6 септември, 2008 - 02:55
[веб кирилица]

Сите во погон

од KenobiBen на 21 фев 2006 - 05:56

ВЕ ПОКАНУВА НА:

Ве покануваме да присуствувате на вториот дел од акцијата “Сите во Погон”. Овој пат настанот ќе биде одржан во три различни денови.

На 21.02.2006 момците од Стрип работилница ќе го промовираат стрип магазинот “Comicus Magnus” и ќе одржат предавање на тема “Светска историја на стрипот”. Во оваа пригода ќе може да се проследи и исложба на цртежи и стрипови изработени од членовите на работилницата.

На последниот ден 23.02.2006 ќе имате шанса да ја видите и новата изложба на Фотографска работилница под наслов “ПОСЕТИТЕЛИ” и да ги слушнете одличните “Летечки Пекинезери”. Како заокружување на целата акција “Сите во Погон” ќе биде и промоција на второто изданије на Младинскиот магазин "СИТЕ"

Погон се наоѓа во просториите на Народна Техника во Капрош 3
(спроти Лептокарија).

Опции за гледање на коментари


сликата на GoodBytes
Галерија? - од GoodBytes на 21 февруари, 2006 - 17:05

За тие што не можат да бидат таму, дали ќе поставите некаква галерија на Интернет? Гледам дека на сајтот има галерии од декември. Инаку, интересно изгледа.

---

сликата на Новица
тоа е значи постерот - од Новица на 21 февруари, 2006 - 18:50

Тоа е значи постерот што го гледам секое утро од автобус, а не можам да прочитам што се дешева таму во НТ. [се смее]

Гледам на страницата има и некои други работилници. Како оди сето тоа? Човек може да посети било која од тие или? И гледам дека нема дати. Тоа значи дека во тек се тие постојано, според деновите како што се наредени?

сликата на KenobiBen
Малце доцнам, - од KenobiBen на 21 март, 2006 - 17:51

Малце доцнам, се надевам следниот пат на време ќе пишам за идинте случувања. Вчера за прв пат после кој знае колку години, го осетив градов како заживува. Децава се лооди, целата идеја, иницијатива, и активирање на погон. Имало надеж, градов сепак не се остава на генерација турбофлокери,и нивните мобилни перверзии. Сепак имало надеж се нарекува Погон.