Македонија ги намалува царините од утре

Од утре драстично ќе паднат царините за илјадници производи кои се увезуваат од Европа. Ќе паднат на пример царините на техничката роба, на кондиторските производи, на мебелот, на алкохолот, облеката и обувките, козметиката и слично.

Намалувањето на царините нема да запре во 2006 година, туку ќе продолжи во бранови до 2011 година, додека сосем не се либерализира пазарот на Македонија кон земјите од Европската Унија и ЕФТА. Овој процес на постепено намалување на царините е условен со договорот кој Македонија го потпиша со Светската Трговска Организација (WTO).

За потрошувачите во Македонија, секако дека ова намалување на царините ќе биде добредојдено, бидејќи многу повеќе квалитетна европска роба ќе се пласира кај нас, и тоа по пониски цени. На пример, нема да се плаќа над 1000 евра царина за европски автомобили (како да имаме некое домашно производство кое го штитиме).

Но, главниот удар ќе го примат домашните бизниси, кои во најголем број не се спремни компетитивно да си ги измерат силите со странските извозници. Некаде разликите се големи заради недостижно високата конкурентност на странските фирми: оптимизирано, роботизирано и компјутеризирано производство, развиен бренд и трговски врски и друго.

Сепак, кај поголемиот број случаи претпоставувам дека проблемот е кај нас: застарена опрема и производни процеси, необразуван кадар, лоша организација и менаџмент, недостаток на квалитет кај производот, производи кои се тесно специјализирани и се за многу мал број купци, лоша инфраструктура, банките не нудат добри кредити, барем не лесно, и уште многу вакви примери.

Како и да е, и покрај сивите страни на либерализацијата, јас сметам дека генерално таа ќе донесе позитивен биланс кај нас. На пример, ќе се исчисти бизнис секторот од секакви неспособни и неуспешни приказни и дури тогаш ќе може да се зборува за вистинска конкуренција меѓу фирмите, бидејќи ова што сега го имаме не е конкуренција, со сиот дисбаланс предизвикан од виткањето на законите, нормите, правилата, па и здравиот разум понекогаш.

Ќе има такви кои ќе ги затворат дуќаните, но со обзир дека локомотива на прогресот во општеството е горниот слој од неговото деловно ткиво, тогаш ќе имаме мотив да се радуваме на успехот на најголемите и најмоќните наши фирми. Особено на тие кои ги извезуваат своите производи.

Преземено од Panta Rei.

Опции за гледање на коментари

Избери го посакуваниот начин за прикажување на коментарите и кликни на „Активирај“ за да ги видиш измените.
Слика на StobiFlips

Druze GoodBytes...

...jas stvarno ne znam sto e problemot so PCa kaj sto ne mozam da vklucam kirilica, ili mozam, ama posle tastaturava ne funkcionira. Sigurno ti znaes.... Nejse, izvini so komentiram na latinica, ama morav da komentiram.

...deka ne se slozuvam so tebe. Neoliberalnite azderi gi izedoa izgubenite polukvalifikuvani siromasni rabotnici od malite mesta, pa i od pogolemite, osven Skopje(koe ne sekogas e isklucok).

Studiram vo Skopje, roden sum vo Prilep, veruvaj mi deka vo Skopje, visokoobrazovan covek e mnogu polesno da najde rabota. Populacijata vo drugite delovi na Makedonija staree. Najgolem del od tie luge ne se visokoobrazovani, tuku samo kvalifikuvani za rabota koja veke ne postoi. Kade e? Ja lapna azder! Na delovniot vrv, kako sto gi narekuvas "oligarsite"(verojatno na toj del od stopanstvoto mislis), ne im e griza deka nekoe x-cleno semejstvo od ne-znam-kade ima mesecni primanja od 6000 denari, dvajca studenti i kup neplateni smetki, osiguruvanje jok, apatija 2313449.

Zatoa, ne se slozuvam so poslednite tvoi konstatacii. Delovnniot vrv se grizi za svojot profit, ne za blagosostojba na rajata. Toa, dodusa, e rabota na drzavata....Uh, se nerviram, ne mozam da se iskazam na latinica :) , nafrliv samo nekoi tezi, ke gi diskutirame na kirilica(iako dosega barem nekolkupati sme diskutirale na ovaa ili slicni temi).

Pozdrav, i Srekna Nova Godina. Neka e troa podobra od 2005. :)

Слика на GoodBytes

Раја

Creme de la creme на фирмите се оние кои го сочинуваат деловниот врв, односно се локомотива на развојот. Не мора да се со најголем обрт, или со најголем профит, или со најмногу вработени. Едноставно, треба да се силни и иновативни компании кои константно грабаат напред, притоа остварувајќи се' поголем профит и проширувајќи се. На пример, кај вас во Прилеп, за таква ја сметам „Микросан“ (или како се викаше), која изработува иновативни електромеханички системи и ги пласира во странство.

„Благосостојбата на рајата“ не е ничија обврска. Квалитетот на живеење може да се подобри само ако економијата почне да оди напред, а тоа значи приватните компании да одат напред, притоа вработувајќи се' поголем број луѓе. Со тоа ќе се намали невработеноста и ќе пораснат платите.

Во времето на комунизмот, нерамноправноста која доаѓаше од експлоатацијата на работничката класа (вработените), како и задржувањето на “вишокот на вредност“ (профитот), беа главните аргументи врз кои почиваше „потребата од бескласно општество“. Сепак, бидејќи ние САМИТЕ избравме да живееме во капиталистичко општество, во рамки на него, борбата за поголем профит не е лоша работа. Баш напротив, таа е сосем легитимна и позитивна работа. Баукот „ПРОФИТ“ премногу долго ги гризе вијугите на нашите пост-социјалистички другари и другарки. Време е тоа да се смени.

И за крај... Навистина мислиш дека благосостојбата на рајата е работа на „државата“? На кого конкретно? На Владата? Парламентот? Чиновниците? На кого? Со кој закон е регулирано ова? Ух... Вакви непромислени тези се имам изнаслушано последниве години.

---

Латиница/кирилица се вклучува/исклучува или со Alt + Shift од тастатура (подобар начин), или со клик на копчето [EN]/[MK] во горниот десен агол од сајтот Bagra. По промената со клик на копчето, не заборавај да кликнеш назад во полето за пишување (т.е. да му дадеш „фокус“ на тоа поле).

---

Слика на PassENGER

Гудбајтс ...

Вака сега: Првиот пасус ти е логички недоследен -->>..Creme de la creme на фирмите се оние кои го сочинуваат деловниот врв, односно се локомотива на развојот. Не мора да се со најголем обрт, или со најголем профит, или со најмногу вработени... <<---
Фирмите кои го сочинуваат деловниот врв, односно се локомотива на развојот на едно стопанство- по дифолт се со најголем обрт или профит, следствено имаат најголем број вработени...

--->> Едноставно, треба да се силни и иновативни компании кои константно грабаат напред, притоа остварувајќи се' поголем профит и проширувајќи се. <<---
Мислиш на малите и средни претпријатија кои полесно се прилагодуваат на барањара на пазарот, имаат современи технологии, модерен менаџмент и висока продуктивност на трудот и често имаат минимален број вработени заради рационализација и повисока продуктивност= конкурентност на светскиот пазар.
Да, во право си. Само економските услови за создавање на ваквите фирми е ДОЛЖНОСТ на државата=на владата! Таа треба да креира стабилна макроекономска политика на правно еднакви субјекти без разлика на сопственоста и големината и пред се‘ без разлика на ПОЛИТИЧКАТА ПРОВЕНИЕНЦИЈА НА ИНВЕСТИТОРОТ! Ете тоа МОРА да го обезбеди владата.
Потоа мора да ја обезбеди и издигне до светиња ПРИВАТНАТА СОПСТВЕНОСТ и да создаде ПРАВНА ДРЖАВА каде исти закони важат ПОДЕДНАКВО ЗА СИТЕ!
Да создаде АПОЛИТИЧЕН ДРЖАВЕН АПАРАТ, НЕЗАВИСНО СУДСТВО! Некорумпирана администрација, деполитизарана полиција! Слободен проток на стоки, идеи и капитал во и од државата!!!
Откако ке ги создаде овие услови, државата=владата во манир на вистинки џентлмен во духот на лесепасе-лесефер либералната економија да се повлече од пазарната сцена или од стопанството, каде се‘ е веке приватизирано и се бори за свое место на пазарот а таа е нем посматрач на се‘ и само обезбедува преку фискалната политика и народната банка, стабилен курс на денарот, едноцифрена стапка на инфлација и антимонополистички регулативи- ништо повеке!
------
Така да ` Благосостојбата на рајата` или политиката на Велфер-от(добросостојба-висок стандард), Е и те како РАБОТА на СЕКОЈА ВЛАДА! Што друго, побогу? Афери? Кражби? Спогодби во 4-ри очи?
----
Комунизмот никад не бил на светската сцена и никад нема да биде, бидејки е утопија ко Платоновата држава. Ако сме реални. Се работеше за соцреализам и државен социјализам-комунизам каде категориите што ги спомна, како -->>..нерамноправноста која доаѓаше од експлоатацијата на работничката класа...(профитот)..<-- нe постојат.
Во социјализмот нема профит туку цената производот ја сочинуваат неговата употребна вредност, вредноста и вишокот на вредност остварен со трудот на работникот, така да експлоатација на работночката класа нема, бидејки нема приватна сопственост над средствата за производство и нема остварување на екстра вишок на вредност односно профит...
Да не се разбереме погрешно - ми се гади од МАРКСИЗМОТ и нашата современа СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИЈА која е на ВЛАСТ и е заглавена до гуша со небулозите на соц-реализмот и Марксизмот и стрмоглаво не‘ влече во безнадната на сиромаштијата. Јас сум за Либерален капитализам во неговата нејприродна форма која ја спомнав погоре, да не се повторувам сега.
----
Инаку Гудбајтс, Р.МаКеДонија е по устав СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА, ако не си го сретнал тоа до сега, па е обврзана и со устав да се грижи за таа категорија граѓани. Иако пак ке кажам, лично не сум за тоа, јас му се поклонувам на неговото височество ПАЗАРОТ, на ПОНУДА-ПОБАРУВАЧКА како за стоките така и трудот како специфична стока која `самата себе се оплодува`(ха-ха-ха, чист марксизам-ова последното).
Поздрав
;)

Слика на StobiFlips

Еве, да се разбереме...

GoodBytes wrote:
На пример, кај вас во Прилеп, за таква ја сметам „Микросан“ (или како се викаше), која изработува иновативни електромеханички системи и ги пласира во странство.

...ете токму за такви случаи зборував и јас. Ако беше позапознаен со приликите околу МИКРОСАМ, ќе знаеше дека МИКРОСАМ е конкурентна фирма која им "зеде" зделки на фирми како БОШ, СИМЕНС и слични. Кога почна да ги загрозува и американските фирми на тендери во источните земји(Пакистан, Индија, Кина, Хонг Конг, Иран,...), пред се заради поповолните цени(заради помал број на вработени и просечна плата од 10 000 денари=а изработува роботика, врвна технологија, еј!Ако се заработува, пристојно нека се платат и вработените), мистер Батлер му смести на Самакоски persona non grata за САД. МИКРОСАМ изработувал ракетна технологија за Пакистан. Исто како и конкурентските американски фирми. Ти текнува?

Нашата државичка ништо не направи за да си ги заштити интересите, т.е. интересите на својата "бизнис елита". На МИКРОСАМ Царината му заплени технологија наменета за извоз и ја спречи да ја испорача на купувачот. Верушевски да се праша за подетални информации.

Јас не реков дека чекам од некој владин службеник секој ден да ми донесе два леба и кило млеко на врата, ама барам државата да ми овозможи фер услови да си ја работам работичката. Инаку, која е смислата да бараат јас да плаќам даноци, такси и слични-ми-ти-давачки? Зошто плаќам јас? Каква обрска има државата кон мене? Каде одат парите наменети за развој?Има ли развој?
Да беше некој паметен од НИВ, ќе пресметаше дека Македонија губи милијарди долари, од неангажирањето на образованите луѓе кои си заминуваат оттука. Ама веројатно не ИМ е ни важно.

GoodBytes wrote:
Латиница/кирилица се вклучува/исклучува или со Alt + Shift од тастатура (подобар начин), или со клик на копчето [EN]/[MK] во горниот десен агол од сајтот Bagra. По промената со клик на копчето, не заборавај да кликнеш назад во полето за пишување (т.е. да му дадеш „фокус“ на тоа поле).

...има компјутери на кои не е можно да се направи ова, не знам зошто. Користам интернет во интернет кафеа. Конкретниот проблем се однесуваше на тоа што променував на кирилица на опишаните начини, ама потоа, после типкање во полето за пишување, курсорот не се помрдна од место.
Фала енивеј.

Слика на GoodBytes

Сива реалност

Да, разбрав за тие проблеми кои му ги правеа на Микросам, најмногу од кај нас, локалните бирократски апаши. Секако, тоа не смее да се случува. За жал, нашата државна администрација ќе биде меѓу последните работи (ако не и последна) која (ако некогаш) ќе се реформира. Се согласувам, нашата реалност е далеку од светла.

Замисли една вага: од едната страна е политиката, од другата економијата/бизнисот. Во сиромашните земји политиката тежи со повеќе моќ и ја контролира економијата (на пример на начини како тој со Микросам). Во богатите земји е обратно - економијата е моќна и ја управува земјата преку својата продолжена рака: политиката.

Кај нас не е создадена критична маса од економија/бизнис, која ќе биде доволно моќна за да ги чука по глава политичарите кога тие ќе решат да лудуваат. Да имаше доволно таква критична маса, Буџаку на пример ќе завршеше во затвор откако продаваше деловен простор за само неколку евра по квадрат, и тоа на плоштад! За таков плац се заинтересирани стотици бизниси, и сигурно нема да им е сеедно некое чиновниче (министерот е чиновник) да ги дрибла како сака.

Ме разбирате ли што сакам да кажам: бизнисот ќе се контролира сам себе пазарно и ќе ја контролира политиката, која исто ќе се контролира сама себе. Не треба Рајко и Петко да зборуваат за проблемите по форуми и емисии на радио/ТВ за да ја подигаат свеста на јавноста за тоа што им се случува.

---

За кирилицата: можеби е најдобро сите со ваков проблем да вршите притисок на сопствениците на Интернет кафеа да инсталираат кирилица на компјутерите. Системската кирилица е дел од оперативните системи од 1998 година наваму, и навистина е штета некој упорно да стои закопан во сопствената инерција, наместо да потроши 5 минути и да додаде македонски јазик.

Слика на StobiFlips

...

GoodBytes wrote:
Замисли една вага: од едната страна е политиката, од другата економијата/бизнисот. Во сиромашните земји политиката тежи со повеќе моќ и ја контролира економијата (на пример на начини како тој со Микросам). Во богатите земји е обратно - економијата е моќна и ја управува земјата преку својата продолжена рака: политиката.

Кај нас не е создадена критична маса од економија/бизнис, која ќе биде доволно моќна за да ги чука по глава политичарите кога тие ќе решат да лудуваат. Да имаше доволно таква критична маса, Буџаку на пример ќе завршеше во затвор откако продаваше деловен простор за само неколку евра по квадрат, и тоа на плоштад! За таков плац се заинтересирани стотици бизниси, и сигурно нема да им е сеедно некое чиновниче (министерот е чиновник) да ги дрибла како сака.

Вака, јас не се сложувам со тоа дека економијата треба да ја контролира политиката. Ниту дека кај нас, или било каде во светот можеш да направиш јасна разлика меѓу економијата и политиката. За да некој политичар почне кампања, мора зад него да стои некој финансиер, кој своите интереси ги гледа во некои идни привилегии, ако неговото спонзорирано милениче добие избори.

Токму затоа уште во првиот коментар ти напишав дека во трката за конкурентност, бизнис елитата нема да ги погледнува бедните и апатични граѓани на земјава. Ќе го гледаат само својот профит, политичарите ќе им помагаат во тоа, ние ќе осиромашуваме уште повеќе!

Освен ако... државата изгради и спроведе стратегија за развој, да привлече значајни инвестиции(тука не мислам на бизнис центри и супермаркети), паметно да ги програмира кредитните линии кои доаѓаа од странство(кои досега, а и сега се делат по партиска линија).

Уште еден парадокс на македонската економска историја. Пред избори, 1997, тогашната, а и сегашна владејачка партија изгласа Закон со кој им се олеснија давачките кон државата на сите правни лица што не платиле во изминатите 2-3 години. Требаше да платат само 30%.
Оние што чесно си плаќаа, останаа заебани.

Ебати државата, што протежира неплаќање и ги исмејува оние што ги почитуваат Законите.

Слика на GoodBytes

До кај сме со муабетов?

StobiFlips wrote:
во трката за конкурентност, бизнис елитата нема да ги погледнува бедните и апатични граѓани на земјава. Ќе го гледаат само својот профит, политичарите ќе им помагаат во тоа, ние ќе осиромашуваме уште повеќе!

Бизнисот се интересира за профит. Тоа е суштината на капитализмот. Менаџерот не се грижи за работникот, барем не надвор од она што е во интерес на неговиот бизнис. Од друга страна, на работникот му е компензирано со плата (и уште по нешто).

Идеата е што повеќе бизниси, што повеќе вработени, тоа повисока просечна плата. Кај нас платите се ниски најмногу заради високиот степен на невработеност. Значи, не може да се зборува за осиромашување ако работиш за капиталист за нормална плата. Може да се зборува за осиромашување ако нема работа. Ќе нема работа ако на нашите бизиси им оди лошо. Затоа јас им посакувам да им оди добро.

Не можам да ти ја разберам полемикава... Капитализмот го кудиш како систем? Или?

---

Слика на StobiFlips

И покрај тоа што...

...неолибералниот капитализам го сметам како еден од најлошите системи, во денешни услови, мислам дека постојат малку, ама сепак успешни приказни. За тоа малку потоа.

Јас не се бунам толку против капитализмот колку против неговото спроведување. В ред е дека секој најпрво го гледа својот профит. Ама да газиш преку луѓе за повеќе профит... е тоа не можам да го прифатам. А тоа се случува денес. Државата треба да го одржува балансот, да ги штити граѓаните од вакви ситуации, на бизнисмените да им овозможи еднакви услови за развој. може, и волкот сит и овците на број.

Она што го велиш ти:

Цитат:
Идеата е што повеќе бизниси, што повеќе вработени, тоа повисока просечна плата.

...кај нас важи само теоретски. Погледни околу себе. Економските диносауруси не сакаат конкуренција, државата дава привилегии на едни, скратува основни права на други, ги исмејува оние што сакаат чесно да работат, контролата на работите е во рацете на локални моќници(каубои). Каде се тука граѓаните? Каде, во таа спрега меѓу "успешните бизниси" и политиката?

Мене надеж ми даваат некои нови IT бизниси во Македонија, но треба стратешки и пропорционален развој на сите гранки и региони во државава.

Слика на GoodBytes

Џон Вејн и нашата транзиција

Капитализмот е систем кој овозможува луѓето различно да бидат наградени според способноста (и во некој случај, наследство или сплет на околности). Системот како таков им дава можност на тие што имаат харизма да започнат свој бизнис и да ги исполнуваат своите соништа и замисли. Не секој бизнис во основа е лош, баш напротив, повеќето бизниси имаат некаква хумана димензија (на пример, Алкалоид прави лекови). Во тој систем најмногу губат неспособните.

Оние работи пак кои тебе те загрижуваат се решаваат со закон. Закон кој е правичен и за работодавците и за работниците. Закон кој регулира во кои рамки можат да се движат правата и обврските на едните и другите. И се согласувам, улогата на државата е да обезбеди праведно функционирање на тие закони.

Ти ја гледаш нашата сегашна транзициска приказна, која е за никаде, и од неа ги носиш заклучоците. Тоа е исто како да сакаш да пишуваш расказ за шумата, а за цело време не излегуваш од пештерата.

Понатаму, тие кои можеби ги сметаш за моќни наши бизниси се ништо, и лесно ќе изгубат тло под ноѕете со либерализацијата на увозот и извозот (нашето членство во WTO), како и со глобализацијата. Фирмите кои ја базираат својата најсилна бизнис стратегија на монополот кој го поседуваат се однапред осудени на пропаст. Ете ти ги за пример сите комунистички режими кои пропаднаа. Значи, и од нивното влијание не треба да се плашиме, барем не уште долго. Клучно е за нас да се создаде таа „критична маса“ на бизнис моќ, за која зборував. Втората стопанска комора е само еден од примерите кои ќе следат во таа насока. Странскиот капитал исто така може да донесе голема стабилизација на Македонија по многу основи. „Локалните каубои“ ќе јадат ќотек од Џон Вејн.

Значи, да не се разбереме погрешно, дека јас имам некоја розева слика пред мене, или дека ја бранам оваа апашка гарнитура на власт, или пак дека можам да се помирам 15 години да транзитираме кон ништо... Не. И мене ми е преку глава од сево ова, во моето семејство само јас сум вработен, жена ми со завршен факултет со години не може да си најде никаква работа, исто е и со сестра ми, и.т.н. Но, барем сум свесен да го посочам прстот кон вистинските виновници. Капиталистичкиот систем не е виновникот за нашата тажна транзициска приказна. До овој степен не' донесе организираниот криминал, преку неговата маша, корумпираните политичари.

---

Слика на StobiFlips

Кои се виновниците?

GoodBytes wrote:
Значи, да не се разбереме погрешно, дека јас имам некоја розева слика пред мене, или дека ја бранам оваа апашка гарнитура на власт, или пак дека можам да се помирам 15 години да транзитираме кон ништо... Не. И мене ми е преку глава од сево ова, во моето семејство само јас сум вработен, жена ми со завршен факултет со години не може да си најде никаква работа, исто е и со сестра ми, и.т.н. Но, барем сум свесен да го посочам прстот кон вистинските виновници. Капиталистичкиот систем не е виновникот за нашата тажна транзициска приказна. До овој степен не' донесе организираниот криминал, преку неговата маша, корумпираните политичари.

Навистина, кои се виновниците?
Ние, што на секои наредни избори повторно гласаме за истите апаши, или тие, што не погледнуваат подалеку од својот нос, да видат до кава беда ги донесоа нивните сограѓани? Тоа ме инспирира за "Писание прво".
Јас не реков дека системот е виновен за нашата состојба, туку начинот на негово спроведување. Тој, самиот, како идеологија, не може да биде поштетен од неговите осквернувачи(не дека сега го бранам капитализмот, сеуште верувам дека има поправедни начини на владеење).

За глобализацијата, за која многупати досега сме спореле, ќе бевме подготвени ако државата успееше да изгради соодветна основа....која сега ја немаме, и бесконечно ќе "транзитираме".
Замисли, твојата сопруга да имаше една феноменална идеја за бизнис. Малечок бизнис, кој би вработувал до 10 луѓе, ама би покренал и уште неколку такви малечки бизниси. Да речеме, се е подготвено, и фалат пари за почеток. Ќе земе кредит, ќе си стави хипотека на куќата или друг имот. Два-три месеци подоцна не ќе има доволно обрт на средства за да може и да го отплаќа кредитот и да си ја гледа живеачката.
Познавам едно чудо луѓе кои се обидоа да градат мали бизниси. Знаеш што им се случи? Останаа на улица? Знаеш зошто?
Оти ништо не функционира во оваа земја. За наплата од "добростоечки" фирми, или ако сакаш "двигатели на економијата" малите бизниси чекаат по 3-4 месеци(лично сум го почувствувал ова), за суми кои се помали и од платите на генералните директори на тие фирми. Што може да се случи во тоа време на мала фирма, со мал број вработени, со мал основачки капитал, со мал обрт на средства? Што мислиш?
Што треба тука да стори државата?
Дали со таква клима "големите ги јадатм малите, не оти им се јаде, ами оти така им чини"... и оти се блиски до власта, може еден мал пазар да се подготви за глобализација?

Што мислиш, зошто во АЛКАЛОИД(кога веќе го спомна) нема влезено стратешки инвеститор? Оти Мукаетов си ја штити фирмата од поголемите, а гладни риби. Може, да речеме, уште утре, РОШ, на пример, да го купи АЛКАЛОИД... и не да го развива, туку да го затвори. Пресметан трошок. Сите производи ќе се произведуваат во, на пример, Нојшатл(или кај и да беше). Тоа се случува и кај нас. Само истите кои се штитат однадвор, го прават истото на помалите од тука. И не знам кај им е крајот. Засега, босови се! И в канцеларии, и "во велелепното здание крај Вардар", и на терен.

...Извини ако се повторував, коментаров ми е конфузен, се надевам успеа да разбереш која ми беше поентата.

Поздрав.

Агрегирање содржина