Високово образование денес понекогаш знае да биде многу високо. Има некои факултети во држава кај нас, амерички, европски, несакам да ги именувам сега, ама тие факултети имаат многу многу чудо поимање на поимот високо образование. Се изненадив кога дознав дека има испити од цели сто страници текст. Не можев да поверувам кога видов испит од цели осумдесет страници. Високо образование. Диплома за неколку лијади евра, и морон ќе заврши што се вика. Супер. Да имав неколку милиони евра, ќе си дозволев на себе си да ги понижам дотичните факултети. За една година едно шест такви факултети ќе завршам. Мислам, сто страни, може по еден испит дневно да давам, и притоа да ми остане и време за одмарање ехеееее. Да ти ебам факултетите такви. Високо образование. А на еден од нив Латас студира, уште и се влечка морам да напоменам. И што после со таква диплома.
Последнава* реченица од текстов може многу лесно да се доведе во прашање, затоа што според некои во македонскиот јазик неможе да се започне реченица само со ’и’, а остро око ќе забележи дека последната реченица е прашална ама има напишано точка. Али згодно е да се воведе ново правило, според кое на крај од реторичко прашање нема да се пишува прашалнак затоа што во повеќе случаи доаѓа до забуни кај луѓето и претежно тие одговараат на такви прашања. За да го потврдам муабетот и јас ќе се збунам и ќе одговорам; па ќе ја урамиш – нормално**.
* Последната, а и не само последната реченица во текстот е прашална, и сите се реторички и се завршени со точка, што е многу невообичано и ненормално***.
** Нормално е уште еден збор чие значење може многу лесно да се доведе во прашање.
*** Види нормално.
Ова нема врска со муабетов, ама има уште една земја во светов кај што нема бездомници. Исланд. А има и уште неколку други. Како и ќе ги има кога надвор е -47. А можеби и ги има ама постојат само многу кратко време па се далеку повеќе незабележливи од тие во потоплите краеви. Нема бездомници на -47, барем не бездомници што просат. Бездомници може има ама ако седи надвор да проси наебал, единствено што му останува да направи е бегање од град, село, и градење игло покрај некое езеро. Прибор за ловење риба се подразбира. Ама ако има игло тогаш не е бездомник, а просење на -47 не е баш добро по здравјето (можеш многу лесно да се укочиш) така да може да се каже дека нема бездомници и просјаци.
Си викам готово е со овој текст, но сфаќам дека сум пропуштил еден битен елемент.
Што излегува од тоа високо образование што го спомнав.
Значи дипломирал, докторирал на факилтет и сега е научник. Научници има секакви. Ќе го земам за пример кафети и научните истражувања за неговата штетност врз човековиот организам. Јас до сега сум чул за четири различни резултати. Значи научниците испитела и заклучиле; кафето е штетно, кафето не е штетно ако пиеш до три дози дневно, кафето не е штетно и кафето е добро за организмот. Значи четири различни резултати од четири научни тимови и сите различни. Логично човек ќе заклучи дека седумдесет и пет проценти од научниците не се научници воопшто (впрочем и осумдесет посто од факултетите се моронски па не ни чудо што тоа е така). Мотивите на оние кои викаат кафето е корисно и кафето нее е штетно, не сакам да ги анализирам затоа што сметам дека се многу очигледни. Е тоа се научници. Барем според статистика кога е истражување на кафе во прашање. И сега во оваа ситуација може многу лесно да се доведе во прашање значењето на зборот научник. Сето тоа е една стварно незгодна ситуација знаете, ситуација во која исклучоците треба да го потврдуваат значењето на поимот.
Кога ќе дојде еволуцијава, поѓаволите, ми се скурчи да чекам. Заборавив, ја сузбиваат ете каде е. Еве ви научно истражување (кога веќе го доведов во прашање знаќењето на зборот научник што да не) до кое дојдов сосема случајно за само неколку секунди, просто се појави од никаде, а сигурен сум дека може да се докаже. Системот влијае на еволуцијата т.е. не назадува, мислам, ние можеби одиме напред, ама може сето тоа многу побрзо. Имено има многу пречки поради потребите на пералните на мозоци, но да не должам, а и немам собрано ниту еден конкретен доказ на таа тематика, впрочем веќе напоменав дека ова го открив пред неколку минути и немам размислувано на таа тематика повеќе од - еве веќе неколку минути поминаа. Во никој случај не се ни обидувајте да ја истражите целава оваа работа повеќе и потоа да излезете јавно барајќи некое признание, нобелова награда можеби, поради откритието затоа што најверојатно ќе завршите во лудница или два метра под земја или под вода, како и да е. Така да, ако помисливте да ми ја украдете идејата, заборавете на сето тоа или ставете ме како коавтор, за секој случај – никогаш не се знае. Ако пак успеете секогаш можам да ја искористам багра како доказ дека моја е идејата, освен во случај багра да е замешана во сето тоа. Е тогаш веќе ништо неможам да направам, освен киднапирање и изнудување на седумдесет и пет проценти од наградата, и тоа во кеш, необележани банкноти нормално.
Можеби подобро име на темава би било: Неврзани муабети.
Исправна категорија за темава би била хумор, пошто нели, животот е виц, а тревата што ја издував пред еден час е одлична.
п.с. Сите сме ние испрани сакале да признаеме или не, само кој повеќе, кој помалку. Не викам дека неможеш целосно да се пробудиш, но и не верувам дека во овој систем некој може да остане имун на машината и тоа имун на сите полиња кои се засегнати, особено во периодот кога сме најподлежни на влијание, кога сме само мали дечиња.
Последни коментари