Слушна ли? Овие пак се спукале, и тоа на 500 метри од мојата куќа. Абе слушам јас нешто пукање од некое потешко оружје ама викам ај некој свадба прави или нешто слично.Кога слушам на вести...
Кога слушам на вести сакале да го минираат тетовски мост.А баш вчера околу 3 саатот поминав до бензиска да си купам цигари.За малку ќе сум се разминела со тие, незнам повеќе и како се не се викаат.Имало Господ.
Станав уште во 7:30 за да слушнам нешто повеќе на вести, ама изгледа дека предизборните кампањи и сите срања околу нив се поважни од мирот, кој мислам дека и баш го немавме откако почна сето ова срање со борбата за правата на таканаречените Албанци.Уствари целава работа почна да ми станува нормална, зошто никој не обрнува внимание и не и придава некое поголемо значење.Вестите од Македонија почнаа да ги стааваат после оние за Израел и Палестина, и таму си некои политичарчиња на кои и незнам правилно да им го изговорам името.
Него да не забегувам и јас како оние на вестите, муабетот ми беше:Свесно ли оставаме да се развијат можности кај таканаречените Албанци за уште една борба за права.Сите сме свесни дека уште еднаш ќе ни се случи она што некои го нарекуваа дури и војна, само поради тоа што сега нашите политичарчиња се презафатени со нивните мегаломански предизборни кампањи и лигушењето од куќа до куќа со 5 кила патлиџани. Па слушам на вести дека оној...уствари нема потреба јас да ви кажувам, пушти вести и ќе се увериш, за какви не срања се се прави муабет, само за нас ништо. Изгледа ни умрела циганката што не фалела, уствари што и да зборувала за нас.
Него ја забегав тотално,уствари и таква е темата ако почнеш нешто да разглабаш ти отиде цел ден шткарајќи по тастура. Сакав да кажам, дека оваа мала, но среќна државичка треба да ја води народот, зошто тој најдобро знае што е најдобро за него. Додека сите политичарчиња и сите кои се интересираат за политиката, да не зборувам за оние што мислат да се вклучат во неа треба да се протераат од државава, по можносто на некое место каде временските услови се навистина ужасни, на пример на северниот пол. Тогаш може да се осети просперитет и благосостојба во нашава прекрасна државичка. Па да видиме дали после нашите луѓе ќе бегаат од тука за парче леб, дали младите кадри ќе работат и напредуваат во трети држави и дали на кој и да му текне ќе врти пушка кон секогаш добронамерниот и гостопримливиот МАКЕДОНЕЦ.
п.с. Сакајте го само оној што ве сака. :)
Последни коментари