ludi kombinacii: belo cokolado so karamelizirani bademi i f`staci, crno cokolado so karamelizirani lesnici, belo so kapini, belo so malini,... perverzija
Имаше изгледа и од тие со боровинки, само тие не ги пробав... Како и да е, во таква продавничка човек треба да дојде со камион и да натовари сВе како да ќе му е последно.
Постарите членови на Багра ваљда се сеќаваат на легендарниот аерокрем Киндерлада , не сум го видел повеќе од 10 години , тоа беше совршен вкус на чоколадо , не знам дали уште се произведува , на интернет не најдов ништо за него
Чима, Подравка прави крем по лиценца на Киндерлада. Не ми текнува како се вика, ама го има по продавниците. Мислам дека она животинчето од чоколино е на опаковка. Побарај, ист е кремот. Трет на мојата ол-тајм листа на најдобри кремови.
лино лада го - од Therion на 7 април, 2006 - 08:44
лино лада го има по маркети, ок е, но не е по рецепт на киндер лада. инаку за оние што не ја виделе киндер ладата одамна - мислам дека веќе не се произведува. фереро, власникот на брендот киндер, го згасна киндер лада за на негово место да го етаблира нутела, која за жал, е само црна, а ладата беше позната по белото.
се на се, еурокремови од секој вид се опасно шкарт производ за секој што ужива во храна, а исто така и се еден од најлесно произведените и копираните производи. поради тоа и има таква хиперпродуцкија на балканиве.
инаку, класичниот еурокрем на таково направи камбек пред некое време, односно свисслион го купи таково и му ја задржа амбалажата. е сега, од пуста носталгија го пробав пред некој месец, и или мене ми мутирал вкусот кон подобро, или не е истиот. а може и селективната меморија си го идеализирала еурокремот во времето на планското производство.
инаку да се надоврзам на некој од погоре - уса е слаба по класични чоколадни табли, они се повеќе ориентирани кон барови, ама има неколку солидни од типот на ghirrardeli од сан франциско.
мене отсекогаш ми се свиѓале оние малине млечни чоколатца, секое во посебен омот, со слики од швајцарија. порано ги правеше suchard, ама у име на глобализација ги купи kraft (кој btw ја купи и милка), но сепак слушам уште биле добри.
во економијата 2+2= ке се договориме.... така и ние ке се договориме за аватарот, дај предлози од кои јас ке си одберам што ми одговара
и данке за објаснуванјето, јас да бидам искрена би одела на аеромитинг со аеро и еуро - вистинското во комбинација и мислам ке биде вон конкуренција ваквата чоколада
Постарите членови на Багра ваљда се сеќаваат на легендарниот аерокрем Киндерлада , не сум го видел повеќе од 10 години , тоа беше совршен вкус на чоколадо , не знам дали уште се произведува , на интернет не најдов ништо за него
нејасно!!!! - од stingeye на 6 април, 2006 - 20:46
Мислиш дека ако е во течна состојба можеш да ја калапираш во форма на плејбој зајаче и да ја змрзнеш (или класична тврда состојба) или можеби да ја загрееш и да добиеме такозвана “испарена чоколада“
браво...болна идеја..
Сите врсти се давам во нив, пола плата ми иде за чоколади пола за цигари Него видете ова Ова е врв на хедонизам - чоколадна фонтана лиги ми течат кога ќе ја видам по излози
Да да да!Ја сеа го видов у еден трговски у Лондон и тоа ти е уствари чоколадото се врти а ти набодуеш на ч`чкалица за увијач било шо од таму(јагода,мачмелоу итн) и го брцаш у брдото од чоколадо и го уствари чоколадираш.Беше гага али мене не ми се чекаше у ОГРОМНИОТ ред.Мераци!
Отприлика - од Robomarket на 7 април, 2006 - 05:50
Отприлика вака...
1. Југословенско чоколадо, највероватно од Краш, со плаво-бела обвивка, полнето со некој бел фил со ептен специфичен вкус. Закон чоколада!
2. Чоколадо за кување
3. Тоблероне
и тие блоковите се добри ама колку само не се здрави =)
(ми се погоди - од excellent на 7 април, 2006 - 11:01
(ми се погоди темава)
А тие блоковите, имаше на Таково Еурокрем блок, ама у онакви мали пакувања светлуцави, со слики од животинчиња.
Боже драги, колку сум ги таманел! Па кога тие беа тазе, можев по сто да изедам! Пред година дена се појави во маркетот близу до вас една серија од тие, и ја на непробано купив цела кутија. И не ми беше криво.
Боже драги, колку сум ги таманел! Па кога тие беа тазе, можев по сто да изедам! Пред година дена се појави во маркетот близу до вас една серија од тие, и ја на непробано купив цела кутија. И не ми беше криво.
И мене слично ми се дешава другар,ама јас купувам во комбинација со некое овошно сокче (ради шмек и естетика)....
иначе не можам да ги заборавам и оние од животинско царство...ем имаш 5грама благо ем имаш 200грама сликички...
Последни коментари