Мислам... и тоа ме заболе. Не ми е намерата да навлегувам во детаљи од типот колку ние треба да бидеме погодени од веста кога и онака не не множеше со нула или од типот дали тој е клучната фигура што стои зад атентатот на Киро и сл., туку...
Прашањето ми е: Дали сметате дека смртта на Слобо е почетокот на крајот на меѓународниот суд за селективно истерување правда т.н. Хашки трибунал?
Луѓе умираат секој ден, инфаркти, мозочни удари, несреќи... Зошто не би и затворениците, нели? Но овде ситуацијата е поинаква со оглед на тоа што тој барал лекување во Русија, Русите наводно гарантирале дека ќе го излечат, но барањето не му било усвоено.
Грото од затворениците им се со разнишано здравје, а и како не би кога некои од нив веќе 15 години трибуналот или ги лови или ги суди под будна присмотра на јавноста. До кога вака ќе тераат? До следниот ваков случај? Што ако уште некој друг им скине конци? Ќе почнат да ги враќаат предметите во матичните земји?
Последни коментари