4 декември, 2008 - 05:09
[веб кирилица]

Фајт клаб

од ZisDead на 30 јан 2006 - 22:24

Не мислам на филмот, туку на емисијата што редовно оди на Еуроспорт. Прати ли некој? Прав крвав спорт, мајагери, колења, нокаути, говеда од 2.20цм против пола метар помал човек,... лудило организирано на највисоко ниво.

Опции за гледање на коментари


сликата на miopa
O: Фајт клаб - од miopa на 30 јануари, 2006 - 23:50

Супер е.

Порано некако глупо ми беше да гледам како „некои се тепаат“, ама уствари не сум знаел што да гледам [се смее]

Ултимејт Фајт не ми се допаѓа толку, ама К1 е таман. Како мал се сеќавам често сме дискутирале со другарите дали каратист е појак од боксер или слично (заклучивме на крај дека нинџа е најјак [се смее]), ама еве конечно и можност да се соочат најразлични боречки вештини и филозофии.

На страна овој аспект, се работи за спорт кој бара огромна сила, вештина и концентрација на едно место, во последно време ми е меѓу најгледаните.

сликата на Ричи
Многу поштувам - од Ричи на 31 јануари, 2006 - 00:42

Многу поштувам фул контакт, кик бокс, бокс и сите пропратни вакви спортови! Гледам скоро редовно ултимејт, к1 итн, а еуроспорт за жал неам.

Иначе лека полека ултимејт фајтингов почна да се фура и кај нас. Баш пред некој ден имаше борба, Дацо од Кочани со еден европски екс-првак али не знам што бидна (ако некој има некоја информација нека пише). А иначе му бев на борбата у Скопје со бугарскиот шампион и стварно го здрви од маање (јес да само со нога му еба матер, али добра борба падна)

ZisDead напиша:

говеда од 2.20цм против пола метар помал човек

ако збориш за Јапанацот (Суи мислам се викаше, над 2,10цм е) добро го попи од Холанѓанецот, кој пак си ја одбрани титулата. Наредната нивна борба треба да биде интересна. [се смее]

сликата на JohnFoe
Страствен - од JohnFoe на 31 јануари, 2006 - 01:58

Страствен љубител овде. Точно, треба да знаеш што да гледаш, затоа сега на она последното финале во Токио не му се восхитував на Семи, туку на Феитоса. Каков ѕвер од воин е тоа.. Уф. У принцип сакам што потенки рукавици и борба во партер (миљон комбинации има, затоа и вака класифицирам). Да и јас бев на фајтот што се организираше пред некое време у дом на АРМ, ама тоа беше бљувотина у споредба со она што го глеам на екран. Добро можеби не до толку, ама сепак, далеку поаматерски. Не знам колку се знае за најавите на Александар Маленко да се проба во К1. У принцип такви градби (пливачи - дебела кожа, ама широки раменици, издолжени делтоиди, недостаток на кор пауер) се топовска храна, ама никад не се знае, ионака као пливач нема иднина..
Она што идеше на ТВ4 миљон пати репризирано, UFC, е таму фаворит ми беше секогаш Верисимо, и оној мммм, што му ја пукна еднаш подлактицата на еден огромен 5 на 6 у клуч.. не ми текнува на името. Млад релативно, кратка црна коса, УСА, не е битно. На времето пратев и 2hot2handle поревносно, итн.

У принцип, како најдобар стил за борба гради у гради, е некоја мутација на таи бокс (без умртвени цеваници, железни колена, препони од гума и кор пауер ништо) - (тие 45 кила тешките тајланѓанчиња што имаат 823 удари у секунда, а борби често траат по неколку рунди, мавање нон-стоп), а за у партер, нормално никаде без основата - џудо. Силина на удар, должина на раце, коскена структура на лице, тоа е у помал процент битно според мене, техниката а и менталната стабилност е попресудна.

Уфффф, вајоленс!

сликата на toomuchisnotenough
видиш, ова па - од toomuchisnotenough на 31 јануари, 2006 - 07:08

видиш, ова па све се разбира. и сеа, кај ќе го лоцираме проблемот во твоето писмено изразување? во структурирањето на апстрактната мисла?

сликата на JohnFoe
Зависи што - од JohnFoe на 31 јануари, 2006 - 14:38

Зависи што подразбираш под апстрактна мисла.. И дали воопшто имам проблем во писмено изразување.. Можеби се ова работите кои и ти подобро ги разбираш..

сликата на BugS
Еве ја истата - од BugS на 31 јануари, 2006 - 08:50

Еве ја истата тема, постирана пред неполни 2 години.
[се смее]

Мои фаворити:

The flying gentleman.
Kaoklai Kaennorsing.
Ruslan Karaev.
Wand (Pride).

Инаку во Кочани викендов бил Мирко CroCop Филипович. Најверојатно ќе го тренира оној Кочанчанецот, заборавив како се вика.

сликата на JohnFoe
Боњевски е - од JohnFoe на 31 јануари, 2006 - 14:42

Боњевски е преценет.
Инаку што му остабува на Мирко Уашдап... Послед фудбал, Кочани..

сликата на BugS
Цитат:Боњевски - од BugS на 31 јануари, 2006 - 14:56

Цитат:

Боњевски е преценет.

Уопште не се согласувам со ова. Боњаски е вистинска дефиниција за кикбоксер и го има најдоброто летачко колено у светот. Копија на Sagat од Street Fighter. Резултатите не лажат:

*TITLES*
W.P.K.A. World Superheavyweight Champion
K-1 WORLD GP 2003 in Las Vegas Champion
K-1 WORLD GP 2003 Champion
K-1 WORLD GP 2003 & 2004 Champion

*BOUT RESULTS*
67 Fights 55 Wins 12 Losses 31 KOs

Инаку пред да почне професионално да се занимава со кикбокс, Реми бил банкар, па потоа манекен. [се смее] Go figure.

сликата на ZisDead
Боњески - од ZisDead на 31 јануари, 2006 - 14:56

Многу ќутек изеде на последното финале во Токио. Семи Шилд го исплеска како мало дете.

П.С. Не е БоњеВски, туку Боњески. Изгледа од струшко е детето.

сликата на JohnFoe
За П.С.-от, тоа - од JohnFoe на 31 јануари, 2006 - 15:06

За П.С.-от, тоа ми е од фикс идеи. Порано "еден амерички тенисер" го викав Џим Кериер. =)

Како и да е, Реми, ми е преценет, ѕвезда, маркетинг, за на слики, затоа така реков. Он е квалитетен, ама не е мој избор.

Френк Мир се викал дечкото од UFC. Тивок, кул, смирен, излезе со Tim Sylvia и тепаше за помалку од минута. Кој рече дека се е во пуштањето крв?

сликата на BugS
Семи Шилт е - од BugS на 31 јануари, 2006 - 15:13

Семи Шилт е селска врба. А може да послужи и како стап за чукање ораси.
Според мене тоа беше најнезаслуженaта ГП титула било кога. Не знам како само успеа да му се промакне на Реј Сефо.

O: Фајт клаб - од Сељачиште на 31 јануари, 2006 - 09:42

ZisDead напиша:

Не мислам на филмот, туку на емисијата што редовно оди на Еуроспорт. Прати ли некој? Прав крвав спорт, мајагери, колења, нокаути, говеда од 2.20цм против пола метар помал човек,... лудило организирано на највисоко ниво.

Се палиш, а?

сликата на ZisDead
шут - од ZisDead на 31 јануари, 2006 - 11:32

шут ми

сликата на Аждер
модерна - од Аждер на 31 јануари, 2006 - 09:46

модерна гладијаторска арена.