4 декември, 2008 - 07:04
[веб кирилица]

Љубов или Страст?!

од PLAYLIFE на 27 фев 2006 - 03:55

Порано, се беше полесно. Мислев дека светот е црно-бел, дека има само една вистина, дека секогаш се е исто, дека се е јасно и обележано како на автопат, и се што треба е да возиме внимателно. Но, како што откинувам поголеми парчиња живот, така се наоѓам во поголеми дилеми, дури некогаш увидувам дека имам толку грешни констсанти, што последиците најверојатно никогаш нема да ги исправам.

Неодамна се доведов себеси во апсурд. Замислете си, доживував чувство поголемо и од најголемото чувство дефинирано во мојот систем - љубовта. Значи, не е важно каде, не е важно која, но ми покажа нешто што постоело околу мене, а не ја знаев причината како не сум можел да го видам ТОА?

ТОА е нешто што најверојатно би се напишало со овие шест букви:
С, Т, Р, А, С, Т, ! ТОА ме тераше секое утро пред огледало да ги гледам грeбаниците од нејзините нокти на моето тело, и модринките од нејзините заби, за да добијам некакво дивјачко биење на срцето, животинско грчење на мускулите и сјај во очите кои повеќе личеа дека му припаѓаат на демон. Првите 5мин го барав нејзиниот мирис на перницата, на моите раце, очајно се обидував да го заситам гладот на мојата страст. Страшно, како јас да не бев тоа. Оттогаш до крајот на денот, се плашев да не ме потсети нешто на претходната вечер. Зошто тогаш во мене се будеше некој животински инстинкт, и тогаш како да ја губев својата свест, и со мислите бев околу нејзиното тело, посакувајќи ја се повеќе и повеќе додека во болка не и се јавам за да ја видам. Знаете, тоа не беше нежност. Тоа беше борба на две тела, каде креветот е ринг, а ѕвоно за крај беше изнемоштеност. Токму тие две тела се обидуваа да се припијат што е можно поблиску едно до друго, како да сакаа да бидат едно, како заситта на нашата страст да се криеше во утробата на другиот, како чаршафот што ги дели им создава болка, како секој здив е нова рунда, и така до изнемоштеност, како гладијатори.

..Понекогаш оваа борба значеше и борба со себе, да се да се бориш со твоите заби за да не и оставиш белег, со своите раце, да не ја стиснеш силно и да ја повредиш, зошто потребата од нејзиното тело, од нејзиното битие не спознаваа границии така да моите раце најверојатно до недоглед би се стегале околу нејзиното тело обидувајќи се да го истиснат сето она што е меѓу нас, да ја припијат, да можам да и го слушам срцето како и чука забрзано, да и ги слушам мислите како течат низ неа... Она што можев да го разберам од оваа збрка е дека се чувствував како нешто да постоеше, ТОА, а јас само се борев да зграбам што е можно повеќе од истото. Замислете дека ако само еден поглед можеше да создаде толку големо чувство, тогаш кога би ги сознал сите начини за да создадам поголема страст, мислам дека би открил како да создавам вечност? Лежејќи беспомошно, чекајќи да соберам енергија за да ја задоволам мојата зависност од страст, однекаде се појавија нежни бакнежи, допири и погледи. Тоа беше љубов! Толку мала, скриена во непрекината искривена линија исцртана со прсти по нејзиното тело, скриена во бакнежи кои сакаат да ја натераат да се насмевне, и погледи за да се предаде. Толку. И потоа пак исчезна во големината на страстта...

слушај ај не - од EncounTrash™ на 7 март, 2006 - 00:58

слушај ај не сери там да не ти доом оти ке напрааш пин чашка ако ти доом...