4 декември, 2008 - 05:33
[веб кирилица]

Живот во трењерки или рапсодија во бебешко розе

од Јана_Петунија на 17 мар 2006 - 11:26

Здраво тетки

Името ми е Јана Петунија Петреска (цела среќа што не и текна и нејзиното презиме да ми го залепи, којзнае како ќе си го запаметев) и еве веќе два месеци како излегов од мешето на мама и изгледа успеав да и ги разјаснам убаво работите за кои матно и малку поколоритно си претпоставуваше. Хе, хе !! Не, не сум јас воопшто лошо дете, напротив прав ангел сум си, ги слушам сите посебно ако ме држат в раце.

Токму затоа мама одвај најде време да ги запише овие од мене диктирани редови па да ви ги испрати, по тато. Таа еве како што и навестува насловов, мора да седи дома и верувајте не и е досадно. Добро не дека е до толку заглавена, некогаш и успева да ми се искрадне на саат два и тогаш леле леле само да ја видите кога ќе се наконти, абе ко кој знае кај да оди ... демек не знајме ние Охрид кај е...ама аку нека си го мами умот, а пак да не спомнувам кога излегуваме заедно ...абе и се чини и нема рамна меѓу мајките, а за бељата да е поголема и количката ни држи ниво (сега уште и беџови почнавме да и бесиме!!!).

Значи немој многу многу да се грижите, ние сме си супер; мама ме обожава, и се гледа во очите кога ми пее (некоја странска за заспивање Wild is the wind или така нешто беше, има и други ама оваа ептен ја форсира, не е лоша...) и кога ме дотерува (понекогаш вистина не ме разбира кога и викам дека ми е неудобно) и кога мисли дека никој друг освен неа не знае што е најдобро за мене (па се кара со сите), а тато е супер, за него немам коментар, изненадува!

Па ете јас не знам што друго да ви се пофалам, тоа е тоа, секојдневие, некогаш весело некогаш плачливо, таков е животот во шпикозни, а и незнам зошто би барале повеќе од мене, та јас сум само бебе, а сите знаеме повеќето бебиња што би ви кажале, едно агууу и тоа ако имате среќа.

А сега поздрав.

Опции за гледање на коментари


сликата на Sena
хе хе ова е - од Sena на 21 март, 2006 - 15:08

хе хе
ова е дефинитивно најмладиот член на багра евер
и конечно малце поинакви вибрации на багра
good vibrations [се смее])
поздравче

сликата на Angella
Јана Петунија - од Angella на 21 март, 2006 - 15:43

Јана Петунија имаш прекрасно име и си многу убаво бебе и сто посто си најголемата гордост на мама и тато. Да растеш голема.

сликата на Аждер
ај да си здраво, - од Аждер на 21 март, 2006 - 16:04

ај да си живо и здраво.[палец горе]

Ти си супер.. - од fLeX на 21 март, 2006 - 16:16

Од друга страна, мама и тато треба да се проверат кај чичко психијатар:)

сликата на gade
хехе. Многу - од gade на 21 март, 2006 - 19:05

хехе. Многу фаца ова малово...ме разнеживте бе луѓе.
Ај големо да расте и ево нешто за името:

God's gracious gift; aharvest of fruit.

сликата на ГоранОдЧаир
смеам - од ГоранОдЧаир на 21 март, 2006 - 23:37

да прашам чие е детево !? (моја претпоставка на гоцета !?!?; ил се л’жам) [намигнува]

сликата на dimitar27
O: смеам - од dimitar27 на 22 март, 2006 - 10:07

ГоранОдЧаир напиша:

да прашам чие е детево !? (моја претпоставка на гоцета !?!?; ил се л’жам) [намигнува]

И мене тоа ме интерсира, ама некако на Охридски ми врти бебулево, а Гоце не ке да е од Охрид? Или е??
Како и да е, нека е живо и здраво. А мајката нек не се жали, ова сега што и се гледа мака, како детулето ке расте, ке и се види „шекер у кафе“ или : Поголемо дете=Поголеми проблеми [се смее])

сликата на GoodBytes
O: смеам - од GoodBytes на 22 март, 2006 - 13:22

dimitar27 напиша:

Поголемо дете=Поголеми проблеми [се смее])

Обично велат дека додека детето седи/лежи во креветче, не е толку страшно, но кога ќе прооди, тогаш има многу повеќе трчање околу него (да не падне, да не се удри и слично). Но, да не ја плашиме мајката. Сепак, ова се само слатки маки од кои ниеден човек не би се откажал.

---

сликата на GoodBytes
Кукле - од GoodBytes на 22 март, 2006 - 00:16

Голема да растеш, Јана Петунија. Кукле! [време за журка]

сликата на StormAngel
Ангелче - од StormAngel на 22 март, 2006 - 00:39

Ангелче тоа.
Голема да пораснеш, која и чија и да си. [се смее]

сликата на ABNORMAL
Јана Петунија - од ABNORMAL на 22 март, 2006 - 09:15

Бебево е бонбона, чие и да е. А како само испозирала на сликава... пу, пу, да те кхм,кхм кокошките [се смее]

сликата на PassENGER
Мамичке, дај да - од PassENGER на 22 март, 2006 - 13:55

Мамичке, дај да те видиме и тебе вака наконтена:

--- ...Добро не дека е до толку заглавена, некогаш и успева да ми се искрадне на саат два и тогаш леле леле само да ја видите кога ќе се наконти, абе ко кој знае кај да оди...---
Мхх... млади мамички, ништо посекси!

сликата на Sena
еј мајката е - од Sena на 22 март, 2006 - 15:59

еј мајката е секси [намигнува]) само сега баш не толку многу :)од познати нели причини...
а оваа бебушка слатка ќе биде ептен ептен секси! Види само како знае да позира!!

сликата на Mistress
O: еј мајката е - од Mistress на 22 март, 2006 - 16:04

Sena напиша:

еј мајката е секси [намигнува]) само сега баш не толку многу :)од познати нели причини...
а оваа бебушка слатка ќе биде ептен ептен секси! Види само како знае да позира!!

Срце е малата, готово снаа ќе ја напраиме овде, ќе видите. [се смее]

сликата на Mistress
O: Мамичке, дај да - од Mistress на 22 март, 2006 - 16:02

PassENGER напиша:

Мхх... млади мамички, ништо посекси!

Passenger, ти си ко оние екс-ју фраерите кои кога ќе видат млада и секси мамичка како гура количка со малишан викаат:

"Госпођо, свака част, ...а теби мали, јебем ли ти матер!"

[се смее]

сликата на zlochko
....... - од zlochko на 22 март, 2006 - 20:55

...малото тоа...
You little shit machine!
[те сакам]

лошо име ти дале.... - од grof на 24 март, 2006 - 16:49

Мислам дека мама, тато и кумот ти дале лошо име... Без врска, помодарство [тажен]

Аголот на - од masterGob на 24 март, 2006 - 18:20

Аголот на гледање на работите е многу битен.

Но држи до некаде констатацијата дека, со оглед на тоа во кој ќумез живееме ( а на сите ни е многу, многу хубаво ), кога ќе порасне, околината и најпрекрасното име ќе знае да го издраска.

сликата на Chombe
O: лошо име ти дале.... - од Chombe на 25 март, 2006 - 02:16

grof напиша:

Мислам дека мама, тато и кумот ти дале лошо име... Без врска, помодарство [тажен]

Зашто бе помодарство? Па и на Загор пријателот се вика Дон Фелипе Кајетано Лопез Мартинез Гонзалес, за пријатели Чико.

сликата на aceva
Све фино - од aceva на 24 март, 2006 - 19:01

Убав бебац, нека е жива и здрава и паметна.
Едно прашање за родителите - Како сте тоа убедени дека бебац, кога ќе порасне доволно да чита, нема да ви се збљува на тоа дека сте пишувале во нејзино име и дека сте решиле - без нејзино одобрение, да ја мешате со баграта, и тоа со фотографија?
Пуштете ги малите човечиња сами да си избираат.

сликата на viktoria
Епа, тогаш, - од viktoria на 25 март, 2006 - 02:00

Епа, тогаш, треба да се забранат сите можни реклами со бебиња, слики, филмчиња,.. а ова важи и за мали деца ..до негде пубертет.

сликата на aceva
Живи и здрави - од aceva на 25 март, 2006 - 02:14

...нека опстане Багра толку долго за да напише малава што мисли таа, а не тато и мама.

O: Све фино - од PetarK на 25 март, 2006 - 09:42

Хе, хе, а на страна што ако реши самостојно да се регистрира на багра, ќе ја банираат дека има регистрирано две кориснички имиња за неа.

aceva напиша:

Едно прашање за родителите - Како сте тоа убедени дека бебац, кога ќе порасне доволно да чита, нема да ви се збљува на тоа дека сте пишувале во нејзино име и дека сте решиле - без нејзино одобрение, да ја мешате со баграта, и тоа со фотографија?
Пуштете ги малите човечиња сами да си избираат.

сликата на yarre
Малиот мој син - од yarre на 26 март, 2006 - 20:22

Малиот мој син ИАН роден на Св.Валентајн

http://yarre.polygonized.com/ian3/target27.html

одма запна да бара телефон од Јана Петунија. Вика или телефон да ми најдеш од цурата или ке видиш ти што е непроспиеност:-)

O: Малиот мој син - од PetarK на 28 март, 2006 - 21:11

Машала, машала, get to business на татко си си е. [се смее]

yarre напиша:

одма запна да бара телефон од Јана Петунија. Вика или телефон да ми најдеш од цурата или ке видиш ти што е непроспиеност:-)