6 септември, 2008 - 03:04
[веб кирилица]

Алберт Хофман наполни стотка

од Дрога Бабарога на 11 јан 2006 - 17:46

На денешен ден пред точно 100 години се роди таткото на LSD-то, Швајцарскиот хемичар Алберт Хофман. И покрај повеќедецениската активна употреба на своето проблематично дете, тој сеуште е со добро физичко и ментално здравје.

Контроверзната супстанца (LSD, lysergic acid diethylamide-25) ја создал далечната 1938 година, но вистинското откритие се случило 5 години подоцна, кога при повторување на експериментот една капка му капнала врз прстот.

Среќен роденден Алберт Хофман и вечна благодарност за волшебната напивка.