БАЗЕЛ, Швајцарија -- Кога Кевин Херберт има особено тежок програмерски проблем, или пак се наоѓа пред донесување на голема одлука за неговата кариера, тој употребува едно моќно средство за проширување на свеста -- LSD-25.
„Тоа мора да менува нешто во внатрешната комуникација на мојот мозок. Кој и да е мојот внатрешен процес што ми овозможува да решавам проблеми, тој функционира поинаку, или пак можеби се користат различни делови од мојот мозок,“, вели Херберт (42), еден од раните вработени во Циско Системи, кој што вели дека ги решил најтешките технички проблеми додека трипал на тапански солоа од Грејтфул Дед -- кои што се меѓу многуте уметници инспирирани од LSD.
„Кога сум на LSD и слушам нешто што е чист ритам, тоа ме носи во друг свет и во друга мозочна состојба каде што престанувам да размислувам и почнувам да знам,“, вели Херберт кој што има интервенирано да се забрани тестирањето за дрога на технолозите во Циско Системи.“
Херберт, кој што живее во Санта Круз, Калифорнија, им се придружи на 2000 истражувачи, научници, уметници и историчари кои што се собраа овде во текот на викендот за да го прослават стотиот роденден на Алберт Хофман, швајцарскиот хемичар кој што го откри LSD овде во 1938. Стогодишникот доби писмо со честитки од швајцарскиот претседател, ружи и спонтан бакнеж од една млада жена од толпата.
<…>
Во текот на прес конференцијата во петокот, Хофман откри дека добитникот на Нобеловата награда, хемичарот Кери Мулис му има кажано дека LSD му има помогнато да го развие полимерската верижна реакција која што му помогнала да ги зајакне специфичните ДНК секвенци.
Во својата презентација, уметникот Алекс Греј спомна дека добитникот на Нобеловата награда Францис Крик кој што ја има откриено двојната хеликсна структура на ДНК, исто така им има кажано на пријателите дека добил инспирација за своите идеи од LSD, според еден новински извештај.
На собирот се водеше и дискусија за тоа како раните компјутерски пионери користеле LSD за инспирација. Даглас Енглбарт, изумителот на глувчето, Мајрон Столароф, поранешен инжинер во Ампекс и LSD истражувач кој што присуствуваше на симпозиумот, како и коосновачот на Епл, Стив Џобс се некои од нив.
<…>
Запрашан дали на светот му е потребнo неговото откритие, Хофман рече дека се надева дека базелскиот симпозиум за LSD ќе создаде соодветно место за LSD во општеството*.
„Мислам дека никогаш во човековата еволуција не било олку потребно да ја имаме оваа супстанца LSD,“ рече Хофман. „Таа е само средство за да се претвориме во она што би требало да бидеме.“
Интегралниот текст се наоѓа на http://www.wired.com/news/technology/0,70015-0.html?tw=wn_story_page_prev2
______
* за повеќе информации окулу новите истражувања за применливоста на психоделиците во медицински цели во сад, прочитајте овде
Последни коментари