Дали сакаш твојата партнерка да биде секогаш среќна и задоволна? Како? Едноставно, следи ги точките кои ќе те направат успешен маж да и удоволи на секоја жена според нејзините ПРАВИЛА :)
1) Жената секогаш ги прави ПРАВИЛАТА.
2) ПРАВИЛАТА може да ги менува без предупредување.
3) Ниеден маж не е возможно да ги знае ПРАВИЛАТА.
4) Ако жената се посомнева дека мажот ги знае ПРАВИЛАТА, мора веднаш да смени некои од нив.
5) Жената никогаш не греши.
6) Ако направи грешка, тоа е поради срамното недоразбирање предизвикано од нешто што мажот рекол или направил погрешно.
7) Ако се случи точка 6, мажот веднаш треба да се извини што предизвикал недоразбирање.
8) Жената може да се предомисли во секое време.
9) Мажот не смее да се предомисли без предходно писмено да ја извести жената.
10) Жената има право да биде лута или вознемирена кога сака во секое време.
11) Мажот мора да е смирен секогаш, освен ако жената не посака тој да биде лут или вознемирен.
12) Жената мора, без исклучоци, да му дозволи на мажот тој да биде налутен или вознемирен, не може своевoлно.
13) Се очекува од мажот да и ги чита мислите на жената цело време.
14) Стално е важно што жената мисли, не што таа збори.
15) Ако мажот не може да живее според ПРАВИЛАТА тоа е поради тоа што тој е без’рбетник, плачко и неможе да издржи зашто е млитав и мекуш.
16) Ако жената има ПМС сите ПРАВИЛА се нула и ништо и мажот мора да и го исполни секој кеиф на жената удоволувајќи и нејзе.
17) Ако мажот дрско се осмели да не и обрнува задоволително внимание на жената и ја прави незадоволна според ПРАВИЛАТА треба најстрого да биде казнет.
18) Ако е луд и се осмели да и даде внимание на друга жена по ПРАВИЛАТА треба сурово да биде казнет и веднаш сменет со нов примерок.
19) Ако мажот некогаш поверува дека е во право, треба веднаш да се потсети на точка 5.
Последни коментари