4 декември, 2008 - 05:49
[веб кирилица]

ЗОИ 2006 на кој јазик?

од Националист на 11 фев 2006 - 00:47

Убава снежна вечер беше тоа 10 Февруари 2006 околу 20 часот и 17 минути. Со сите зимски реквизити (санки, скии и сл.) по завршениот Снешко Белич пред маалската зграда, удобно се сместив во мојата фотелја за да го гледам неповторливото Отварање на ЗОИ во Торино 2006. Како и секој поштен македонец кој плаќа Радио Дифузна такса, очекував по обичај да си го гледам на мојот Национален Државен и секако домашен канал. И секако, пренос имаше на МТВ 2, ама да ве разочарам немаше пренос на нашиот македонски јазик! Значи свативте, преносот беше на албански. Што воопшто не ми смета, него ми смета зошто дудуците од МТВ (на чело со Стошиќ) не направија да има и македонски пренос?

Ве молам, немојте според никот да ме осудувате како националист, корисничкото име ми е само една мала пародија на денешниве националисти, воопшто (повторувам ВООПШТО) не ми сметаше што имаше пренос на албански, зошто немаше на МАКЕДОНСКИ?! Давајте броеви од МТВ планирам да им се испојавувам и се по ред да им изнапцујам.

Опции за гледање на коментари


сликата на SuperGirl
А да удреше - од SuperGirl на 11 февруари, 2006 - 01:06

А да удреше уште едно next на даљинското ќе видеше дека имаше пренос на третиот канал. Ако ипак ти се пцуе што не бил на првиот канал види на http://www.mtv.com.mk може има негде телефонски броеви.

Имаше пренос на македонски - од kingpin на 11 февруари, 2006 - 01:19

на трет(собраниски) канал [се смее]

сликата на Аждер
Oсуден! Oсуден! - од Аждер на 11 февруари, 2006 - 02:19

Oсуден си! Што воопшто си го напишал ова тука. [јазик]

сликата на Националист
не ме заебавајте - од Националист на 11 февруари, 2006 - 04:12

Тој ебан трети канал едвај се фаќа нема сигнал на него да гледам не ми е ни мемориран. Ебате телевизијата ебате уште кога ќе помислам колку пари не црпат за да не дупат во гз ми ида...