Warcraft III Македонски Сервер

Со надеж дека конечно ќе ни мрдне малце Online Gaming културата, поставен е првиот македонски Warcraft III сервер.

Повеќе инфо на и се што е потребно за приклучување на оваа страна



Избегнете ги нервозите со ненормалниот lag на странските сервери и играјте си од удобноста на сопствениот дом (или работа, разбира се)... Поевтино од играчница, сецка, реже, стриже, коси трева... (ај не забегуј)... Досега има 10-тина редовни играчи и обично се игра секоја вечер по 11h.

Страната е во процес на изработка и ќе трпи драстични промени, во моментов пред се е намената за информации што е потребно за приклучување на серверот. Од досегашното искуство од 50-тина одиграни партии, War 3 вози супер на модем па не се секирајте за брзината. Лигата (ladder) е активна, резултатите од игрите се регистрираат веднаш, позицијата се упдејтува :) автоматски на секои пар саати. На страната е прикажана само One vs One, за тимски игри резултатите се евидентираат, а страната ќе биде кога ќе и дојде ред.

Слободно пишете e-mail или пуштете порака на ICQ ако ви треба инфо.

 

Опции за гледање на коментари

Избери го посакуваниот начин за прикажување на коментарите и кликни на „Активирај“ за да ги видиш измените.
Слика на AciDSlaY

Одговор: Warcraft III Македонски Сервер

Редно беше...

Слика на farcuaad

Одговор: Warcraft III Македонски Сервер

Честитки за потегот... Одвај чекам да ми заврши работно време... ;-)))

Слика на jams

Одговор: Warcraft III Македонски Сервер

Update: http://www.digi-am.com/war3/ е подновен со news со коментари, а форумот треба да проработи наскоро... Go post...

P.S. Спонзори за хостирање се добродојдени ;)

Слика на jams

Одговор: Warcraft III Македонски Сервер

Update 2: и форумот работи.

Слика на jams

Warcraft III Македонски Сервер

Новиот, постојан дом на сервер-от www.warcraft.com.mk

Агрегирање содржина