Абе Matching Agency ќе ја праваат баграва. Видоа од празни муабети нема фајде. Следна анкета ќе биде дали Сатурн ти е во коњукција со Венера и одма ти наоѓаат една заводлива Шкорпија, со подзнак Риби...онака спроти тебе
две работи - од PassENGER на 13 февруари, 2006 - 22:47
две работи сакам да кажам овде:
1) Ако сте добри христијани, ко што сакате да мислите за себе, баталете хороскоп- тоа е ерес што религијата не ви го дозволува. Опозитот ве квалификува во ноторни незнајковци и лицемерни медиокритети, редоследно препознаени од секојдневието по наведениве атрибути.
--
2) Одговорите:
-Не знам и не ме интересира 3% (2 гласови)
-Знам, ама не кажувам 7% (4 гласови)
--
а) - Би биле валидни, само и само ако ја исклучиме точката 1) како релевантен фактор на ограничување. Во што со право, длабоку се сомневам.
б) - Помалку сомнително и следствено поверојатно е дека ваквите одговори се должат на елементарно непознавање или непризнавање на астрономијата и нејзината помала керка астрологијата како научна дисциплина итн..
в) - Најваројатно пак, а ова од богатото животно искуство (или емпириски, ако сакате повеке), поединците кои се подсмеваат или каосегнушаат од хороскопот, хоропските знаци и наталните карти (не дека ИКАД ги имаат направено)- едноставно врска немаат со целата таа работа. Запознаени се` (како и со повекето работи во нивните досадни, просечни мали животи) површно колку површно може да биде. Па уште на цело незнаење- недоумица! Не се Овни, не се Лавови, Стрелци- не се ватрени знаци! Како, на бетер никад крај- не се ни Водолии ни Бикови ни Шкорпии ни било што друго со рогови (си мислат- ех, тоа е нешто а не ова моево..) цк..цк..цк... Јазк!
...И еве ги кај незнаеле, не ги интересирало или мојот фејворит- не ни кажувале! ЛОЛ
---
Форца Овен Шампиони- најјаки сме, другите сељаци!
Поздрав до Лавовите и Стрелците! Шкорпии ве сакам! Близнаци- мои сте!
Раковои и Водолии- (првиот, мојот подзак)- РИСПЕКТА!
O: две работи - од dimitar27 на 14 февруари, 2006 - 08:20
PassENGER напиша:
две работи сакам да кажам овде:
1) Ако сте добри христијани, ко што сакате да мислите за себе, баталете хороскоп- тоа е ерес што религијата не ви го дозволува. Опозитот ве квалификува во ноторни незнајковци и лицемерни медиокритети, редоследно препознаени од секојдневието по наведениве атрибути.
--
Не знам дали сме сите овде Христијани, а уште помалку добри Христијани, ама знам дека ако барем се декларираМе како такви не треба паралелно да веруваме и во хороскоп. Ова не значи дека не ја признаваМе астрологијата како наука.
O: две работи - од Chima на 14 февруари, 2006 - 11:03
Цитат:
Не знам дали сме сите овде Христијани, а уште помалку добри Христијани, ама знам дека ако барем се декларираМе како такви не треба паралелно да веруваме и во хороскоп. Ова не значи дека не ја признаваМе астрологијата како наука.
Јас во никој случај не ја признавам астрологијата како наука , тоа е најголема глупост што можеше да се измисли за лесно земање на пари од лесноумни луѓе и богатење на таканарачени јасновидци и астролози , јас би ги стрелал сите.
абе јас не - од Zelka на 14 февруари, 2006 - 12:35
абе јас не верувам што ми пишува во антената дека марс ми е со конјукција на 7ма куќа и поради тоа шефот ќе ме мрзи на работа и да се пазам. ороскопот го поштуем што и ми е чудно како ги класира типовите на карактери родени од тогаш до тогаш. ако добро се изразив, ваљда ќ еме сфатиш!
...астрономијата и нејзината помала керка астрологијата како научна дисциплина...
-------
ќе тргнам полека, од тука.. Колку астрологијата е научна дисциплина и каква ќерка и е она на астрономијата?
Прво само нешто во религиозна конотација. Астрологијата е древна. Новиот Завет може, и со право, да се разгледува како алегорија на Сонцето (синот) и 12 соѕвездија (апостолите) на зодијакот. Сонцето нели, -умира- на залез, и -станува од мртвите- следното утро. Христијанството како алегорична претстава на древни астролошки учења за трансцеденција на животинската свест, обезбедување на ултимативна слобода и вечен живот.. Другарчињата на Исус можат да го разгледуваат раѓањето на нивниот крал под услови на тројна коњукција на одредени планети. Нели, така мудреците и го нашле.. Значи накратко, христијанството како колаж од многу попатно земени елементи, меѓу кои миљон претходни религиски учења, како и еврејски митови и легенди, има инкорпорирано и побаајги астрологија, и тоа што е сега на спротивната страна од својот составен дел е само мал дел од хипокризијата, самоуништвачката природа и bottomline болноста што ја краси оваа дво-милениумска напаст...
Толку за тоа. Сега за "научноста" на астрологијата.
Астрологијата и претходи на астрономијата. Астрономијата како легитимна наука се занимава со опсервација, експеримент и заклучок (без предрасуди). Значи таа ги "гледа" ѕвездите. Астрологијата тврди дека "ги чита" ѕвездите. Јас тука не гледам ниту ќерки, ниту паштерки. Гледам древна дисциплина, природна во своето настанување, која полека станува излишна поради новите факти кои се утврдуваат по валидни научни методи.
Да пробаме вака.
"Големиот космички компјутер", "душа", "судбина" - извонредни зборови. Навистина големи и длабоки, touching.. и означувааат - ама баш ништо. Ограничената човечка егзистенција не е ништо помалку убава, привлечна или радосна од овие зборови.
Зашто да не го прифатам светот онаков каков што го гледам? Тоа е се што можам да го видам, и зашто мистични глупости?
Еве екстраполација на астронмијата во астролошки рамки.
Прво, зборот теорија го користам како термин кој означува научно базирана претпоставка на некој аспект на природниот свет. За да се смета одредена теорија за точна, треба најпрво да биде подложна на повторни и повторни (и повторни...) тестирања. Таквата точна теорија може да била точна и пред да биде тестирана, но нема да била сметана за научна од научната јавност (потенцирам : научната) се додека не била тестирана. Значи зборам за научни принципи. Зборев тука и порано за теоријата која ја тестираме секој пат кога ќе го вклучиме компјутерот. Постои и теорија на гравитација. Сите сме свесни за неа, ја тестираме постојано. Астрономијата работи "на велико" со оваа теорија.. Астрологијата вика, дека треба да се прашуваме, од каде сега гравитација? Епа не знаеме од каде и зошто, што не не спречува да знаеме (или ако сакате, научно да претпоставиме) што е гравитон. Во компликуваноста на одговорот, прашањата кои ги покрева и дискутабилната природа на самото прашање ја гледам апсурдноста на Научна Астрологија.
Има, има уште..
Би било глупо доколку почнам да го негирам био-гравитациониот механизам да речеме. Не е во тоа поентата. Јупитер игра голема улога во нашето потесно космичко ќоше, не можам да речам не. Тој е масивен онолку колку ние не можеме да замислиме.. Привлекува, турка, диктира. Сонцето исто. Исто и сите планети во спрега.
Но би било глупо и да ја одречам кумулативната гравитација (по принципот на Мах - http://en.wikipedia.org/wiki/Mach%27s_principle, заедно со http://en.wikipedia.org/wiki/Foucault_pendulum) на Млечниот Пат со сите ѕвезди, планети и галактичкото јадро, и претпоставените црни дупки, па понатаму од локалната група галаксии преку.. итн.. која би претставувала и далеку постабилно укотвување кое би го "впило" сончевото влијание.
Значи се создава една комплетно замрсена хаотична слика, со непознати фактори, и недоволно рефереци - чиј краен резултат се секако 6-те миљарди "хороскопски" знаци на една мала планета.
Не го порекнувам ниту принципот на генетско памтење, наследност итн.. Сета понатамошна мистификација на моите порекнувањата (или ако сакате порекнувањата на здравиот разум) е ... непотребна.
Астрологијата има слични цели со религиите. Таа може и да се разгледува како прва човечка религија. Како што спомнав погоре. Се бара passover, otherside-ување на човечката свест кон боговите, божиците, аватарите.. Цивилизирана е по својата природа, не викам не. И далеку повеќе би ја преферирал од да речеме христијанството. Но јас би го преферирал и Один, што не го прави него - некоја научно оправдана природна појава.
Нема логички и научни докази кои ги докажуваат и утврдуваат астролошките вистини, таа оди чекор по чекор, му се докажува на ученикот.
Поврзаноста е тука, стотици милиони луѓе легнуваат кога е темно, стануваат кога е светло. Значи Сонцето, очигледно диктира однесување и влијае на свесноста. Но кои се причините за тоа ако ги има, и кои се објаснувањата? Дали е тоа само потврдена и очивадачка поврзаност на човекот со движењата и процесите во вселената, или има тука простор за барање на последната алка што не поврзува со личната митологија, каква што астрологијата, несомнено - е. За полната месечина и нејзиниото влијание врз поведението на поединци, треба само да се пробуричка малце низ полициските извештаји.
Англичаните имаат и термин lunatic. Значи општоприфатена поврзаност, дури и несвесна и до некоја мера "подразбирлива".
Сепак на крајот се доаѓа до една дихотомија во толкувањето на реалноста, во која ја сум под голем агол наклонет кон едната страна. Тоа е страната во која нема лажни претензии и каде што умира секаква надеж на "големина".. а се раѓа надежта за повторно родениот човек, како нешто за кое со еони се тренирал да биде, а се укажува на тоа дека никогаш нема да стане, и надежта умира повторно во иреверзибилен процес. И тоа е убаво.
Види, на крајот на краевите, технички се е наука.
Не верувам во something of that kind, но бОГ е наука (науката на бОГ е дека тој е семоќен). Науката на една ѕвезда е дека во неа водородот се претвара во хелиум.
"Wise men rule the stars, fools let the stars rule them"
Ако се однесува коментарот на бројката (стотици милиони), можеш слободно да дадеш поточна бројка по некакви испитувања, анализи, анкети и пресметки. Нема да ми пречи, ниту мене, ниту на поентата.
„Науката на - од D-507 на 15 февруари, 2006 - 11:16
„Науката на една ѕвезда е дека во неа водородот се претвара во хелиум.“
Тоа е науката на човекот.
Во една ѕвезда може да има и живи интилегентни организми кои можат да живеат само во ѕвезди затоа што на секое друго место ќе се смрзнат од студ. Сета таа област е толку многу неистражена што неможе да се тврди ништо со сигурност. Впрочем сите тие приказни за вселената и незјината природа се најверојатно на ниво на објаснувањата на првобитниот човек окулу природата на земјата.
Ова ти е Даглас Адамс логика.
Поентата беше, дека технички се е наука. Наука, како начин на објаснување на нештата. Јас сум човек, и за мене наука на ѕвездата и наука на науката се две неразделни работи.
Nature is not constrained by your lack of imagination. Додека збориме, незамисливи количини на водород се претвараат во хелиум.
Артур Кларк - од D-507 на 16 февруари, 2006 - 10:03
За суштествата кои живеат во сонцето, прв пат прочитав од Кларк. Една од подобрите негови книги, поточно збирка раскази. Вуди Ален еднаш ми кажа ’Секогаш биди оригинален, а ако веќе мораш да крадеш, кради од најдобрите.’. Технички и млатење празна слама е наука.
Багра, окулу новата рандом мудрост (овде треба да има точка со запирка но поради шугавата веб кирилица нема) Нови системи носат нови проблеми но нови системи значи и дека не се тапка во место. Нови системи значи напредок. Еден ист систем значи назадување.
И јас ги имам читано расказите на Артур и стварно се невероватни. Мислам дека немам сретнато (не мислам во живо) ниту еден друг научник што размислува толку научнички, интелигентно, без предрасуди и бистро како него. Тој ги крши сите ограничени замисли за тоа како едно друго живо(не по секоја цена интелигентно) суштество, кое би се развило надвор од земјата би можело да изгледа. Откачување на сликата за малиот зелен марсовец или издолжените глави со коси големи очи и мала уста и сите други хуманоидни прототипови на вонземјани што нашите мали умови можат да ги смислат или да ги видат во глупите сф. холивудски бљувотини.
Јас ептен забегав од темава, ама гледам нема ништо попаметно на што би можеле да коментирате, па заглавивте на хороскопов.
Инаку јас сум нешто чудно во хороскоп:знак помеѓу риба и овен, подзнак помеѓу јарец и водолија, месечина во лав иа ја сеа да не ви ја раскажувам цела натална карта .
Можеби има нешто во тоа, ама не е баш така како што се претставува.
Ја сум од оние мачковидни форми, нежни, слободни, ловџиски, рунтави.
......и нокти знаат да пуштат за да да гребат, ама исто и да си ги вовлечат внатре, тоа по потреба
Исто и во кинески ороскоп и таму сум див мачкест створ...
ФеВруари им е обично месец за расплод, па се препелкаат наоколу умилкувајќи се: мрњааауууу!!!!!!!
Исто и во кинески ороскоп и таму сум див мачкест створ...
Ми се јави една пријателка пред 2-3 недели да ме водела на вечера. Фактички Кинезите со кои работи ги поканиле колегите да ги водат на вечера во ресторан по повод кинеската година на кучето, па она им рекла дека ќе донесе и друштво. И не отидов, не можев... стварно
Ми се јави една пријателка пред 2-3 недели да ме водела на вечера. Фактички Кинезите со кои работи ги поканиле колегите да ги водат на вечера во ресторан по повод кинеската година на кучето, па она им рекла дека ќе донесе и друштво. И не отидов, не можев... стварно
Ама зашто не си отишла, си требала и мене да ме викнеш, падобранец-падобранец, што има везе па ти .....та не значи мртви кучиња дека ќе сте јале де, нивна традиција си е тоа, be open to cultural diversity, си слават само луѓето!
Абе, кога подобро ќе видам, ти ствааарно некои чудни колешки имаш бе Миси, те некои се’ со носеви што им се бамбури после пар недели, те некои што слават година на кучиња
А да не беше оваа таа колешкава истата, онаа „златната“, л’снатата знаеш...., на човек срам да му е да каже дека ти е другарка мајку му (среќа моја што не сум ти колешка)
П.С. И зошто побогу е постов модериран на компир, koj го тоа направи
Ама зашто не си отишла, си требала и мене да ме викнеш, падобранец-падобранец, што има везе па ти .....та не значи мртви кучиња дека ќе сте јале де, нивна традиција си е тоа, be open to cultural diversity, си слават само луѓето!
Не знам јас тоа... Чудно ми беше да се натерам да вечерам во чест на кинеската година на кучето.
PSYCHOpatka напиша:
на човек срам да му е да каже дека ти е другарка мајку му (среќа моја што не сум ти колешка)
За тоа ич не бери гајле, никој не знае дека си ми другарка.
PSYCHOpatka напиша:
П.С. И зошто побогу е постов модериран на компир, koj го тоа направи
Изгледа некој си вежбал модерисање на мене, или пак јас си имам "обожаватели" од секаков калибар. Важно јас твојот пост го дигнав над нулата, барем ти да не тонеш со мене.
да, да февруари е таков, романтичен месец, полн со љубов, водење на љубов мазење, предење, врткање низ кревет, преспивање, те сакам/ме сакаш итн...
мрњаааау!
јас сум свиња у чајниз
Ја сум од оние мачковидни форми, нежни, слободни, ловџиски, рунтави.
......и нокти знаат да пуштат за да да гребат, ама исто и да си ги вовлечат внатре, тоа по потреба
Исто и во кинески ороскоп и таму сум див мачкест створ...
ФеВруари им е обично месец за расплод, па се препелкаат наоколу умилкувајќи се: мрњааауууу!!!!!!!
Освен шо е февруари, немаш ама баш никаква основа да се повикуваш на мачки, посебно не во нашиов хороскоп...кај има мачка?!- или јас испуштам нешто?! ..(се чеша по тоа тиквата зелена)..
Освен шо е февруари, немаш ама баш никаква основа да се повикуваш на мачки, посебно не во нашиов хороскоп...кај има мачка?!- или јас испуштам нешто?! ..(се чеша по тоа тиквата зелена)..
Чешај се, само февруари ти е у тоа тиквата зелена
Испушташ, испушташ, ја не реков дека сум мачка, него мачковидна форма и тоа таква и таква, има разлика разбираш?
Описно се произнесував за ороскопскиот знак, прочитај пак шо напишав.
Да не е Водолија?
Не
Да не е Јарец?
Не
А да не е Лааав?
Ааааааа да, според описот дали така ти одговара песинџеру?
Затоа е и тоа Р, во мрњауто.....да беше мачка, а стварно зашто па би било, ќе напишев мјааауууу, ring any bell?
Исто и у кинескот, напишав див мачкест створ.
Да не е Тигар, можеби?
Даааа, може бити, не е да не е а?
А дали сте - од PassENGER на 15 февруари, 2006 - 20:48
А дали сте знаеле дека во јужната хемисфера (Аустралија на пример и сл.) не важи нашиов хороскоп? Они го гледаат јужното небо и тие ѕвезди им влијаат- созѕвездија како компас, шестар итн., не ко нас северњациве...
Јеби га таму нема овни и риби ама има шестари во хороскоп, а ја све мислев се зезаат кога ке речат - Јас сум шестар у хороскоп
зошто за се треба да се има повод, исто како да седнете да пиете и веднаш некој-а ( будала) да праша , за што е поводот? хм,хм
толку од мене, благодарам на вниманието
Последни коментари