Българи пътуват в Македония - 1 май 2003 г.

Еден расказ за патешествието на група бугари во Македонија:
Патувањето е од 1 мај 2003 година и од тогаш многу нешта сигурно се имаат променето.
Во текстот се содржат многу историски белешки, како и опис на животот и ситуацијата во Македонија видени низ очите на обичниот бугарин.

[Багра превод, следува оригиналот]

Eдин разказ за пътешествие на група българи в Македония:
Пътуването е от 1 май 2003 година и много неща от тогава сигурно са се променили.
В текста се съдържат много исторически бележки, както и наблюдения за живота и положението в Македония през очите на обикновения българин.

http://stojtscho.blogspot.com/2006/02/blog-post_21.html
http://stojtscho.blogspot.com/2006/02/2.html
http://stojtscho.blogspot.com/2006/02/3.html
http://stojtscho.blogspot.com/2006/02/4.html
http://stojtscho.blogspot.com/2006/02/blog-post_114053673198036565.html

Опции за гледање на коментари

Избери го посакуваниот начин за прикажување на коментарите и кликни на „Активирај“ за да ги видиш измените.
Слика на pancec

Види види

Ме изненади бугарчево еј! Навистина фин приказ на градовите. Добро е.
Не ми е јасно само зашто го споредува Св.Наум со Созопол??? Што толку слично му се видело не знам. Созопол јесте да има знаменитости али св.наум си е друга прикаска сосема. Би можел малце со стариот Несебар, ама ај да не претерувам сега.

Цитат:
Общи впечатления за кухнята: В няколкото кръчми, в които успяхме да влезем (все пак бяхме организирани туристи), събрахме следните впечатления:

1. Менюто е почти еднообразно - предлага се скара (аналогична като имена и порции на сръбската скара), риба, два-три вида салати. На готвено не попаднахме. Сигурно има и кръчми с многостранични менюта, но ние нямахме този кулинарен късмет.
2. Цените обикновено включват и гарнитурата (питайте!) Цените са прилични, горе долу като българските. Порциите са големи (01.05.2003)
3. Ракията е само два вида - "бела" и "жолта". Забравете за любимите си 10 вида българска ракия.
4. Заведенията не предлагат минерална вода. На въпрос "защо?", ни питаха толкова ли е лоша водата в София, че пием минерална. Ако случайно има, тя най-вероятно е газирана.
5. Положението с вината е като това с ракиите. Македонско вино не успяхме да пиеме. Все пак ако ви се пие македонско вино - пробвайте вино от района Тиквеш-Неготино-Кавадарци - там се произвежда най-доброто македонско вино, което естествено се изнася в цял свят.
6. Положението с бирата - това е отделна история

хехе, во право е за сево ова.
Бугарско мени: пештерска ракија, стара ракија, жлта ракија, бјала ракија, таква ракија, онава ракија. Сите се кажи речи исти, ама ај нека им е.
За вината не знам, ама баш ни бугарите не се богатички со винце.
А за пивото не сакал да каже ништо, пошо автоматски би ги деградирал нивните Каменица,Загорка и Ариана ли беше не знам. Скопско rulez! Со мака го кажуваат ова бугарчињава али признаваат сепак.

Шо му требаше на човекот со постов не знам, ми се приоди во струга.

Слика на Chombe

O: Види види

pancec wrote:
Скопско rulez! Со мака го кажуваат ова бугарчињава али признаваат сепак.

Скопско е ѓубре пиво, исто како и сите македонски пива. Јас како исконски Мајмундонец, одговорно тврдам дека бугарските пива се подобри од нашите. Од сите пластики во МКД, најдобро е Каменица.

Кај мене у Њу Џерси донесоа Скопско и Златен Даб. Цената е иста како за сите увозни пива - 7$ за 6 пива од 0.33л. Земав на два-три пати и веќе не земам, пошто од многу патриотизам боли глава. За истите пари пијам Гролш и Бекс. Гинис е за 50 центи поскап.

Арно ама ракиите и вината се супер. Антика е одлична ракија, исто како што и Бовин прави одлични винца.

А господинот од Бугарија што вика дека „Ракията е само два вида - "бела" и "жолта". Забравете за любимите си 10 вида българска ракия.“, би го прашал каде тоа пиел 10 вида ракии? И јас исто кога бев во Бугарија во generic кафана, имаше две-три вида ракии. Ај да идеме бе брат у Гевгелија на 1 вид на ракија што ќе ги ебе у гс сите твои 10 вида ракии. Знам, сигурно има ова и у Бугарија, „Кај Крум vs. Аспарух“ у село поред Ќустендил, ама не праиме овде муабет за зен-севдах.

Јас скоро пиев српска крушкoвaча ракија. Обично со индигнација ги одбивам сите инсинуации кога е во прашање не-гроздова ракија. :) Ама, брат, ова е нешто непиено. Веќе нарачав, 50 долари флаша ама ебе матер секој цент.

Тука морам да ја споменам и ракијата на Џулс свадбата, израџена од најбољих сорти српске крушке и шта све не. Штета што не идеше со сите тракатанци што ги конзумирав.

Слика на Therion

бугарите имаат

бугарите имаат огромен избор на вина, а имаат и многу ракии. е сега, дел од нив се многу слични и до некаде големиот избор се сведува на огромниот број транзициски винарии и дистилерии кои да беа и 5 пати помалку квалитетот и изборот ќе беше ист, само во помал број етикети.

вината им се прилично добри, поготово кога ќе се земе во предвид цената. за локалните бугарски пива, се подобрија по влегувањето на ин-бев и хајнекен, но сепак не се ништо посебно. и скопското не е којзнае што ама сепак е институција и нема ни на хезбола да им признаам дека не чини.

нашите квалитетни вина, иако доста добри, се драстично overpriced и доколку во скоро време не се случи дерегуларизација ќе продолжиме да пиеме прескапо вино во однос на квалитетот. просечна продажна цена на бовин мерло е $7.50, а секој што е по вината знае што се може од вино да купи по таа цена во било кој маркет на запад. сепак,
квалитетот на бовин е подобар од бугарскиот, иако бугарите извадија фини амбалажи и солидни вина, но претежно клонат кон mass-produced.

македонските ракии, до скоро ги немаше многу, но еве се создаде тренд па излезе ракијата на бовин (прилично добра), како и антика и антика 5, потоа марков манастир на сковин, како и класиката жолта, бела, тиквешка, неготинска итн. но, иако не се наши, мора да се земат во предвид и српските (кои ги има по добри кафани а бугарот погоре тврди дека ги немало) ракии од кајсија, класична манастриска шљивка, праска, дуња, цреша, траварица, стомаклија, и како што спомна некој горе, незнамеливата крушкoвaча. солидни не-македонски ракии што ги има по македонски кафани се ракиите на симекс - војводина и прокупац - белград, ама тоа е ту мач информејшн.

инаку кога веќе ти се свиѓа крушката, според мене најдобра од сите е freihoff williamsbrinne, мислам дека е германска, и сигурен сум дека ја има по добри ликералници во твојот атар, во бела кутија со круша во нејзе. ај може ќе 'отштрафиш' една па ќе кажеш дали ти се свиѓа.

за крај, аргументите на бугарот од горниот блог се наполнети со аматерски етноцентризам, карактеристичен за човек кој поретко излегувал од своите граници и цело време прави чудни споредби, односно секогаш го споредува најдоброто од својата држава со просечното или потпросечното од новата (на пример мени од подобра бугарска кафана со мени во некоја си без везе наша меана, ќе си помисли човек дека секоја биртија у сливен има винска листа од 24 страни). тоа е инцијална тазе реакција со контактот во новата држава, а како пример ќе цитирам еден носталгичен македонец во уса, кој тврдеше дека биле глупави америте затоа што девојката купи ауди со аутоматик мењач.... на момент неговото југо у карпош као му се виде поубаво :)

Слика на Robomarket

O: бугарите имаат

Therion wrote:
бугарите имаат огромен избор на вина, а имаат и многу ракии. е сега, дел од нив се многу слични и до некаде големиот избор се сведува на огромниот број транзициски винарии и дистилерии кои да беа и 5 пати помалку квалитетот и изборот ќе беше ист, само во помал број етикети.

Другар тоа го има и кај нас. Има милион видови ракии-секој мајстор со свој марифет доаѓа до свој препознатлив шмек. Исто и со вината. Само единствена очигледна разлика е тоа што бугарите се МНООГУ поекономски ориентирани и знаат како да си ги популаризираат производите и од еден вид ракија да направат 5. Така се гради традиција-кога се популаризира истата.

А за македонска ракија да не правиме муабет! Има невидени мајстори само жал ми е што слабо се негува овој занат, и од профитабилна култура ќе стане уште една македонска трагикомична приказна.
Јас на ПОЉАК човече, што беше кај мене на гости му сипав едно чавче бела ракија и човеков-од метар и девеесшес-почна да поцрвенува во фацата. А пољаците се генерално познати како пијандури. И му викам...шоо е бе пољаче, пече а. Епа водка не е ракија!

Слика на JohnFoe

картофи сос сирејне & кечап, мајоне

Скопско е боље пиво и од Каменица (со вкус на топено сирење), и од Загорка (глупост од пиво) и од Астика (puh-lease!). У МК, најбоље пиво у пластика е Битолско.

Инаку пошто не се спомна ништо за јадењето, македонската "биртија" кујна и ебе матер на бугарската "биртија" кујна матер у пичка со нож и со дете и без дете. Мислам, толку одвратна кујна да се имало, ја не знам..
Супите и чорбите се 200-300 ml чист ризик во мали длабоки тањирчиња, месата се tasteless (од мекдоналдс месо ко ќе ждригнам ми е поубаво).. Општо кујната е блуткава, лошо спремена, лошо сервирана, лошо дозирана, све! Јас немам седнато било каде у БГ и да јадам вкусна храна у биртија.
Може муабетот да се пренесе и за подобрите ресторани, ама у тој случај се јавуваат баајги странски влијанија (како и сопственици) кои навидум (ама само навидум) ја убиваат поентата. А да, сум имал шанса да јадам и у рамки на бугарска фамилија (значи дома подготвено, пренесувано од колено на колено..) - guess what, same shit (со должна почит до моите домаќини, и за кондом подраги домаќинки).

Обаче, това ти е.

Слика на yfipk

Скопско, the chioce of the champions!

Скопско... Едно од најдобрите пива на балканот. Второ, да бидам поточен. Прво е лашко. Скопското е убедливо најдобро, па дури и во пластика... Од килоиполките, најдобро е горско, ама брзо ветрее. Кенбах не е лошо, ама при крајотр станува ептеееен гадно. Битолско е златна средина. Не е многу газирано, не ветрее брзо, се пие и крајот, ама не е толку добро на вкус како горското(во првите 5-6 голтки).
Ама скопското е најдобро.
Каменица - вкус на вода, мирис на панталони од сабајле на кои вечерта ти се истурило малце пиво(скопско).
Загорка, нешто подобра во однос на мирисот, ама вкусот е тука негде.
Други бугарски пива не сум пиел.
Скопско, не е амбиентот за у уса. Скопско се пие во топол мак. ден, уз фудбал (од која и да е лига) со лоши мак. коментатори, у скопски парк(барем на времето) итн... Не викам дека Скопско е подобро од Гролш и Бекс, ама од блгарските пива....
За ракиите.... Проблемот е што тука нема флаширани во "фабричко производство", иначе, какви домачи сум пиел по разни домаќинства....
- Ова онака, оф топик, што се случи со мастиката(струмичка), нели сакаа да ни го патентираат името, овие источниве соседи? -
Вина.... Македонија по црвеното вино е веднаш после Френс, Келифорнија и Чиле, нека каже што сака било кој, ама ние си држиме одлично вино(проблемот е тоа што не знаеме да го флашираме т.е. нашминкаме малце)

Слика на ZisDead

O: Скопско, the chioce of the champions!

yfipk wrote:
За ракиите.... Проблемот е што тука нема флаширани во "фабричко производство"

Како немале флаширани... Сливенска перла е закон.

Слика на Therion

под немање

под немање флаширани, мислам дека се однесува на македонија, а не бугарија. сливенска перла е топ, а и сите мускатни ракии од тој сосед

Слика на Caligula^

O: Скопско, the chioce of the champions!

ZisDead wrote:
yfipk wrote:
За ракиите.... Проблемот е што тука нема флаширани во "фабричко производство"

Како немале флаширани... Сливенска перла е закон.

А МБ Светско а наше ? :)

Слика на Therion

од бугарските

од бугарските пива мене лично повеќе ми се свиѓа загорка, додека каменицата ја доживувам малку водлесто.

да се надоврзам на горниот коментар за кујната - типично за бугарија е јадењето да е количински обилно, до некаде да изгледа добро, меѓутоа фали вкус. не се они криви, долго време биле гастрономски инвалиди и сега во слободна бугарија нагло и преку ноќ имаат можност да копираат и импровизираат, меѓутоа од сите копии изгледот е најлесен, а вкусот најтежок за реплицирање (тоа може да се каже и за нас, а посебно за бугарите - неколку децении се гледало да се биде само нахранет и не можело да се бира што се јаде, па и не може да се очекува развиен вкус при такви основни услови). со тек на време би требало да им се подобри вкусот, а и да почнат со своја глава да создаваат и подобруваат локални или оригинални рецепти. сепак, културата мора 20, 30 години да емитира, да го усоврши тоа, па дури после да употреби свој спектар.

што се однесува до мастиката, нема кој да ја украде. инаку според некоја стара дефиниција, узото е подобар брат на мастиката, пред се бидејќи првото се прави од ферментирано грозје и анасон, додека второто наместо ферментирано грозје може да содржи сливи, обичен шеќер, па дури и grain alcohol покрај анасонот. слични, ама не баш исти.

за пластични пива не треба да се коментира, тој што ги пие не му е до толку важно :)

скопското си е ок, иако не сум го пиел ни од носталгични причини, повеќе е на стара слава. од екс-ју пивата го памтам никшиќко како едно од подобрите, но и тоа не ми значи многу покрај grosch, becks, stella, leffe, па и sierra nevada, newcastle brown, sam adams итн.

Слика на dimitar27

За пиво у

За пиво у пластика имаше еднаш веќе коментари на БАГРАва, и тогаш повеќето од нас го кажавме своето мсилење, а моето беше и сеуште е „Не пијам пиво од пластика, а го сваќам тој што од некои причини го пие, мегутоа за квалитет тука нема место“.
Ракии у МК има на тони, ама тешко да се најде регуларно да се купи, саглам фалширана и во продавница. За во УСА појма немам.
За пивата во бившата ни ЈУ, Скопското беше екстра, ама сега се шлепа на стара слава. Овде сакам повторно да спомнам, а и ако некој пробал да сподели искуство, дали сте пробале Печко пиво или „beere do Pejes“ (овде на Е-тоа има точки горе). Е тоа беше другари пиво....саглам пиво...иако доагаше од „милите ни браќа“ :))

И за крај ке морам пак да се повикма на старите глупи латини кои ни кажаа дека ЗА ВКУСОВИТЕ НЕ СЕ РАСПРАВА илити DE GUSTIBUS NON DISPUTANDUM EST.

Слика на Therion

ме претрка со

ме претрка со пеќкото пиво, сакав да го спомнам ама си реков ај да не одам у екстрема со obscure косовски брендови. интересно, мислам дека пиварата го преживеа кризниот период, што е вистинска реткост. а реткост е и да ти улета пеќко пиво, само 2 пати сум го пиел.

Слика на Therion

ние си држиме

ние си држиме ок вино. а кога веќе набројуваме црвени, немој да ја забораваш италија, и до некаде шпанија и португалија. добри вина од по-новите се јужно-африкански, австралиски, новозеландски и аргентински. исто така, словенија знае да направи фантастично вино, на пример випавска винарија или шчурек. cheers

Слика на bojadva

O: Скопско, the chioce of the champions!

yfipk wrote:
Скопско... Едно од најдобрите пива на балканот. Второ, да бидам поточен. Прво е лашко. Скопското е убедливо најдобро, па дури и во пластика... Од килоиполките, најдобро е горско, ама брзо ветрее. Кенбах не е лошо, ама при крајотр станува ептеееен гадно. Битолско е златна средина. Не е многу газирано, не ветрее брзо, се пие и крајот, ама не е толку добро на вкус како горското(во првите 5-6 голтки).
Ама скопското е најдобро.
Каменица - вкус на вода, мирис на панталони од сабајле на кои вечерта ти се истурило малце пиво(скопско).
Загорка, нешто подобра во однос на мирисот, ама вкусот е тука негде.
Други бугарски пива не сум пиел.
Скопско, не е амбиентот за у уса. Скопско се пие во топол мак. ден, уз фудбал (од која и да е лига) со лоши мак. коментатори, у скопски парк(барем на времето) итн... Не викам дека Скопско е подобро од Гролш и Бекс, ама од блгарските пива....
За ракиите.... Проблемот е што тука нема флаширани во "фабричко производство", иначе, какви домачи сум пиел по разни домаќинства....
- Ова онака, оф топик, што се случи со мастиката(струмичка), нели сакаа да ни го патентираат името, овие источниве соседи? -
Вина.... Македонија по црвеното вино е веднаш после Френс, Келифорнија и Чиле, нека каже што сака било кој, ама ние си држиме одлично вино(проблемот е тоа што не знаеме да го флашираме т.е. нашминкаме малце)

ме изнасмеа со ова студијата за пиво у пластика! само за горско имаш минус од мене. тоа е изветреано и кога не е отворено.

Слика на Ladykiller

Chombe, sine! pa ti sto ne

Chombe, sine! pa ti sto ne kazes deka i toa imate u paterson :) sedam ja so edno dugarche na kampus na kafe pred nekoj den i mi kazuva kako pred nekoja nedela pominal niz paterson da se vidi so poznanik i se iznenadil od toa kakov tranziten centar za "ne-tolku-legalni-substanci" e toa mesto. I sea gleam deka i skopski imate... aaaa, ke se doaga nataka mnogu skoro ko sto gleam.

Ja u nedostatok na BOSS light i skopsko ovde morav da se preorientiram na Corona i Camel Turkish Gold. Mislam deka corona-ta e half-decent zamena za skopsko dur se priberam doma... americkive gubrinja od piva mi se ko pivo-na-rastvaranje... a, da i postuem amstel ama u keg.
http://www.alabev.com/draught.htm
So cimerot si zemavme i bevme obezbedeni edno 3 nedeli.

solidno pienje mu viknavme

Слика на trilobite

Със скопското

Със скопското Кале е свързана една трагична страница от българската история. Скопие е известно и с голямото земетресение от 26 юли 1963 г. Градът е почти разрушен. Часовникът на старата.....бла бла...

Ај сеа?!

Слика на Robomarket

O: Със скопското

trilobite wrote:

Да, да. И со една црква во Скопје е сврзана интересна сторија. Била запалена од бугарската фашистичка војска.

Слика на trilobite

Во ред се

Во ред се тоа,ама,ти вика"трагична страница от българската история".
Шеес треќа,пази...мува не го лази...
Не им е прв пут.Ќутек ќе јадат ;)

Слика на Robomarket

O: Во ред се

trilobite wrote:
Во ред се тоа,ама,ти вика"трагична страница от българската история".
Шеес треќа,пази...мува не го лази...
Не им е прв пут.Ќутек ќе јадат ;)

Не станува збор тука за јадење ќутек. Ова е чиста етика и морал. Грците се непоправливи ама бугариве се каде каде подобри.
Кај те угнетувале сите околу тебе, ти преселувале народ, наметнувале свој јазик, своја црква, своја политика, убивале твои револуционери, и уште денес некој ќе ти каже...еее бе баче, с`што един народ сме. Не ме интересира колку сме слични бе човеку. Сакам да живееме во мир и разбирање и ако можеме да си ги разбереме јазиците не значи дека ти си ми брат или дека сме еден народ. И германците и англичаните се технични гледано исто племе и зборат јазик кој доаѓа од ист корен, па не гледам некој да наметнува култура, јазик и историја на толку тврдоглав начин.
Овдека се работи за, се среќаваме некаде јас и ти(комшија) и правиме најнормален муабет без политики и истории. Сакам да збориме и да се насмееме и да ме гледаш и да те гледам како рамноправен човек, а не изрод(грците така не гледаат нас).

И уште не ми е јасно, како може после толку претрпени војни и неправди САМО македонскиот народ да се сложува со сите а сите останати да не третираат како што не заслужуваме. А и знам до душа кој е крив во овој случај-македонштааната што одат на одмор во Бугарија. Па тоа е македонски шлајм- се пијанат и повраќаат во дискотеки- не сум бил на одмор во БГ во скоро време ама имам слушано многу приказни. На овој народ му треба домашно воспитување.

Слика на JohnFoe

O: Во ред се

Robomarket wrote:
А и знам до душа кој е крив во овој случај-македонштааната што одат на одмор во Бугарија. Па тоа е македонски шлајм- се пијанат и повраќаат во дискотеки- не сум бил на одмор во БГ во скоро време ама имам слушано многу приказни. На овој народ му треба домашно воспитување.

Лош, лош заклучок. Многу лош.

Да не почнувам како е по други места (да не кажам СЕКАДЕ каде има плажа, сонце и алкохол), ама у БГ "се пијанат и повраќаат во дискотеки" и Скандинавци (особено Скандинавки) и Германци и Руси и све у пичку материну, и тоа "се пијанат и повраќаат" денски на плажа, на шанк, у вода, на рецепција...

Слика на pancec

Има уште

Кинат бикини и шорци, ги стават на глава, се снимат, со велосипеди во водата, топлес шетњи вечер низ град, јавни бламажи, пиво - spoiling .... чудесии. И после ние сме биле примати??

Слика на Българин

не съм много сигурен, но май става д

Не съм сигурен авторът кое събитие има предвид, но мисля че е това:

http://knigite.abv.bg/44/bunt.html

Слика на miopa

българите в Македония

Цитат:
новата история на българите в Македония

:) Смешно е ова стварно. Неколку реченици претходно вика дека луѓето наебале пошто биле за независна Македонија. Гледам и патеписецот смета дека настанот е дел од бугарската историја.

Инаку многу е чудно како сега Србите не владеат со светот кога успеале за толку кратко време комплетно да му го исперат мозокот на дво-милионски дел од бугарскиот народ. Освен ако Бугарите по природа имаат слаб национален идентитет и веднаш потпаѓаат под влијанија.

Слика на PassENGER

O: българите в Македония

miopa wrote:

Чудно е тоа за србите стварно.
А инаку ти незнаеш колку зулум може да направи едена организирана државно-репресивна страгегија на перење мозоци за само една, повторувам ЕДНА година кај еден млад мнарод или држава, а камо ли повеке децениска милитантн0-комунистичка-пропаганда како кај нас што е случајот.
На пример колку му требаше на турбо-фолкот да ги избрише од лицето на земјата ЕКВ, Електрични, Казна за уши. плејбој,Боје, Дисциплина, Обојени Програм.... Само со тоа што беше диригиран од врвот на србијанската владеачката каста?!
А кај е заканата од Голи Оток или судбината на Ченто и 1000-ци др. мак. патриоти во време на 70-80 годишната окупација на србите на овој простор?

Инаку живеам во Македоноија, жална каква е, тоа е...

Слика на Robomarket

O: българите в Македония

PassENGER wrote:

Ма што рече човече :O

Слика на PassENGER

Штета што

Штета што незнам да ставам тагови, ке ве препратев до една интересна статија од он-нет. Во Данска (инаку држава со можеби најубавите пива во свет) извршена е студија врз 2000 испитаници, каде се покажало дека колку АјКјјуто на испитаникот е помало, толку повеке пиел пиво годишно и обратно, како се зголемувал над просекот коефициентот на интелигенција, кај испитаниците пропорционално растел и бројот на флаши Вино и неговиот квалитет- испиени од истите. Интересно...
Што е интересно? Од целата остроумна забелешка на Бугарчето која патем ептен држи вода (вие сте нашле погрешно место да вежбате квази-патриотизам ама толку ви е дадено, не сте вие криви) се фативте за пивото и скарата! А колку само несте во право. Аух.
Колку сме самобендисани ние македонците и лењи. Се гледа дека не сте мрднале од МК повекето напалени наци-нихилисти. Пази- скопско е најбоље! Качамак- владее! Ајвар- закон! Абе каде живеете бе вие алооо, ау да бе ...во Убералес Македонија. Срам да ви е.

П.С. Евровизијата ви беше закон! Инаку само Милионерот ви вреди од цела ТВ тажна понуда. Зошто?

Слика на Therion

самобендисаност и квазипатриотизам секогаш ќе има, но има и дел коментари ок аргументи, а многу се и самокритични кога тоа е потребно и оправдано.

добар пример е коментарот на дијаспората на тема скопско, а да не се лажеме, пред се јасно е дека голем дел од аргументите важат и за нас како македонија.

рака на срце, кога веќе сме на тема гастрономија, смешно е македонија и бугарија воопшто да се најдат на дневен ред, бидејќи и ние, а и они, сме кулинарски примитивци со оглед на тоа што овој свет има да понуди. но тоа е, млади слободни општества, полни со детски болести на секое поле, па и на гастрономското.

но пак мислам дека тенденција на секој емигрант или турист во почетна фаза е да биде заебано субјективен - или се ќе му се допадне во новата средина, или во се ќе тврди дека родната му земја е подобра (а нормално, ни едното ни другото не е точно).
присутен е и горе-споменатиот синдром на споредба со најдоброто во родната земја со просечното или потпросечното во новата (сум слушал примери како луѓе ми тврдат дека во скопје се возат подобри коли отколку во уса, а забораваат дека споредуваат главен град со некое си село во мисисипи, или пак гордо објаснуваат како ноќниот живот во скопје бил подобар од ноќниот живот во бојзи, ајдахо, и на таа основа носат заклучок за целата држава. голем успех за ск, нели)

Слика на bojadva

O: Штета што

PassENGER wrote:
Штета што незнам да ставам тагови, ке ве препратев до една интересна статија од он-нет. Во Данска (инаку држава со можеби најубавите пива во свет) извршена е студија врз 2000 испитаници, каде се покажало дека колку АјКјјуто на испитаникот е помало, толку повеке пиел пиво годишно и обратно, како се зголемувал над просекот коефициентот на интелигенција, кај испитаниците пропорционално растел и бројот на флаши Вино и неговиот квалитет- испиени од истите. Интересно...
Што е интересно? Од целата остроумна забелешка на Бугарчето која патем ептен држи вода (вие сте нашле погрешно место да вежбате квази-патриотизам ама толку ви е дадено, не сте вие криви) се фативте за пивото и скарата! А колку само несте во право. Аух.
Колку сме самобендисани ние македонците и лењи. Се гледа дека не сте мрднале од МК повекето напалени наци-нихилисти. Пази- скопско е најбоље! Качамак- владее! Ајвар- закон! Абе каде живеете бе вие алооо, ау да бе ...во Убералес Македонија. Срам да ви е.

П.С. Евровизијата ви беше закон! Инаку само Милионерот ви вреди од цела ТВ тажна понуда. Зошто?

Пеер, зашо така не напаѓаш бе? па не се сите ко тебе да живеат убер-не-знам-каде. а ние што сме тука си праиме муабет за тукашни работи. јас сум прошетал по три континенти, државама не знам број шо би се испеало на српскоме. обожавам пиво, вино, ракија, и уште некои фини алкохоли (не сум алкохоличар) и сум пробал многу врсти од сите. а најмногу македонски, пошто нели поголем дел од животот го поминав тука. па затоа вкусот ми е најприлагоден на овдешните врсти.

сакам јас да пијам секој ден гролш или килкенис, или шато-не-обријан да, и после ручек од 5 корсис да се напијам малку коњак или мартин. ама се нема! т.е. има ама само за одбрани.

и не сме самобендисани ни лењи (мрзливи да не мислеше). напротив. не знам што ти биднало кога си го пишувал постот ама во грешка си ти.

и ако веќе си се откажал од се македонско пошто велиш евровизијата ВИ беше, милионер ВИ вреди, што се замараш да гледаш МТВ да пишуваш по македонски форуми па и да се служиш со македонскиот јазик.
јас планирам да му ја киднам од овде како што си направил и ти, ама немам намера да плукам по fellow форумџии како да се они криви за ситуацијата овде. напротив, ќе ми биде мило да разговарам од далеку исто како да сум тука.

ај те молам преиспитај си го ставот и немој пак со дрва и камења. малку треба да се браниме од другите, уште и ти ли?

Слика на Robomarket

O: Штета што

PassENGER wrote:
Штета што незнам да ставам тагови, ке ве препратев до една интересна статија од он-нет. Во Данска (инаку држава со можеби најубавите пива во свет) извршена е студија врз 2000 испитаници, каде се покажало дека колку АјКјјуто на испитаникот е помало, толку повеке пиел пиво годишно и обратно, како се зголемувал над просекот коефициентот на интелигенција, кај испитаниците пропорционално растел и бројот на флаши Вино и неговиот квалитет- испиени од истите. Интересно...
Што е интересно? Од целата остроумна забелешка на Бугарчето која патем ептен држи вода (вие сте нашле погрешно место да вежбате квази-патриотизам ама толку ви е дадено, не сте вие криви) се фативте за пивото и скарата! А колку само несте во право. Аух.
Колку сме самобендисани ние македонците и лењи. Се гледа дека не сте мрднале од МК повекето напалени наци-нихилисти. Пази- скопско е најбоље! Качамак- владее! Ајвар- закон! Абе каде живеете бе вие алооо, ау да бе ...во Убералес Македонија. Срам да ви е.

П.С. Евровизијата ви беше закон! Инаку само Милионерот ви вреди од цела ТВ тажна понуда. Зошто?

Сме пробале многу пива и многу јадења, ама домашното е најслатко.
Што сакаш кажи, мене Скопско пак ќе ми биде најубаво бидејки, прво, пивото НЕ Е ЛОШО, а второ, Скопско е дел од нашата култура. Кај си видел ти во македонска куќа да се тераат муабети без Скопско? Или пред маало деца седнати на бетонски блокови или клупи...без Скопско? Па подобро е од станските пива бе брат, подобро е дека ми е мило.
Само жал ми е што македонските стопани на ресторани абе НЕ ЗНААТ да направат и не знаат, а имаме квалитетни рецепти и чисто македонски чинии.

И зошто викаш “ВИ“ вреди, “ВИ“ е закон? Ко јас да организирам Евровизија или јас одлучувам каква ќе биде програмата на МТВ или што ти ја знам ТВ. Тоа е до индивидуалецот, до генералниот директор, до шефот на некој си оддел таму. Луѓето учат и ќе биде подобро и гелдам многу убаво кој е НИХИЛИСТ тука!

Слика на yfipk

Стварно штета...

Ние македонците, што сме си самобендисани, тоа мислам нема никој друг народ на земјава ко нас.
Се фативте за пивото и скарата.
Ај за пивото прво.
Јес да се повторувам, ама СКОПСКО ееееј!
Скопско е ВТОРО најдобро пиво на !БАЛКАНОТ! Никој не рекол дека е најдобро на свет, не забегувај. Бугарските пива(бар оние што сум ги пробал) се гола вода. Ама баш гола и ептен вода(таа јачина и вкус отприлика).
За скарата... е сеа тука си можеби во право, не сум јас човекот што ќе ти реплицира на оваа тема, тука стварно не се разбирам.

А ти од кај си, ако смеам да прашам?

Слика на Zelka

Покојниот ми

Покојниот ми тетин работеше во пивара и ми раскажа една убава приказна.
-Внучко, на цел балкан има три добри пива. Тоа се Скопско, Никшичко и Лашко. Во што е тајната? љубов, рецепт, џмељот, квасецот? Јок. Најглавната состојка, добра вода. По земјотресот, од кога почнаа работите да се враќаат во нормала, од Рахче одеа две огромни цевки за вода, едната за пиење во градот другата кон пивара. и другите два типа пива се добри поради, нормално добрата вода! ние сме малку во предност околу тоа што е чешка формула, чесите се сметаат за мајстори за ферментација на пиво!
Рака им давам на словенците. Потемната варијанта на лашкото (не црното, потемното) е лудило! две лименки и блок! е сега тука иде царина, данок, плус дополнителни пари за тоа што не се враќа амбалажата, и пак излегува од 45-55 денари лименка тоа од 0,5л. лошо ми е што неам флашите пробано, а и имам одбивност кон 0,33 флаши. мало пиво не е пиво!
За однос пари-квалитет-вкус, нормално е дека скопско рулз. да и јас сакам да се шлапнам со Стела, ама е 55денари флаша од 0,33. бекс у грапначе незнам колку е. ама нема ништо повкусно од 300гр кикирики со две свежо извадени скопски од фриз, така секси испотени што од прва им се вади цела етикета. таква кафич пиво чаша и крк, крк, крк... и манчестер води 2-0!

Околу виното, правевме лани репортажа во тиквешијата. Работата е дека имаме квалитено вино, страшно квалитено вино, но поради ниската цена не сме биле конкуренти(така барем лажеа), и плус поради навалата од јужна африка малку е потешко да се пласираат! да не се лажеме ама македонско вино во франција не можеш да пласираш. не дека не е добро, но поради ниската цена не излгеда многу привлечно(?!).
инаку 2004-та во тиквешијата е многу добра година. ја препорачувам т`гата од 04, има прекрасна арома шмек, и освен што има длабок вкус, удира и на блакичко... маст трај!

Слика на Therion

добар пост,

добар пост, мала исправка.
скопското има еден период на кулминација во -стара пивара-, најверојатно кадешто работел роднина ти, кога се дојдени технолози од плзен, тогашна чехословачка, да работат на водата. периодот што следи е одбележан со тоа фантастично скопско, меѓутоа се има впечаток дека водата од тогаш до сега е многу пати променета, читај расипана. плус и критериумот ни е сменет.
бекс во флаша по супермаркети е 46 денари, а толку е и лименка стела, нормално во гранапи е поскапо.
инаку за тоа дека лашкото е супер се согласувам, но тоа дека е неповратна амбалажата е случај со сите лименки. ако си по пивото, голем дел од тие трошоци и давачки кои ги наведуваш веќе подолго време не постојат, односно има агресивна либерализација на увозот на пивото, а тоа можеш и да го приметиш по намалувањето на цените на истите, како и по масовниот инфлукс на увезени пива во мк.

а тоа дека нашето вино не успева поради тоа што е премногу евтино не е баш вистина. имено, вистина е кога 85% од извозот е во цистерни како наливно вино (суровина за дополнително брендирање), но она брендираното е по апсурдно високи цени. ова е поширока тема, има проблем со немоќта на мк да понуди субвенции за извозниците (како што се случува во други земји), но генерално 7 евра за македонско вино е апсурдно, а за разлика од пивата кај нас сеуште има драстична заштита на домашните производители и пропратните давачки за увоз на вино се ненормално високи. Идејата е да се произведе македонско вино со висок квалитет (читај вино кое сега е 400 мкд) за цена од 230-250 мкд. е веќе тогаш имаме цена врз единица квалитет достојна за почит. до тогаш, можеш само да замислиш колку би била малопродажна цена на македонско вино на странски рафт во супермаркет.
а каква врска има ова со постот на бугарот? појма немам.

Слика на Robomarket

Има македонско

Има македонско вино во Америкна на пример. Како е можно да успее кога по продавниците има вина од 15 различни држави и секој си го купува своето.
Има визби што вадат ептен квалитетни вина ама тие се однапред купени од страна.
Може да стане популарно ако се рекламира како што треба.

Слика на NikDdik

Не викам дека

Не викам дека скопско е најдобро пиво у свет, ама имам слушнато (од прва рака) само пофални зборови од странци (уса, холандија, франција...)
А ти кажи што и фали на нашата кујна и зошто „таму кај што си“ кујната е подобра.

Слика на ViktorFraerot

A be vie luge se slushate li

A be vie luge se slushate li shto zborite. Skopsko bilo ubavo pivo.
Skopsko e mozebi najdobroto makedonsko pivo, ama daleku od ubavo e.
Od skopsko posleden put se nachukav(ispiv 5-6) vo Januari.Takov mamurluk
i glavobolki imav, shto ne se zabelezani vo istorijata na nachukuvanjeto.

Ne mora da si struchnjak za da vidish dali pivoto e kvalitetno ili ne.
Samo vidi gi posledicite od pijanstvoto.Nachukaj se so Grolsh ili Becks
utredenta gajle nema da imash, a shto beshe ova so skopskovo
4 dena bolen bev.Nikad u zivot veke nema goltka da se napijam.

P.C. Mnogu mi se svigashe postot na:
O: Штета што - од bojadva на 8 март, 2006 - 16:38

Pa taka e ebate.

Агрегирање содржина