4 декември, 2008 - 05:21
[веб кирилица]

Македонскиот Феномен

од Националист на 9 мар 2006 - 03:51

Граѓаните во Македонија секојдневно се соочуваат со овој феномен, но верувам на многуте им годи а останатите кои не го подржуваат не го забележале и не помислиле дека баш претставува еден многу чуден феномен. Имено, од описменувањето на македонецот околу поимот што е Забавна Музика (по периодот на Цветанка Ласкова) Македонија за прв пат се здоби со богата забавна музика која беше наменета за најмладите, оние кои се родија како вистински македонци а ова поле беше празно и претставуваше голема опасност од содржината со кој ќе се пополни.

Иако тогаш тазе и млад, македонецот го направи еден од најважните чекори (за жал овој беше последниот, од тогаш македончето седна скрс нозе и почна да јаде алва) кон суштинското и духовното осамостојување, прифаќање на вредноста на својата забавна музика. Излегоа еден куп групи чии песни станаа хитови, Ристо Бомбата, Студени Нозе, Ена Веко, и еден куп други. Со ова се спречи асимилацијата на гнасните турбо фолкерски шофери кои владееа низ Југословенскиот простор. Но за жал, со принудената актуелност во Србија, од '99 навака со тешко срце морам да кажам дека македонската забавна музика потона во ново формираните турбо фолкерски сељачишта (порано наречени пролетери) кои на тони започнаа да се слушаат најпрвин во оние смрдени бедни биртии каде исклучиво беа посетени од Циганскиот народ, за подоцна неколку сељачиња од Драчево и слични населби да почнат да ги слушаат касетите на цел глас во нивните југа и скапани мерцедеси од 1972.

Седум долги години подоцна, оваа навидум забавна музика е во секоја пора на нашето живеење, младите чочеци секој петок и сабота прават нови години на Синан Шакич, кршат глави од лустери на Драгана Миркович, го носат своето достоинство и вкус на работ од тоталното вредностно осиромашување на песните од Стоја, лудуваат по Београѓаните како биле најпознати на светот заедно со Џогани и ја трошат својата 4 и пол месечна заштеда на концерот на Цеца и дупењето во здравиот разум на музичка основа оди до бескрај и се враќа назад. Еве, откако ви го доловив чувството, еве да ви го кажам вистинскиот феномен околу ова. Она што мене многу ме чуди е следново; како е возможно, народ кој не произведува ниту еден музички тон на турбо фолкерска основа со убиствена тематика, да е толку запален по неговото слушање и покрај тоа што во земјава имаме најразличен вид на квалитетна музика, од домашен и странски карактер?! Ве молам, некој нека ми го објасни, нека се потруди ќе го сватам.

Напишете во коментари, во пораки, гулап пратете ми, било како само сакам да разберам, зошто ова ни се случува? Зошто на Хрватските и Словенските телевизии не можам да видам таква музика, зошто не можам да видам еден српски филм или српска вест на нивните телевизии? А кај нас најгледана е Пинк, БН, ОБН, РТС им е како национална. Нели се стремиме и сакаме да се приклучиме кон Европската Унија, зошто тогаш не гледаме пример по Словенија која веќе е членка на Унијата, зошто не гледаме пример по Хрватска која веќе е на прагот и чекори кон Унијата? Зошто во недостиг на вистински вредности одиме кон прифаќање на оние подолните, а не се стремиме кон повисоките, позаслужните и поблагородните? Секој потекнува од некаде, секој доаѓа од некаде, секој има своја историја.

Мислам дека почнувам да се двоумам што го имам ова потекло, од оваа измислена земја, со невидено благо ретардирани луѓе кои не сваќаат дека со ова само ја покопуваат оваа земја, каква и да била. Зошто, о зошто сакаме пак да бидеме офчари? Зарем не се научивме од нашите дедовци кои шетаа измеќари? Дали сакаме пак?

Блогот на Националист

Опции за гледање на коментари


не пак дробена е оваа тема..батали. - од fLeX на 9 март, 2006 - 11:09

Мислам , нели.

сликата на JohnFoe
А зашто не? Не, - од JohnFoe на 9 март, 2006 - 14:11

А зашто не? Не, "пак"?! Нешто да не се сменило у меѓувреме..? Има право дечково, у многу работи...
Турбо-фолк-от цвета, и е еден од најголемите отрови на наше тло. Што не значи дека она што Националист го нуди како решение (т.е. како алтернатива) е ОК.

како дополнение - од mp3-a на 9 март, 2006 - 15:06

малку ова дополнение не е за овде ама ке кажам уште еден факт и иронија која и се случува на македонската музика. можеби изгледа смешто и можеби ќе ми се до крајот на вашиот живот амаова сто ќе го кажам не е од македонски стручњаци кажано(со тоа сакам да истакнам дека нема некоја пристрасност). бев кај еден другар од бугарија што студира на музичка академија во софија.тој ме уверуваше (а и еден македонец што му беше другар нему) дека негови професори му кажал дека музиката од оние како се викаа класичари дека имала потекло од македонија. сега се правеле некакви истражувања за тоа. незнам дали ке успеат во тоа. се смета дека меѓу многу комбинации од ноти во нивните комбинации има мелодии на македонски песни. како и тоа дека многу од тие композитори биле во контакт со луѓе од македонија кои биле (секако самоуки) музичари. ќе ве молам ако ви се смее на овај коментар немојте да пишите. ќе ве молам. знам дека прво ќе се изнасмеете добро. во тоа сум сигурен.

од втора.. - од fLeX на 9 март, 2006 - 17:29

Зошто муебтот е ист, причината иста, исто и последицата. Баш зошто не се сменило ништо, затоа е џабе муабетов. Или само ќе си изумре, или нема. Оваа појава не е дискутабилна, ете затоа. Нема овдека он мисионарска мисија, нит било кој друг ој што може да ги ПРЕОБРАТИ оние кои си се фураат на таа музика. Како неможе ни некој тебе да те одврати од твојот музички вкус и култура, само зошто мисли лично дека тоа што го слушаш е СРАЊЕ. Ете затоа...

свати го како дополнение - од mp3-a на 9 март, 2006 - 17:43

знајш како е на потпалено оганче ако му дотурвиш бензин то немат да се изгаснит.

дур не почнит навистина македонија да бидит држава на здрави луѓе дотогаш ќе има пиратерија ќе има ниски плати ќе има евтини турбофолкерски цд-а на зелено или на шутка.

тато и мама да земаа европска плата и јас ќе купував оригинални цд-а ама признавам и јас пиратерисвам,на крајот на краиштата па и кој не пиратерисува во македонијава.

ова го заборајф да го допишам - од mp3-a на 9 март, 2006 - 17:48

знајш како е кај народов,што ќе му сервирет то ќе сркат. ако имаше закон за медиуми во кој правилно ќе се поделеше времето (ама секој медиум да го почитуваше тој закон)ќе беше сосема поинаку.

додуше што тресам зелени јас,кај нас секое чудо за три дни. ќе донесеа закон,некој ќе го прекршеше,ќе му опнеа казна,ќе си најдеше пријателче,ќе му ја скинеа казната и повторно се од почеток.

сликата на JohnFoe
O: од втора.. - од JohnFoe на 10 март, 2006 - 02:29

fLeX напиша:

Оваа појава не е дискутабилна, ете затоа.

Не е дискутабилен ниту животот, ниту смртта, ниту љубовта, ниту сексот...

fLeX напиша:

Како неможе ни некој тебе да те одврати од твојот музички вкус и култура, само зошто мисли лично дека тоа што го слушаш е СРАЊЕ. Ете затоа

Друго е кога нештата се напаѓааат на суштинско ниво. Ако ништо друго : 1. се доаѓа или до, или на чекор до - нови, поинакви заклучоци; 2. се доаѓа до нови, порелевантни дискусии.

лкјхфкјфф - од mp3-a на 10 март, 2006 - 02:40

ќе кажам само дека го респекрирам твоето мислење. и би додал тоа дека, доколку нема никаква искра пламенот неможе да се запали. може искрата да биде овој форум и доколку сите членови на багра се обидат на направат нешто секако дека може нешто да се случи. но ние не сме македонциве не сме сложни. затоа тоа не е издодливо.

не викам не... - од fLeX на 10 март, 2006 - 09:57

ама тоа не се прави вака можеби и не овде:) Треба да улеташ на турбо-фолкерски блог, па да почнеш, овде се скоро сите со сличен или ист музички цкус.

сликата на JohnFoe
Да, имаш поента, - од JohnFoe на 10 март, 2006 - 14:26

Да, имаш поента, ама нели "турбо-фолкерски блог" му доаѓа нешто као оксиморон? =)
Плус, терминот "македонска музика" постои независно од вкусот на ликовите на багра, и под себе освен музика произведена во МК како и од Македонци, подведува и музика која се слуша од Македонци како и во рамките на територијата на Македонија.

Дигресивно, во некое мало селце на западната граница на МК, нашиот вкус а воедно и дискусиите се онака, безначајни, но турбо-фолкот е активен и цвета, со сите свои конститутивни елементи. И да не биде целта, да им се смени вкусот на мештаните преку ноќ, самата дискусија за причините, последиците и лековите за таквата ситуација - е релевантна тема, во која има место (но не и потреба) од активни и декларирани турбо-фолкери. Релевантна е темата, посебно тука, и посебно сега, разгледувајќи го детално моментот.

како што гледам некои веќе реагирале дека оваа тема некогаш била коментирана сепак тогаш јас не сум бил на багра и не сум можел да кажам, она малку јас што можам да го кажам. би кажал еден факт кој го имам забележано во охрид незнам како е во другите градови. многу млади се прават рокери репери технаџии а ко ќе фатет пиво в рака,се почвит со цеца и сите други пластики и таганки натака. можеби тоа е само во охрид ( знаете како е мал град голема малограѓанштина). но тоа не е така само по журки туку меќу секој од тие квази(рокери рапери технаџии) се наоѓа по некој што потајно дома си слушат такви песни нонстоп а се прајт демек. и што се случува. пази фора. во мојата генерација сите се правеа квази(рокери рапери технаџии) и кога се организираат журки од "нивни" тип гледаш никој нема на такви (на пример на аларм фестивалот или ина на пример некои мини журкички), местата стално се празни. а се напрај концерт од здравко чолич,цеца и шо знам други да ги видиш се организирет превози за да се дијдит до скопје. свашта. а особено е забележливо во охрид ептен е омасовено гледањето на планета балканика и фен од бугарските. и што се сличува. сите под изговор демек гледет убај бугарки го слушет најшундот што можит да ислезит на пазарот на музика. зошто е то така незнам. можеби бидејќи македончето е заслепени. да не навлегвам многу во историја ама ке кажам еден факт. нас по историја не учет дека најголеми непријатели ни биле турците, грците и бугарите(за србите нема ништо лошо оти просрбски луѓе ги имаат пишувано учебниците), а всушност нештата би биле некако обратно. во периодот од 1900 година навака србите имаат најмногу злосторства направено( најмногу имаат клано во македонија). плус сеуште работи линијата Белград-Скопје-Атина. сите знаеме дека преку музиката,верата и образованието може најмногу да се влијае за само свеста на народот. премногу пари се даваат за пропаганда( а и ова со вранишкоски не е сличајно,се се прави за да се разнебити македонскиот народ,а тоа можеби ние не го гледаме но сепак на тоа нонстоп во позадина се работит). секој концерт секој албум што се произведува од србија и бугарија како прво е ценовно по конкурентен и многу полесно може да навлезе меѓу лиѓето како материјал за слушање( а до скоро што се случуваше,секој македонски албум не беше поевтин од 500 денари,па многу малку ќе си дозволат да си го купат, од тоа следи многу помалку ќе го слушаат,со што таа музика му станува недостапна на македончето. од друга страна што имаме. "нашата" МТВ воопшто не се грижи за тоа. ми пушта песни од деда ноета и плус турбо(тој што им е музички уредник е за бесење). за времето на ВМРО што се случи. за сите четири години дури беше имаше забрана на државно ниво за се пуштаат македонски песни на ТВ и падио. во охрид на едно радио што пушташе само македонски песни им се заканија со исклучување и то под присила мораше да пушта и српски турбо. иако имам и други факти кои сега не ми текнуваат доволно е долг коментаров така да нема повеќе да мрчам. останете ми со убаво расположение. купувајте македонски производи со логото MADE IN MACEDONIA.(и на крај за ова macedonia да додадам дека не е правилно што така не викаат бидејќи ние не сме МАЦЕДОНИА туку МАКЕДОНИЈА - и така треба да не викаат - ама бидејќи на балканов и во светов не сме ништо неможеме да си ги бараме нашите права.)

сликата на Zelka
Прво - од Zelka на 9 март, 2006 - 19:43

Прво хрватското министерство за кутура прави селекција што е доволно добро, а што не е да се слуша. Второ, незнам дали знаеш, ама хрватите и србите се најсакани соседи и многу си ги сакаат нивните култури! за словенците, има една ЈНА поговорка -што се делиш ко словенец у војска!

јас реков дека сме кутрони и останувам на тој став. не сме народ. тебе ти текнало дека сме кутони и џабе си се родил национлаист во куртон држава!

Дај бе банујте мајмунолики идиоти!

Маријааана, кети и дијана, весна анааааа, на-на-на-на, секој ден...