4 декември, 2008 - 07:11
[веб кирилица]

Заглавив

од Diabl0 на 13 јан 2006 - 10:52

Заглавив на Цивилизација 4, а убаво не играв игри со години.

Последното заглавување на цивилизација (првиот дел) значеше отсуство од школо месец и нешто, слабо спиење, чудни соништа, губење на неколку килограми, подочњаци како на закоравен пијаница, итн..

Опции за гледање на коментари


сликата на Chima
се откажав - од Chima на 13 јануари, 2006 - 11:04

До 2001 бев пасиониран љубител на компјутерски игри , не одев на факс , не спиев , не излегував како сега , ама тогаш со декрет забранив јас или било кој да ми инсталира игри на моето ПЦ , уште пратам кои игри излегуваат , дури ги читам рецензиите за нив ама за чудо издржав да не инсталирам ништо. Следното мое дружење со игри го закажувам кога во иднина на децата ќе им купам некоја конзола и јас ќе бидам малку порелаксиран , ако почнам да играм пак во овој период гадно ќе се заебам [се смее]

сликата на BugS
Игрите у - од BugS на 13 јануари, 2006 - 11:17

Игрите у последно време имаат higher addiction rate than crack cocaine. Особено оние мултиплеер рол плеинг (World of warcraft, EverQuest и сл). Бегајте од нив како од ѓавол!

Цитат:

If you don't know what an "MMORPG" is, don't worry. It's a geek term, like "e-mail" used to be a geek term. For now let's just say it's the most instantly gripping, involving and demanding entertainment technology ever invented. The addiction rate appears to be about twice that of crack Cocaine. There are 10 million MMORPG users in the world and their population is doubling every two years.

http://www.pointlesswasteoftime.com/games/wowworld.html

WOW може вода да - од Diabl0 на 13 јануари, 2006 - 12:18

WOW може вода да и носи на цивилизација. И тоа на оној првиот дел кој на времето го набавив на 4 дискети, а се отпакуваше со легендарниот арј, и се заглавуваше прописно. Дефинитивно игра која ги смени компјутерските игри засекогаш и воведе нов жанр и стандард во изработка на игри. Типци и типки кои се палат на воркрафт не поднесувам, пошто сум изиграл некоја стаза од третиот дел и ми е комплетно тапа игра. Стратегија нула. Типична пуцачина, ако ме прашувате мене, со мали елементи на стратегија. Заразна игра за дебили и дебилки кои не знаат што е тоа стратегија, реалтајм или турнбејз, сеедно. Не знам како некој може да се навлече на таква бљувотина.

Инаку луѓето од Сид Мајерс свесни за зависноста на играта уфрлиле и алрам кој се подесува на одредено време, а има опција и цело време во ќош да се прикажува часовник. Сето тоа е сепак излишно затоа што ќе заѕвони алармот, а ти ќе кажеш, ај само уште еден потег, уште само ова, уште ова, и кога ќе се освестиш веќе дошло пет наутро, па само слегнуваш со рамената и викаш, јеби га, сеа не мора ни да легнувам веќе, ионака ако легнам не можам да станам за на работа. Нормално, на крај каснам и на работа.

сликата на Зелен
КОНЕЧНО ! (: во - од Зелен на 13 јануари, 2006 - 15:14

КОНЕЧНО ! (: во право си за Warcraft3 жива тиња е и нема врска со RTS стратегија. И шо напраија измислија сценарио дота која е максимално аркадизирана варкрафт. Единствена дамка во беспрекорното портфолио на близард.

За WOW сите статистики говорат против тебе.

За WOW сите - од Diabl0 на 16 јануари, 2006 - 14:19

За WOW сите статистики говорат против тебе.
--------------

Не се потпирам секогаш на статистиката.

Инаку омилен - од Diabl0 на 16 јануари, 2006 - 14:17

Инаку омилен лик ми е Асока од Индија, а размислував деновиве да напишам рецензија за играта меѓутоа немам толку време.

„Вие ќе направите бродовите да пловат по морето без едра и ветар? Ве молам не ме замарајте со вакви глупости.“ Цитат од играта, не сум забележал баш од кого е. Низ играта има многу цитати од разно-разно личности.

Заглавив - од Ajkula на 30 јануари, 2006 - 18:53

Заглавив едно 15 години со ова игриве и така да ако некој студира психологија можеби и како добар пример за обсервација ќе може да му се најдам

Инаку за луѓе од моја крвна група ( манијаци по стратегии) им препорачувам да ја пробаат Hearts of iron 1 i 2. Двојката ке каде каде подобра посебно откако ке се инсталираат новите пачови. Јас како искусен во играва теско ми оди на нормал и тоа против компјутери. Инаку играва реал тиме стратегија на втора светска војна. ако некој ја земе мозе слободно да праша за совети. Јас еве некои 2 години со ја поигрувам мулти плајер модот исто така е добара ама на двојкава беше многу нестабилен и често паѓаше

сликата на Новица
civ ii - од Новица на 30 јануари, 2006 - 20:24

Јас на времето сериозно бев навлечен на Civ II. Се сеќавам, мајка ми од дома ме бркаше...

Не верувам дека сега пак би седнал да играм игрици, ама би сакал да ја видам Цивилизација 4. Ја има негде? [се смее]

Ја има! Јас ја - од Diabl0 на 31 јануари, 2006 - 10:25

Ја има!

Јас ја купив од Зелен Пазар.

Како пациент кој еднаш бил тешко заразен на цивилизација тешко дека ќе останеш само на гледање на цив4.

сликата на Zelka
а вие рекламата - од Zelka на 31 јануари, 2006 - 14:12

а вие рекламата за цив4 не сте ја гледале? кога се на терапија еден куп луѓе и се декларираат како зависници на цив4. јас во моментот ја играв 3-јката и ја гледам рекламата и престанав да ја играм.
иначе јас играм од 4-то одделение, и меѓу првите игри ми беше цив, па цив2, па цив3 и тука ставам крај! доста! нема да ја играм четворката!

заглавив - од Ajkula на 31 јануари, 2006 - 14:40

Со цел да не заглавам на цив 4 нема да си го појачам компјутеров мислам дека нема да ми работи на дурон 700 со 256 рам и слаба графичка картица.Пред 10 години не отидов на одмор пошто се пазарев со моите кешот за одмор да го потрошам за доградба на компјутер. Како пациент сум бил нели. (ова баш и не е за фалање ама е добар пример за другите) Јас отидов на Квадрат прва година факс кога ја играв Цив 1 бркав проценти и стигнав до некои 156% на крај. Браќата од Сет Дејан и Игор во тоа време правеа весник за компјутери. Јас го пишував текстот описот за цивилизација 1 ( фати некои 4 страни). Штета што весникот престана да излегува пазарот во тоа време конзумираше Свет компјутера

сликата на Новица
ајде - од Новица на 1 февруари, 2006 - 23:41

Ете, земав една двд копија од еден чика со брада на зелен пазар. Али како по ѓаволите се стартува сето ова? Миљарда кракови и чуда. Не сум инсталирал игра едно 6 години. Која е постапката?

Збор по збор, дел по дел, ако може - пошто тоа што го пробав не ми успеава. [се смее]

сликата на BugS
Претпоставувам - од BugS на 2 февруари, 2006 - 08:31

Претпоставувам дека си земал алкохол имиџ на двд.
Инсталирај daemon tools или Алкохол (ваљда ги има негде кај краковите шо ги збориш) и после маунтувај го имиџот. Останатото е стандардно: Next, Next, Next, Yes, Next, Finish.
[се смее]

O: Претпоставувам - од mu4ddib на 7 февруари, 2006 - 11:33

BugS напиша:

Останатото е стандардно: Next, Next, Next, Yes, Next, Finish.
[се смее]

Хахах

сликата на D-507
Инсталираш Deamon - од D-507 на 7 февруари, 2006 - 09:25

Инсталираш Deamon Tools. (програмчево креитжра виртуелно цд)
Датотеката на цд-то е слика 'image' која треба да ја mount-аш во ДејмонТулс.
Потоа ја инсталираш играта.
Следен програм кој ќе ти треба е Safe Disk Hider или AntiBlaxx, јас би ти препорачал овој првиов.
Го отвараш SDH, кликаш hide, и ја стартуваш играта.
Тоа би било се.
Пријатно играње.

сликата на KenobiBen
Ја поседувам - од KenobiBen на 31 јануари, 2006 - 14:51

Ја поседувам 4та, но ден денеска немам место, а и мислам дека не е добар фајлот кој го симнав. Како и да е, зависник сум на цив, ама изгледа дека ќе ми остане на пц, бидејќи неам време да играм.. ПРОКЛЕТИ 24 ЧАСА !!!

сликата на KenobiBen
Уште не е - од KenobiBen на 8 февруари, 2006 - 03:13

Уште не е завршена исталацијата. оди на њњњ.гамецопѕњорлд.цом или гејмкопиворлд.ком Ч) побарај гаме упдате за ирграта и но цд фајл за апдејтот. и нема да ти бидат потребни тие останати сејфхајд диск срајна..