4 декември, 2008 - 06:54
[веб кирилица]

Филскиот фестивал

од Zelka на 7 мар 2006 - 15:26

Си седам у редакција чмаам и викам чек да видам штампава што вика...
зиам дневник и на мое огромно разочарување на насловна имаше крајно трагична вест:
"Поради намалување на грантот од Мин за култура традиционалниот Скопски Филмски фестивал нема да се одржи"!
Фантастично. мислам иаме еден тон културни манифестации и баш ни притребал фестивал-пфт!
Наводно, нејќеле царина да ја намалат царината(која е 40 проценти од вредноста на филмот, 20% царина и 20% царина за авторски права), плус грантот е на пола намален (колку што чини царината за филмовите). поради тоа традицоналниот фестивал умре. дед! им завидувам на ентузијастите кои го правеа фестивалот (ма да последните години нешто тиња избор имаше, и да ја мразам лабина митевска, ти ооо ароганто кучкиште), но сепак го правеа традиционално во април кадешто цела моја плата одеше за гледање на филмови. не дека нешто посебно на некоја си огромна мапа фестивалот го става Скопје, но барем го има плус и се работи за независни уметнички филмови!
Незнам што е работата но Мин за Култ крати многу од буџетот што го давал по дифлот, кратејќи или убивајќи битни (за некои не) настани од културен карактер! изгледа оваа влада сака да не затупи! да станеме како американците...

Баш ме интересира дали мин за култ како и секоја година трупа сите настани во декември, поради тоа што цела година ништо не ч`чнале од буџетот.

Ко талибанци на власт да имаме а?

Опции за гледање на коментари


сликата на SuperGirl
Кај и да е и на - од SuperGirl на 7 март, 2006 - 19:36

Кај и да е и на Манаки ќе му го тргнат цевчето од уста и ќе го искључат од апарати, па филмови гледање строго на МТВ!

сликата на Новица
Филскиот фестивал - од Новица на 7 март, 2006 - 23:42

Кога ја видов веста во весник се разочарав некако. Нема место каде во СК да се гледаат филмови, да го нема и фестивалот е ваљда уште полошо. Плус, јас сум некако кино-човек и немам уреди за гледање филмови дома, па општо земено му се радував на фестивалот.

Сепак, се замислив за една работа. Не знам зошто цело време Мин. за култура се става на тапет? Морам да признаам не знам воопшто како функционира еден фестивал, не знам колку пари им требале, дали имаат други извори, дали само од министерството зависат итн. Исто, не ја знам приказната на министерството, што-зошто-како, па не ни мислам нешто да ги правдам нив.

Но, сето ова не ме спречува да се запрашам дали одговорен организатор би дозволил да се стави пред ваков свршен чин? Нема министерство нема фестивал? Зошто после толку години (5-6?) не смислиле модел кој ќе биде профитабилен, кој ако ништо друго ќе им дозволува да проживеат до наредната година? Може требале да даваат помалку гратис карти? Да носат некој хит повеќе за да имаат повеќе приход? На крајот на краиштата, може им фалел издржан бизнис план? [се смее]

Зелка, ме загрижува она „ентузијасти“ во твојот пост. Можеби зборот има изместено значење кај нас, или во некои наши (македонски) кругови.

сликата на Zelka
како - од Zelka на 8 март, 2006 - 14:20

како ентузијсти мислам оние луѓе кои стриктно прават работи од љубов без динар да направат, иако знаат дека е тотално бесцелно!

сликата на GoodBytes
Нема профит - нема фестивал - од GoodBytes на 8 март, 2006 - 23:00

Секоја чест. И јас стојам зад ова што го напиша. Ако сите чекаат на државата да не турне напред, отидовме сите во амбис.

Како што други фестивали функционираат профитабилно, така може и овој. Ако не може, тогаш или му треба нов менаџмент или катанец на врата. Simple as that.

---

сликата на Hipik_od_Skopje
Филмискиот фестивал dies? - од Hipik_od_Skopje на 9 март, 2006 - 04:29

Многу жалосна вест и јас прочитав за тоа ,а како љубител на филмот и студент по филмска и ТБ режија уште по разочарувачки е фактот. Евидентно станува дека работите ,а особено културата се повеќе тонат во виорот на лошата социјална и економска политика и организација така да и филмот кој спаѓа во оваа категорија е осуден да се занемари ,а публиката која секоја година чека да се запознае со новите светски достигнувања ќа биде оваа година разочарана и само ќе си потврди дека живееме во едно лудо време на искривени социјални вредности и политичко предизборно лудило, а нормално парите за фестивалот ќе одат за летоци, кампањи, знамиња и сл. пропаганден материјал, додека другите гранки од Македонската реалност ќе останат во сенката на овој "позначаен настан". Така е драги мои би сакал да е поинаку ама и јас еве како и сите вас го носам товарот и се прашувам дали сакам да го потрошам мојот живот и младост сркајки ја оваа каша за која не сум виновен или да ја побарам среќата на други простори. Ме загрижува што некаде на друго место ,нема да зборувам на својот јазик, да работам за својата земја, да ја делам реалноста со мојот народ ,а можеби ќе бидам и некој друг. Од друга страна можеби и така повеќе ќе сторам него овде под шапката на кретените од кои одиме само назад и назад. Па добро во 90 тите барем во Скопје ,а и пошироко сеуште (иако социјалистички) живееше еден културен дух, и за излегување и за дружење и едноставно начинот беше многу по фин и културен, се чувствуваше некој дух. А сега само апатија и сељачишта еден куп , па добро од каде излегоа сите тие фаци? Ајде да не должам годинава ќе голтнеме некако и така подоцна ќе ги гледаме филмовите на овој или оној начин ама за следната да не се повтори. Не за друго ќе се превртуваат браќата Манаки во гроб и ќе си викаат тии O Tempora O Mores.

Буху! - од fLeX на 8 март, 2006 - 10:05

Ќе ти кажев иди земи си ДВД пајрат продакшн и вози! Ама, и ја сакам кино.Пошто едно време доста се врзумав у тија кругове, можам само да потврдам она што го кажа Новица, не се работи фестивал само со ентузијазам, него и со комплетен бизнис план.И само да ја тргнат лабина+сестра+брат од таму! Фуј!

сликата на KenobiBen
Мислам дека на - од KenobiBen на 8 март, 2006 - 23:11

Мислам дека на крај на текстот кој го цитиравте, стоеше дека во мај “би требало“ да се одржат проекции.Као законот ќе се сменел или незнам шо. Не е битно тоа, лошо е културна манифестација од овој вид, да биде занемарена од страна министерството за култура, европска интеграција и три милиона други фирми, преставништва, и што ти ја знам (ме мрзи да се замарам за тоа сега). Навистина патетичен станал градов,да ви ибам колите, швалерките, становите, на сите кој имаат нешто партиско во себе. Цркнете и удирајте се у груди, додека градов и културата како најглавен фактор за вадење пасоши за еу, умираат. Мене лично ме заболе за фестот, ќе ги пунам џебовите на проклетите провајдери,ќе си најдам тоа што ме интересира. Ме боли за градов, за културата во него, и идните генерации кој немаат каде или кому да му се обратат за нешто, кое е битно за опстанокот на македонската култура. За крај не заборавајте дека со нинанајна ќе одиме во европа. Качете се на масите и пејте “оп-оп“,“са-са“ нинанајна(х4).

сликата на Zelka
јас највеќе се - од Zelka на 9 март, 2006 - 10:59

јас највеќе се лутам што стана традиционален. што знам дека април си го полнам мозочето со не-меинстрим-ствари, или ја напуштам проекцијата (има многу тиња уметнички филмови, ептен).
Првин ни го скратија буџетот на Здружение на Фоторепортери, после тоа World Press Photo па Скопски Филсмки фестивал, што е следно? ќе воведат пропагандни филмови кадешто СДС е многу добра партија и ќе не вратат 25 години наназад и ќе ни забранат и во цркви да идеме?
талибанци...

сликата на PassENGER
Само Ганка - од PassENGER на 9 март, 2006 - 12:36

Само Ганка Самоилова- Цветановска за вас! Љубителите на културно-уметнички моменти, а не коа се гласа бирате комуњарко-ленинисички Талибански_СДСМ режим ебаве тоа... електоратот ебаве...
[се смее]

сликата на Zelka
море шала на - од Zelka на 9 март, 2006 - 12:40

море шала на страна најасална министерка за култура беше ганка. нон-стоп правеше нешто и плус беше спонзор на таксират.

сликата на PassENGER
O: море шала на - од PassENGER на 9 март, 2006 - 12:51

Zelka напиша:

море шала на страна најасална министерка за култура беше ганка. нон-стоп правеше нешто и плус беше спонзор на таксират.

Ја и не се шалев брат, ти се насмевнав само на тебе. Еве пак [намигнува]