ДнБ Документарец
Испратено од BugS на 29 ноември, 2005 - 12:37
Ова е еден 15 минутен драменбејс документарец со наслов "Респект", направен пред еден месец во режија на Мице Чаповски. Сценариото е на Жана, Арангел и Мице. Има интервјуа со сите активни драменбејс диџеи од Скопје.
Го има на располагање во 2 верзии со различен квалитет:
Добар квалитет - 200 мегабајти
Доколку сте во можност, ѕирнете, па прокоментирајте. Режисерот би сакал да слушне и нон-днб мислења.
:-)
»
- Најавете се или регистрирајте се за да испраќате коментари
- 5567 читања

Ги симнав 200
Ги симнав 200 мегабајти и не зажалив. Супер е направена видео сторијата. Него, она што ме интересира.
Зашо дечките не пробаат да пуштат у продажба некое нивно цд кое што самите ќе го продуцираат, миксаат и тако то.
Нема средства? Или шо е?
Прашање: колку
Прашање: колку трае клипот? мене ми трае само 1 мин и нешто и веројатно има некој проблемчич :) интерсено почна па ме заинтересира како е понатаму...
O: Прашање: колку
Цели 15 минути трае.
(C)
Абе, авторски права нешто на филмов? :)
O: (C)
Creative Commons може?
уау луѓе. браво
уау луѓе. браво за филмчето. одлично е. доста информативно, сработено доста инвентивно и делува инспирирачки. расподелете го сега по днб форуми зошто луѓе ценат вакви ствари.
Вечер на Телма...
За тие што не се во можност да го симнат документарецот, вечер во 21:00 на Т-Град ќе се прикажува заедно со интервјуата на луѓето кои го креираа.
Фала за позитивните коментари...ни значат баеги.
O: Вечер на Телма...
Брат, ти си тој со суканиците? Ела да те гушнам... :)
Не не...
Со суканиците е dedo_iljo на баграва...а моите суканици ќе ги гледате во долгата верзија :)
Тоа затоа што
Тоа затоа што твоите се подолги? ;)
РЕСПЕКТ
Го имам гледано пред недела дена ептен добро алал вера еве и официално за Мицка анд компани.
Ми беше кажано дека ќе има 30 минутна верзија на документарецот, па во очекување на големото шоу. Инаку филмот би требало да се најде и по други форуми и сајтови ептен вреди да се погледне.
Прво, земите
Прво, земите прекодирајте го со некој нормален кодек, мене не ми ја прикажува сликата, а немам можност да инсталирам нови.
Второ, поделете го филмот на секции, 200MB е за многу луѓе многу, а и вас ќе ви го исцица bandwidth-от. Со три секции и пореално ќе знаете колку луѓе до крај ги интересирал филмот. :)
O: Прво, земите
Јас го гледав во Windows Media Player со инсталиран DivX кодек кој е најстандарден (www.divx.com)
Документарецот е супер, освен мала техничка замерка. Имено, тонот е ОК ама кога идат интервјуата, јачината паѓа ептен и после пак се зголемува кога иде музиката. Не знам дали е ова поради кодекот или нешто друго.
Во секој случај, браво за сите.
Понормален
Понормален кодек од DivX, здравје. Ама ај, еве ти во mpg верзија:
http://dnb.com.mk/pub/documentary/Respect_lowq_nocodecs_60MB.mpg
А она што збориш за секции, нема смисла. 15 минути, па и уште да го сецкаш...
ДнБ документарец
Поздрав до авторите на филмчето. Браво за тоа што сте имале идеја, која не останала само во муабет после некој сет. Со оглед на тоа што ретко има вакви документарци, ептен му се израдував. Се надевам дека ќе има и други.
Но, очекував нешто повеќе. Јас сум/бев фан на днб, но мојот интерес некако замре после бранот LTJ, заедно со неколкуте Good Lookin’ Records изданија што непосредно ги набавив, и до денес ги сакам. Но после тоа не слушнав нешто ново.
Тоа што го очекував од документарецот беше меѓу другото и муабет за тоа кои артисти ги инспирираат нашите DJи, што е актуелно на днб сцената денес, како таа се развива, малку повеќе за тоа што значи днб култура, некако повеќе контекст. Можеби и разговор со сопственици на кафиќи/ уредници на радио емисии, тие што промовираат днб и оние што не слушнале за стилот.
И коа се спомнаа Оги и Мунем, се надевав дека ќе се појават у филмчето.:-)
Муабетот на Емил, како и секогаш, беше најблиску до тоа што треба да е дел од таков документарец.
Кратка верзија...
Види...убава забелешка. Оваа верзија беше направена за да се прати на фестивалче за краткометражен аматерски филм, па затоа содржината е избалансирана на таков начин. Во долгата верзија ќе има многу повеќе материјал од интервјуата, материјали од журки, плус уште работи кои треба да се кажат...
Кратка верзија
:) супер, баш ми е мило. известете не' на време за таа верзија.