6 септември, 2008 - 03:01
[веб кирилица]

ПРОФЕСОР МИЛУВАЛ СТУДЕНТКА!

од Ladykiller на 17 ное 2005 - 07:10

Почитувани,

Поради променет тек на настаните во врска со “милуваната” студентка, протестот закажан за вторник, 22.11.2005 – се откажува. Имено, почнувајќи од денес, па се додека трае истрагата за злоупотреба врз студентката, професорот Ј. Ј. нема да држи настава. До ова дојде како резултат на притисокот кој овие неколку дена Студентите за себе го извршија врз сите релевантни институции, индивидуи, Стоматолошкиот Факултет и ССУКМ. Го поздравуваме чекорот што конечно го преземаа Стоматолошкиот факултет и ССУКМ, и се надеваме дека во понатамошниот тек на настаните ќе покажат поголема инволвираност и експедитивност во заштита на правата на нашата колешка.

Искрено ви благодариме за покажаната поддршка досега, и ве повикуваме во иднина активно да ни се придружите во борбата против ваквите аномалии кои неретко ги омаловажуваат студентите во нашето општество. Оваа борба ќе биде поефикасна доколку вие индивидуално, како и во рамки на организациите/медиумите/институциите на коишто сте претставници, самите би покренувале иницијативи кои ќе придонесат кон искоренување на нездравите текови, како на пример корупцијата во високото образование, сексуалната злоупотреба на студенти, итн.

Би сакале и да ве поканиме да ги изразувате ставовите (лични и оние на организациите/медиумите/институциите на коишто сте претставници) на дискусиониот форум на www.studentitezasebe.org.mk

Поздрав,

Ladykiller

Опции за гледање на коментари


a... - од fLeX на 17 ноември, 2005 - 11:28

на неа убаво и било?[се смее])))))))

сликата на Зелен
кај мене у - од Зелен на 17 ноември, 2005 - 16:53

кај мене у весник пишуваше ја гризел а не милувал, излеа тука пукнал куршлус...

Не е точно, - од PetarK на 17 ноември, 2005 - 17:02

Не е точно дека има само три текста по медиумите, дојди на Најди и ќе видиш дека има [url=http://najdi.org.mk/najdi?query=%F1%E8%EB%F3%E2%E0%9C%E5+%EF%F0%EE%F4%E5%F1%EE%F0*&sort=timestamp&reverse=on]13 текстови[/url].

pardon од Ladykiller
сликата на ГоранОдЧаир
јас како што прочитав... - од ГоранОдЧаир на 18 ноември, 2005 - 03:37

...докторот рекол: живми мајка не беше така.... и му поверувале и го пуштиле... јебеш га се заколнал чоекот и тоа у мајка... што е право сега право си е.. [намигнува]

сликата на dimitar27
Хммм...ајде знам - од dimitar27 на 18 ноември, 2005 - 14:04

Хммм...ајде знам мерак Ви е да се нарипате на професорите, ама нели бе имаше една прича нешо као пресумција на невиност се викаше или така некако??Не знам, можда сум грешка, ама ко така да сум учел ко дете.??
И што ако јас сум утре на пример професор (хахахаха) и некоја кучка што сум ја бутнал засилена од некоја политико-финансиско-сеирџиска подршка и текне баш на ваков начин да ми се одмазди???Од одма треба да ме избркаат и распнат на крст-запалат на ломача???
Пак ке речам...не знам ама мислам дека не ке да е баш право од одма да се суди профата ...

true,true од Зелен
сликата на GoodBytes
Вештерка - од GoodBytes на 19 ноември, 2005 - 00:48

Во право си - не треба да се суди однапред и не треба да се осудува без докази.

Во случајов се работи за премногу сериозна појава, чија разрешница не смее да се остави на случајот, како илјадници анонимни предмети по судовите. Кревањето на гласот за проблемот, и подигањето на информираноста на јавноста за овој случај треба да обезбеди иницијален притисок работата да се истера до крај.

Се' додека не се зазема страна, држењето на процесот под лупа на јавноста е позитивна работа. Ако се заземе страна однапред, тогаш тоа е лов на вештерки, и секако е штетно. Ова е уште една демократска придобивка која сите ние треба да ја тренираме, но внимателно.

---

А јас чув дека - од dragan733 на 25 ноември, 2005 - 21:45

А јас чув дека целата афера избувнала од љубоморниот дечко на девојката. Не можел дечкото да издржи, некој друг да ја поседува неговата убава девојка. Така е тоа. Или да се чуваат убавите девојки дома и воопшто да не излегуваат, или да излагаат забулени или да се препушти се на апсолутната слобода.