Па добро бе , дали има ова смисла. Уште ме држи шокот од пред некое време кога Бајага дојде тука , направи песна на македонски , сними спот и постана хит по сите радио станици. Толку ми беше одвратно тоа што се случи да стварно не можам да опишам , типот знае дека тоа ќе упали тука , као види го Бајага , мултиталентираната балканска звезда направи песна баш на македонски , секоја чест , браво мајсторе , како ти текна ова. Резултатот се виде малку покасно , неколку распродадени концерти на Момчило во Универзална сала , си ги наполни џеповите и си замина. Е ок , мислев дека тоа се деси тогаш и никогаш повеќе.
На мое огромно изненадување ете го Момчило пак тука , направил УШТЕ ЕДНА песна на македонски , направил и спот , пак сите му се клањаат , гледам на она Златна Буба Мара го пречекуваат како да дошол Папата Бенедикт химселф , Момчило во негов стил - многу му било мило што направил уште една песна на македонски и го најави својот концерт во Универзална сала (сигурно нема да е еден туку серија концерти) , кажа колку не можел да живее без македонците и колку добра публика сме.
До кога бе вака ?
Последни коментари