„Не можам вечерва ме боли глава“
Многу жени па и мажи страдаат од главоболки предизвикани за време на секс со оргазам. Поради тоа често одбегнуваат секс. Иако решението на проблемот е едноставно, со само една посета на лекар.
Според
National Headache Foundation за некои луѓе секс со оргазам предизвикува два вида главоболка.
Coital cephalalgia
Оваа засилена главоболка се јавува за време на секс. Се развива така што крвните садови во мозокот се шират и мускулите на главата и во вратот се стегаат како последица од создавање возбуда пред оргазам. Оваа главоболка не е болест и не се смета за сериозен здраствен проблем. Постојат слаби медикаменти кои ја намалуват болката, но секако по препорака на лекар. Како и да е, ако покрај ваква главоболка ги чувствувате и следнивe симптоми се препорачува лекарски преглед, или ако главоболката се случува често:
-- многу здрвен врат
-- гадење, мачнина
-- повраќање
-- несвестица
Orgasmic cephalalgia -- orgasmic headache
Вид васкуларна главоболка која се јавува токму пред оргазам, без разлика колку сексот бил енергичен и возбудлив, оваа напнатост, може да предизвика силна главоболка поради покачениот крвен притисок. Ова повеќе ги опфаќа мажите отколку жените, особено оние кои имаат мигрени. Типично се чувствува болка околу и позади очите, најчесто болката трае неколку минути, но може и неколку саати. Да се биде смирен за време на оваа главоболка во тишина, помага да се лимитира болката. Но ако било кој друг симптом се почувствува, би требало да се направи лекарски преглед. Вообичаено кога е обична главоболка слаби медикаменти помагаат.
Последни коментари