4 декември, 2008 - 04:34
[веб кирилица]

Текст за Скази во МКЦ :-)

од Сељачиште на 13 фев 2006 - 20:52

Опции за гледање на коментари


сликата на SuperGirl
O: Текст за Скази во МКЦ :-) - од SuperGirl на 13 февруари, 2006 - 23:11

Сељачиште напиша:

Кој хороскопски знак, по ваше, е авторот?

Клабер! [се смее]

Ма не ме зезај! - од Сељачиште на 14 февруари, 2006 - 22:46

Ма не ме зезај! Озбилно, така ги замишљаш клаберите? [се смее]

сликата на SuperGirl
Зезам! Мое - од SuperGirl на 15 февруари, 2006 - 01:11

Зезам! Мое извинување до сите засегнати клабери.

O: Текст за Скази во МКЦ :-) - од fLeX на 15 февруари, 2006 - 00:04

SuperGirl напиша:
Сељачиште напиша:

Кој хороскопски знак, по ваше, е авторот?

Клабер! [се смее]

ЈОК! ПОтчно фирст тајм ексатзаш:))))) Се кладам дека сеуште си нема легнато да одспие... и после ДО журката било:)))))
Лош, лош текст:)))))

сликата на StormAngel
Елементарна - од StormAngel на 13 февруари, 2006 - 23:39

Елементарна непогода?[се смее]

Побогу! - од кучевина.млаз на 14 февруари, 2006 - 00:22

И се случи и тоа. Некаде околу четириесеттиот ден од летото 2006-то, Скази ги собра своите поклоници во Младинскиот културен центар во Скопје. Заедно со Асаф, неговиот партнер за настапи во живо, тие на скопската публика и ги понудија најгромогласните електронски и гитарски звуци. Како опасни хемикалии тие продреа во крвта на секој член од ова племе и го фрлија во транс. Тогаш племето беше подготвено за патот на кој Скази дојде да ги поведе. Сите тргнаа со него, и оние со светлозелени, портокалови или жолти маички со шарени шалови, и тие со долгите коси облечени во црно, и тие со чудните фризури, па дури и тој со маската од страшило. Речиси четири часа патуваа со неверојатна брзина низ димензијата на хардкор-трансот додека не стасаа до „ветената земја“. А тоа беше местото во кое свеста ја заменува брзиот ритам, кој пулсираше заедно со силниот ураган од тврди звуци, кој, пак, доаѓаше од секаде. Тука Скази го ослободи животното и го пушти низ бурата, а ги поведе своите следбеници низ вселената се до последното одбројување.

Сказиевиот Завет?!

После првите - од yfipk на 14 февруари, 2006 - 00:24

После првите три реда, не можев више да читам... !!!! И БИ СКАЗИ !!!! ???? Не успеав да го дочитам, не ни сакав... На некои луѓе едноставно е криминал да им дадеш да пишуваат по весници... И после ми сакате слобода на печатот?

Не ми се верува. - од Robomarket на 14 февруари, 2006 - 02:15

Не ми се верува. Изгледа дека на авторот на текстот ова му било прва журка а се кладам дека бил просто на адреналин =)

сликата на Chima
Скази - од Chima на 14 февруари, 2006 - 09:40

Затоа ја мразам оваа транс еуфорија , од целата електронска музика најмногу мразам транс поради тоа што ја доживуваат премногу театрално , ко у пичку матер да е не знам каква музика , никогаш не сум поминал добро на транс и не планирам ни да одам пак во било кој случај.

П.С. Се извинувам на мојот драг пријател Psychonaut , не те мразам тебе туку не ви ја сакам сцената стварно [се смее]

сликата на Psychonaut
Абе еднаш веќе - од Psychonaut на 14 февруари, 2006 - 17:12

Абе еднаш веќе имам споменато на форумов дека се случува чудо кога за првпат ќе се спојат психоделични дроги со психоделичен транс. Да беше ова пред 9 години и во текстов да пишуваше Џејмс Монро наместо Скази, и јас ќе се потпишев испод со две раце. Ама, работата е што неможе на иста финта чуда да се случуваат цело време, така што по толку изминати години, сега едноставно идам на журка да се издрогирам и да се изнаиграм, без многу многу шиви и кришни и отварање чакри.
Сепак, ако се земе предвид дека секоја недела по илјада и кусур деца плаќаат невидено скапи карти за еден таков музички настан, тогаш не е баш сигурно дали сето тоа е фама и помодарство, или пак едноставно децата си се журкаат онака како што (со триеска и кусур во газот) ние веќе неможеме.
Онака како што гостиварците (или кои и да беа) им ги собраа парите на шминкераната со Тиесто, исто така овие другиве со Скази успешно ги шишаат бунтовните средношколци. А ние правите, стари трансери, за тоа време сме на некое друго место, најверојатно кај камењар у дискотека метропол у четврток на џин фарис [се смее])

сликата на Chima
O: Абе еднаш веќе - од Chima на 14 февруари, 2006 - 17:15

Psychonaut напиша:

Абе еднаш веќе имам споменато на форумов дека се случува чудо кога за првпат ќе се спојат психоделични дроги со психоделичен транс. Да беше ова пред 9 години и во текстов да пишуваше Џејмс Монро наместо Скази, и јас ќе се потпишев испод со две раце. Ама, работата е што неможе на иста финта чуда да се случуваат цело време, така што по толку изминати години, сега едноставно идам на журка да се издрогирам и да се изнаиграм, без многу многу шиви и кришни и отварање чакри.
Сепак, ако се земе предвид дека секоја недела по илјада и кусур деца плаќаат невидено скапи карти за еден таков музички настан, тогаш не е баш сигурно дали сето тоа е фама и помодарство, или пак едноставно децата си се журкаат онака како што (со триеска и кусур во газот) ние веќе неможеме.
Онака како што гостиварците (или кои и да беа) им ги собраа парите на шминкераната со Тиесто, исто така овие другиве со Скази успешно ги шишаат бунтовните средношколци. А ние правите, стари трансери, за тоа време сме на некое друго место, најверојатно кај камењар у дискотека метропол у четврток на џин фарис [се смее])

RESPECT за одговорот , браво пријателе , ај се гледаме викендов.....некаде [се смее]

сликата на Zelka
Mонро на матка? - од Zelka на 15 февруари, 2006 - 18:20

Mонро на матка? добра журка!

сликата на Caligula^
ако не бил овој - од Caligula^ на 14 февруари, 2006 - 10:22

ако не бил овој на хорс ја еве на ќе си го исечам [се смее]

сликата на D-507
Скази е еден од - од D-507 на 14 февруари, 2006 - 12:57

Скази е еден од најдосадните, најтапа, најлоши транс музичари во светот.
За жал и еден од најслушаните на транс сцената.

сликата на StormAngel
O: Скази е еден од - од StormAngel на 14 февруари, 2006 - 13:08

D-507 напиша:

Скази е еден од најдосадните, најтапа, најлоши транс музичари во светот.
За жал и еден од најслушаните на транс сцената.

Момак, тука воопшто не станува збор за Скази, туку за она што е напишано за Скази. И пази, нема шанси музичар кој е еден од најслушаните да е тапа. Тоа можеби според тебе и мене, ама кој не ебе нас на крај крајева. [се смее]

сликата на D-507
Не ни прочитав - од D-507 на 14 февруари, 2006 - 14:33

Не ни прочитав што е напишано за скази. Јас само напишав што мислам за скази.

Знам дека двете реченици кои што ги напишав се контрадикторни. Барем кога е мнозинството во прашање.

Окулу ебењето; јас се надевав дека Багра е малку понакво место, можеби и за тоа сум се лажел.

Инаку ако почне да станува збор за ебење на багра тогаш најверојатно ќе ме снема, а ако веќе има ебење ама јас не сум го приметил, барем не во позначителна мера, тогаш би било фино да ми образложите, секако, и во тој случај најверојатно ќе ме снема.

Eбење! од fLeX
сликата на BugS
Флекс, па пичка - од BugS на 17 февруари, 2006 - 08:39

Флекс, па пичка му материна, ја уста цела страна.
Ај едитирај го коментаров. И со усул понатака!
[се смее]

МораФ! - од fLeX на 17 февруари, 2006 - 08:50

Сакав баш да видам патетичарот дал више еднаш ќе си иде после толку негови ИДЕЊА! Не дека ми смета непто, ич, ама само нешто кукумјавчи, " ке си идам, ќе ве кажам на мама". Сори за фладирањето, ал глеам како само сере за идење, а никако да си иде..и така, ЕБЕЊЕ![се смее] Ај сеа..

сликата на BugS
Ама ИЧ не ме - од BugS на 17 февруари, 2006 - 10:42

Ама ИЧ не ме боли за него. Муабетот ми е да го разделиш тоа шо му го пиша у повеќе редови, за да немора да скролуваме и хоризонтално коа читаме коментари.
Ти текнуе?
[се смее]
ЕБЕЊЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕеееееееее!

сликата на Zelka
шо убо беше - од Zelka на 17 февруари, 2006 - 12:50

шо убо беше порано на старата багра, паап, етика се лепи под името, и така. би била плачипичка за него, според моја предпоставка. а такви ко него дошле и си отишле еееее!

бикерфул ват ју виш фор! - од fLeX на 17 февруари, 2006 - 17:36

И ете, можe ќe го снема![се смее]))

сликата на BugS
MилиВанили - од BugS на 14 февруари, 2006 - 14:44

MилиВанили своевремено добија Греми и беа популарни и слушани од прилика исто како и ДепешМод, Брос, ДуранДуран. Се додека...

Него, некој да даде инфо од прва рака? Јас слушнав дека паралелно со Скази се одржувала и бојкот-журка некаде.

сликата на Psychonaut
Каква бојкот, - од Psychonaut на 14 февруари, 2006 - 16:58

Каква бојкот, кој е па тој еврејски циган и двајца македонски лихвари што ќе бидат достојни за бојкот. Ако не се работи за нешто трето, тогаш станува збор за обична роденденска транс журка у ескејп (вардар филм) и беше супер.

сликата на Зелен
Цитат: Него, - од Зелен на 14 февруари, 2006 - 17:04

Цитат:

Него, некој да даде инфо од прва рака? Јас слушнав дека паралелно со Скази се одржувала и бојкот-журка некаде.

тоа е класика, веке е традиционално. коа праи едната багра голема забава другата се убацуе у ист ден на страна негде (and vice versa). исто имаш и викање пазарни инспекции, наводно подметнати бомби и муабети за мито и корупција.

Популарноста - од Robomarket на 17 февруари, 2006 - 04:29

Популарноста на Скази лежи во спектакуларните настапи на целиот негов тим. На фестивали во Бразил, Израел, Португалија и Русија скази иде со уште 15 души. Тука играат виолини, вокалисти, импровизација и дрн дрн јариња. Ние можеме и од Роботек да направиме спектакл ако избациме фаци облечени ко роботи на сцена или што ти ја знам(се извинувам на роботек, ама беше прв што ми падна на памет, и тоа е во многу добра смисла).

Ако некој го има видено ДВДто на Скази- Hit and Run Tour одма ќе сфати дека типот е егоманијак, арогантен и тотален сељак. Понашање-НУЛА. Катастрофа. Ама ете, неговите агенти формулирале квалитетна пропагандна програма и типот пропатува повеќе него ли било кој друг сајтранс акт.

Чакри, отварања, губење во некој над-свет, тоа во клуб не се доживува. А кога ќе размислам и какви фаци се појавуваат на журки кај нас па богми не се доживува ни на журка под отворено небо.

Дел сум од една транс сцена која е градена и негувана со години од луѓе кои се разбираат во тоа што го сакаат. Има многу луѓе кои одат на транс сосем нормално, со пивото во рака, без асид, без табли, без печурки а иначе и трава е сосем адекватно средство за транс.

Што друго, ммм, не можете да осудувате цела сцена и високо квалитетни продуценти според некоја фаца од израел ко Скази. Според мене он е срање и албумите му ги имам слушнато двапати по парче.

Тој што го напишал текстот во Време е највероватно некое младо дериште што се бори за позиција во весникот и ете, начкрабал два реда во кои го величи дотичниот. И кога ќе споиш тоа со маса дебили кои немаат поим од музика одма настанува еуфорија. Кој сака да стане ѕвезда бе? Ќе бркаме врски по весници.

сликата на OdLePenA
„Скази беше одбраниот“ - од OdLePenA на 16 февруари, 2006 - 01:06

алоооооооооууу.овој не е нормален мајке ми. жално е ова шо се дешава со “трансериве“. Ма за каква транс сцена праите муабет. одамна нема транс сцена. има само маркетинг, прерње мозоци на велико, и збирање пари од овчички на велико x 2 [се смее] Али иза текстов стои клон кој го произвел гуру Дани бушава азбука.алал да му е!
Срамота!

сликата на Зелен
се возбуди - од Зелен на 16 февруари, 2006 - 10:22

се возбуди [се смее]

Нема? Далеку од - од Robomarket на 17 февруари, 2006 - 04:31

Нема? Далеку од едноличноста на шиироките маси постои група луѓе што знае што знае. псѕ.цом.мк - е преведи си сама на латиница.

сликата на Зелен
некам да - од Зелен на 17 февруари, 2006 - 18:23

некам да навредам или да се зајадам. отиде офтопик преписов, пошто темава беше за глупиот текст во време, а не а скази.

таа мала (веќе лошо генерализирам, али ипак покривам мнозинство) група мене ми изгледа многу поеднолична. ако се навистина кул и опуштени повекето од нив како што сакаат да се сметаат себеси тогаш нема потреба од зајадливи муабети и завист. тука се мрчи за после (обично преку лето) да се даат Х евра по фестивали надвор и акање од земја пак на скази и сличните му. конечно фестивалите функционираат тотално комерцијално.