4 декември, 2008 - 07:15
[веб кирилица]

Македонското трачарско новинарство , срамота

од Chima на 14 фев 2006 - 09:47

Ова осамна вчера на насловна страна на Вест , не знам како не им е срам што од оваа вест прават стории , дури и Ребека да изгазеше луѓе пак тоа не треба да стои на насловна страна на еден дневен весник а камо ли ваква вест. Уште кутрата ја гледав вчера како свика прес конференција во Холидеј Ин за да го објасни настанот. Неверојатно.

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=112041&idg=6&idb=1691&rubrika=Makedonija

Опции за гледање на коментари


сликата на bojadva
газење - од bojadva на 14 февруари, 2006 - 10:23

е ова е врв! газење, вчера колку сум се смеел, па таа bitchlover шо и го згазила кучето сликана како брише солза со марамче, лелеееееееееееееееееееееееееееееееееее кај се сега риалити тв да снимаат, кај се анимал полис од мајами и анимал ченл да ја апсат ребека????

утре на насловна: дуле и коки немилосрдно утепаа 150 инсекти со нивната шофершајбна (вака ли се пишува???) на пат кон тезгата во гевгелија!!!

„Коки: не сме криви, се брзавме а тие сами се испречија на пат; Дуле: со семејствата на оштетените ќе се договориме вон суд!„ по кулоарите се дека Бојан 13 ќе организира нехуманитарен концерт од кој средствата ќе бидат наменети за нова бунда за Ребечето и ситни пари за дуле и коки да имаат да плаќаат миење шофершајбна по семафори.

а луѓе немаат шо да јадат а...

Патрдии. - од Robomarket на 14 февруари, 2006 - 10:50

Патрдии.

сликата на Аждер
абе колку да не ја заборавиме - од Аждер на 14 февруари, 2006 - 11:15

одамна се нема појавено, па ајде.
пази сега:

Цитат:

Таа е толку вознемирена од случката што вчера го откажа снимањето за новиот албум , вели Мики.

подобра реклама за новиот албум на ребека.
здравје!

сликата на Zelka
абе се мислев - од Zelka на 14 февруари, 2006 - 12:30

абе се мислев јас дали да го постувам истото па заборавив. гледам дека има некој кој се грижи:)се мрднав од смеење! многу ја мрзам Ебека, ама ми падна жал, кога ја виодв ирена/ивона з бич од А1 како брише солзи со палома, и цитирам 'еве веќе два дена сум на седативи и инекции', контра ставот на ебека 'два дена се утепав од плачење за кучињата', контра ставот на ирена/ивона з бич 'ќе ја тужам беки за нанесен емотивен шок'!
го грл го! гледате, се движиме кон модерните земји! сепак, работејќи по весници, и знаејќи дека недела е многу тапа ден (само ВРМО-ДПМНЕ имаат традиционален прес во недела и ништо друго) па се решиле за волку глупа насловна! а уредникот сигурно рекол ова продава весник (шо е жива вистина).

сликата на Zelka
сагата продолжува! - од Zelka на 14 февруари, 2006 - 13:15

Цитат:

По завршената истрага за сообраќајката во која познатата поп пејачка прегази две кучиња, пријава за случајот ќе добие газдата на шарпланинецот Петар Гелески оти кучето не го водел на поводник и истрчало пред "тојотата" на Ребека, изјавија вчера од МВP

го беки го!