Астрологијата не е наука

Во моментов, на МТВ оди емисијата на Иван Мирчевски, „Не заспивај сега“. Во неа темата е астрологијата. Поканети се гости кои ја поддржуваат астрологијата како наука, и гости кои се против. Јас ќе коментирам само за дилемата дали астрологијата е наука или не.

1. Аргументот на астролозите дека астрологијата е наука е дека таа користи научни знаења и методи (астрономија, математика, геометрија и слично), па оттука следи точноста на нивното тврдење.

2. Аргументот на противниците на астрологијата е дека независно што астрологијата може да користи алатки, знаења и методи кои се признаени од науката, таа сепак не е наука бидејќи не е егзактна, односно бидејќи не е мерлива, и бидејќи не постои начин да се докаже нејзината вистинитост во еден зададен систем. Со други зборови, астрологијата дава различни резултати, често спротивставени, и не постои метод или експеримент кој ќе ја покаже нејзината точност во секој можен случај.

Науката ги признава своите грешки, и секогаш се стреми кон вистината. Науката секогаш бара практични и емпириски методи со кои ќе ја докаже вистинитоста на својата теорија. За една теорија да биде точна, таа треба да е точна во секој можен случај. За да се побие теорија, доволно е да се побие во само еден случај.

Целата оваа дилема ме потсеќа и на сличната спротивставеност на аргументите на науката со својата теорија за Еволуција, и нејзините противници, со теориите за Креација и Интелигентен дизајн. Горе-долу, дилемите се расчистуваат на сличен начин, само дали има некој кој сака да ги прифати аргументите?

Апдејт:

Емисијата заврши, и беше тапа од аспект на давање одговор на основните прашања кои ги постави (додуша и за очекување, со обзир дека се работи за забавна емисија). Астролозите изнакажаа еден куп глупости и логички испревртени „факти“ со кои се трудеа да ги аргументираат своите тврдења, нормално постојано заборавајќи да ги пополнат огромните дупки на логичко и фактографско ниво.

Најсмешни ми беа нивните од ракав извадени податоци, со кои се расфрлаа во текот на целата емисија: некои генерални податоци како на пример дека „толку и толку проценти“ од „тие и тие“ правеле „тоа и тоа“. Секако, сите тие работи кои ги кажуваа: 1) немаа никаква основа или релевантен извор, и 2) беа сосем неважни за докажувањето дека астрологијата е наука.

Ете, ако сметаат дека сум ги оцрнил премногу и ако имаат факти со кои ќе ме побијат во тоа што го кажав погоре, нека дојдат дома кај мене - тие сигурно знаат каде живеам.

Астрономите, од друга страна, упорно се трудеа да направат поента, но сепак разговорот се водеше на две нивоа на разбирање, да не употребам некој погруб термин. ;-)

Како и да е, иако вистинските аргументи не допреа до повеќето во студиото (изгледа вклучувајќи го и водителот, бидејќи не покажа дека ги идентификувал и врз нив да го гради натамошниот тек на разговорот), иако не допреа до поголемиот дел од публиката (претпоставувам, според јавувањата и според образованоста во нашата земја), сепак допреа до некого и тоа е доволно за сега.

На астрономите им препорачувам да регистрираат вебсајт (why-astrology-sucks.info хе, хе, хе) и таму да ги сложат убаво сите аргументи кои ги имаат против астрологијата. Во меѓувреме, посети го нивниот сегашен вебсајт, astronomija.com.mk.

--
Од Panta Rei.

Опции за гледање на коментари

Избери го посакуваниот начин за прикажување на коментарите и кликни на „Активирај“ за да ги видиш измените.
Слика на toomuchisnotenough

единственото

единственото нешто во што астрологијата е слична со науката е тоа што и таа е систем за толкување на окружувањето и човечкото искуство. кога астрологијата би била наука, нејзините предвидувања би требало да се секогаш апсолутно прецизни и точни, што не е случај.

најголемата беља на астрологија и ги прават неделните хороскопи што ги гледаме во жолтиот печат -- обидите да се сведат судбините на над 6 милијарди луѓе во дванаесет општи категории се безнадежно смешни.

пред пар години гледав еден прилог на дискавери кој што ја претстави астрологијата на начин кој што го омекна мојот презир кон неа:

ако некој вонземјанин дојде на нашата планета и помине доволно време на некоја железничка станица, наскоро ќе забележи одредена корелација меѓу движењето на стрелките на часовникот и доаѓањето и заминувањето на возовите. потоа, тој може да си го постави следново прашање: дали стрелките на часовникот ги движат возовите, или пак возовите ги движат стрелките на часовникот?

се разбира, прашањето е бесмислено, бидејќи ниту еден одговор не е точен -- она што вонземјанинот не може да го забележи со едноставно набљудување е тоа дека постои _невидлив_ систем (возен ред) кој што е посредник во оваа корелација.

доколку оваа аналогија се примени врз астрологијата, може да се рече дека таа се обидува да укаже токму тој имплицитен ред кој што влијае како на движењето на ѕвездите, така и на карактеристиките на живите битија. колку и да е ова незамисливо во тековната научна парадигма, не е исклучено дека еден ден ќе бидеме во состојба да го експлицираме на научен начин.

но, како што стојат работите денес, астрологијата не е наука, исто како и алхемијата.

Слика на GoodBytes

Една мана, што не се во Индија

Имаше еден момент од дискусијата, кога астролозиве се фалеа дека во Индија, како ли беше, некои 30% од популацијата верувале во астрологија.

Мене веднаш на памет ми дојде мислата: значи дури 70% од толку очајно неписмено население какво што е во Индија, успеало јасно да проѕре низ материјалистичките пориви на астролозите и да избере да не верува во нив! ;-)

Друга работа која ми се виде смешна беше што тројцата присутни астролози не можеа самите меѓу себе да се договорат. Едниот верувал во некоја си, не знам, „индиска“, другиот во некоја „западна“, а третиот во „природна“ астрологија. И секој за себе (без покритие, нормално) тврдеа дека нивната астрологија е онаа вистинската.

Јас би им дал задача на тројцата да ми направат натална карта (вака се викаше?). Ќе им ги дадам истите податоци на сите, и нека го изработат нивниот елаборат. На крај, ќе ги споредиме резултатите. Ако се различни, тогаш барем двајца од нив се измамници. :-)

---

Слика на PetarK

Actually, некаде

Actually, некаде имам прочитано дека во Индија астрологијата е празноверие популарно кај брамините, т.е. „највисоката“ каста на учени луѓе.

Слика на Zelka

јас имам

јас имам приметено дека имаат врска карактерните генералии кои важат на сите знаци. инаку не читам да видам дали марс ми е влезен во седмата куќа, ор ватевер!

Слика на GoodBytes

Каде ми е Марс?

Баш напротив, астролозите пак САМИТЕ тврдат дека е измама или забава обидот да те напикаат во генерална категорија преку стандардните кратки хороскопи по весниците. Односно дека единствен начин да добиеш точни одговори е ако ти пресметуваат точно за тебе.

БТЊ, кога спомна веќе „каде ти е Марс“, картите кои се користат во астрологијата се стари и неточни.

А што, ти забележа дека близнаците се дволични, дека раковите се повлечени или дека лавовите се егоистични? :-)

---

Агрегирање содржина