Грдо, грдо, грдо...

Градот убав ти ќе бидеееш. Така почнува една евергрин Златно Славејче песничка. Така и јас си го сметам моето ми мило Скопје. Тука живеам, творам и ќе творам (ваљда). Какво си е, такво си е наше си е.
Но пред некое време како трн во око ме бодат некои си грозни зданија, направени од ултра-модерниот тренд за брзо збогатување. Тие зданија се сите тие стари скопски куќички кои нагло за рок од 4-6 месеци се направија во тотални невкусни, неинтересни, без грам талент кич зградички до 8 ката кои се шират побрзо од птичји грип во нашето мало Скопје.
Сите предели во близината на центарот почнаа да растат нагоре. Како печурки на влажен шумски под растат и растат, при тоа тотално узурпирајќи и угрдувајќи го Скопскиот имиџ. Ретко која зграда е убава. Ретко која зграда имала асален архитект кој ја дизајниран. Гледајќки ги другите метрополи каде што е невозможно да се добие градежна дозвола ако зданието е грдо. Наместо некој нешто да се потруди на направи сите клонираат. Сите нови згради се 80 проценити исти сами на себе. Ист тип на градба, балкони, фасади, дури и имаат и слични бои да додат само кон досадната скопска стереотипија. Треба некој храбар аритектонски подвиг. Нешто уметнично, нешто убаво за око, кога ќе ми дојдат пријатели од странство да има што да им покажам. Треба убавина, сенс. Треба сите тие пост-социјалистички тип на градби да се разубават, да се подобрат. Да се нашминка да добие Скопје естетика. Ниеден поголем подвиг се нема остварено(освен Рамстор) по земјотресот. Срамота.
Колку што сум јас упатен во друигот цивилизиран свет, забрането е ширењето на главните градови, со цел да се развие другиот дел од државата. Друга работа е што скопската инфраструктура е за 200,000 жители, а во него живеат 750,000 луѓе. Фалат 20,000 паркинг места, а во строгиот дел на центарот се гради и гради и гради и гради. Ги жалам сите кои со автомобил одат на работа а работат во строгото центарно подрачје. Истото важи и петок навелер, дури и во недела во 16 часот. Тотален архитетски хаос и анархија, сите само сакаат на направат брза пара. Од инспекторите до архитектите па се до предузимачите.
Значи, исто како во римската империја, ние можеме да се сметаме како варвари. И не само тоа, можеме само да гледаме туѓа култура и на неа да се дивиме, наместо ние да си е направиме наша и да си бидеме горди на нешто ние што ќе си направиме.
Варвари...

Опции за гледање на коментари

Избери го посакуваниот начин за прикажување на коментарите и кликни на „Активирај“ за да ги видиш измените.
Слика на KenobiBen

Пеер има тема

Пеер има тема за секс, зар мислиш дека некој ќе се помачи да те чита и да размислува за грдоста на градот кој е заглавен во сликата на социјализмот ? инаку брат, прај пари и не мрчи, после тоа ќе се преселип во таа елитната населба во злокуќани и ќе си бидеш на раат, уште само да најдеш некој да ти праи мерак за 20 ден. :)

Слика на GoodBytes

Мајка град

Кругот е малечок а во него сме сите. Да, Скопје сакс биг тајм. Не е доволно еден град да го викаат неговите граѓани метропола, за тоа тој да стане. Метропола е статус кој другите ти го даваат, кога ќе те набројуваат во кратката листа на големи центри за x, за y, за z...

Инаку, според античката дефиниција, „A metropolis (in Greek metera = mother and polis = city/town) is a major city, which is an economical and cultural center for some country or larger region, and usually an important hub for international connections“. Скопје го задоволува само првиот критериум.

За граѓаните кои живеат во него, многу поважно е чувството кое тие го имаат за градот, и колку тој град ги задоволува нивните стандарди (кои секако се различни од човек до човек).

Освен тоа, дали ви текнало некогаш дека Скопје е „различен“ за тој што живее во Ѓорче, или Карпош, или Центар, или Водно, или Маџари?

---

Слика на wizardodibella

а да

а да идеш у ПМ полтрон еден...

Слика на Zelka

и..

да пишам Зелка/***** и да прочитам се шо сум требал. Какви филмови и глупости, за неверување.

Слика на Zelka

мајке ти... кој

мајке ти... кој ми го искористил усерот само да дознаам. некој од работа а?

Слика на PetarK

Кој сега го

Кој сега го демантира ова? Зелка или „Зелка“?

Агрегирање содржина