историчарот дејвид ирвинг е осуден во австрија на три години затвор заради порекнување на геноцидот над евреите. во австрија и германија тоа е кривично дело казниво со затвор до десет години. тука се' е јасно: прекршил државен закон и ги сноси последиците за тоа.
но, мене ми е поинтересно ова:
преиспитувањето на тековните сознанија е во темелот на сите науки, вклучително и историјата. но, прашањето на холокастот како да има посебен статус во неа, така што како да не е дозволена ниту академска дискусија по тоа прашање. се разбира, не сум историчар и можеби такви дискусии се водат во некои релевантни кругови, но како лаик забележувам дека холокастот е воздигнат на статус на недопирлива вистина.
лично, верувам дека холокастот се случил. само не ми се допаѓаат недопирливи вистини одредени од луѓе.
Последни коментари