смислата на животот
"Нашата цел е свесно и намерно да се развиваме кон една помудра, послободна и посветла состојба на постоење; да се вратиме во Еден, да се спријателиме со змијата и да ги наместиме компјутерите меѓу дивите јаболкници. Длабоко во нас, сите сме веројатно свесни дека нашата вистинска задача е своевидна мистична еволуција. Сепак, ние со сила го потиснуваме ова бидејќи ако го признаеме значи да признаеме дека сите наши политички претумбации, религиозни догми, општествени амбиции и финансиски заврзлами се не само контрапродуктивни, туку тривијални. Нашата мисија е да ги отфрлиме овие бесцелни преокупации и уште еднаш да го земеме на плеќи исконскиот товар на неисцрпната екстаза. Или, ако веќе не може тоа, барем да извадиме добра пица со тенка корка и кригла јако пиво."
-- том робинс
а со негови зборови:
"Our purpose is to consciously, deliberately evolve towards a wiser, more liberated and luminous state of being; to return to Eden, make friends with the snake and set up our computers among the wild apple trees. Deep down, all of us are probably aware that some kind of mystical evolution is our true task. Yet we suppress the notion with considerable force because to admit it is to admit that most of our political gyrations,religious dogmas, social ambitions and financial ploys are not merely counterproductive but trivial. Our mission is to jettison those pointless preoccupations and take on once again the primordial cargo of inexhaustible ecstasy. Or, barring that, to turn out a good thin-crust pizza and a strong glass of beer."
- Најавете се или регистрирајте се за да испраќате коментари
- 4010 читања

O: смислата на животот
Кои сме тоа „ние“? :)
нема потреба за
нема потреба за покажување со прст. порано или подоцна, ќе се препознаеме сами.
Според мое
Според мое мислење, смислата на животот не е да се здружат доброто и лошото, како што е и филозофија на масоните, да се избрише разумот и да владејат само чувствата, да се препуштиме на некоја апсолутна слобода и се да се сведе на сензибилитетот. Каде нема да владеејат причинско последичните настани. Ќе постои причината, ама на таа причина нема да има последица. Се што ќе направиме, ќе направиме без лоша последица. Ако се направи лоша последица, тоа би било поради постоењето на разумот. Така јас им ја разбирам таа масонска филозофија. Ама, тоа води кон еден идеален свет, а кога ќе видиме сепак светот е објективен и природата со своите природни закони е таа што ограничува во таа апсолутна слобода. Или со други зборови, светот е бинарен, се состои од спротивности, и не можеме така да речеме дека владее само доброто или владее само лошото. И доброто и лошото настапуваат во пар. Се знае на пример ако јадеме расипана храна, тоа ќе се одрази на нашето здравје и со помош на разумот, нема друг пат да се осмелиме да пробаме расипана храна, што ќе дејствува на нашето здравје. Или познато е дека има многу артикли сомнителни кои се и канцерозни, и со помош на нашиот разум, ќе ги одбегнуваме таквите материи.
Ама приказната е оваа, дали лошото се појавува поради постоењето на доброто, или лошото се појавува поради непостоењето на доброто. Да го земеме како на пример најновата појава птичјиот грип. Според мое мислење, ако се размисли појавата од филозофска гледна точка, болеста се појавила поради непостоењето на доброто. Тоа му доаѓа како, ако посееш лошо семе, не може да ожнееш и добар плод, ќе се ожнее само лош плод. Само со добро посејано семе, може да се очекува и добар плод. Е сега што е и смисолот на животот. Според мое мислење, смисолот се состои уште во првобитната приказна кога Адам и Ева биле истерани од рајот. Причината била да го осознаат и постоењето на лошото, а тое е можно само со постоењето на разумот. А во рајот не постои разумот, а тоа и цел на масоните, со сила да го елиминираат разумот, а штом разумот е елеминиран, тогаш вештачки ќе се чувствуваме дека сме во рајот. И тогаш повторно ќе ја направиме истата грешка како Адам и Ева, кога повторно не ќе бидеме свесни на псотоењето на лошото и ете ти пак повторно казна од Господ, односно во овој случај природата, кога ќе не казнува заради нашата неспособност да го забележуваме лошото. Ама сега доаѓа и нашата умешност да разликуваме лошо од добро, и да не згрешиме кога ќе се обидеме преку разумот да го разликуваме лошото од доброто. Бидејќи како што велеле некои антички филозофи, разумот е само сретство на ѓаволот за да грешиме преку разумот, а сето тоа е поради тоа што немаме доволно информации за работите и така се базираме на некои претходни искуства, и во тој случај разумот настапува на сцена. И кога ќе се види повторно доаѓаме на почетокот кога може да се згреши и со помош на разумот. И сето тоа што се базираме на таа бинарност, разумот и чувствата. Прашањето е дали можеме да ја заобиколиме таа бинарност, или како на англиски би се изразил да направиме bypass и да ги игнорираме и разумот и чувствата, да најдеме некое ново решение и преку тоа решение да се вратиме во првобитниот рај, а тоа е и смисолот на животот, враќањето на првобитниот рај.
нењ аге
Еден прекрасно типичен пример на newage bullcrap. Или што се вика, уште ве лажат тоа комунистите.
Но, не даде свој
Но, не даде свој коментар на темата. Дали животот се сведува само на задоволства?
O: Но, не даде свој
Па видетееее, кхм кхм, секако дека не, што по автоматизам значи дека животот сведен на задоволства треба да биде ултимативна цел во кратката егзистенција на секој промерок на човечкиот род.
боље њу ејџ,
него дарк ејџис, пиле мое анахроно...
ко шо вика чичко сартр, постоењето и претходи на и раководи со суштината. моите животни искуства покажуваат во правецот за кој што зборува робинс и затоа можам да се идентификувам со него.
од твоите постови, може да се заклучи дека твоите животни искуства се во рамките на некоја средновековна парадигма на постоење, доминирана од скриени црни сили што угнетуваат, потчинуваат и манипулираат и каде што мотивацијата на луѓето произлегува од такви ретроградни вредности.
во секој случај, кој што си дробел...
хах
Ај кога сме на пиле, биди ти пиле мое квази-интелектуално ѓоамити космополитско.
Знаеш што, преку таквото од детишта како тебе. Буквално те разбирам како функционираш и од каде доаѓаш. Затоа што been there, done that. Ама не е тоа тоа. Што би рекле, те разбирам ама неможам/ме мрзи да ти помогнам.
„во секој случај, кој што си дробел...“
Тука ептен се слагам, и се смешкам под брк.
дали ти знаш за неки друг ритам?
еден од принципите за добро пишување вели дека авторот треба да покажува, а не да раскажува.
ако сакаш малку да ти заличи на нешто постот, обиди се малку да го развиеш со пружање релевантни информации на читателот. еве ти неколку насоки:
преработи го и ела пак на консултации... и тргни го тоа шо ти се тегне од брк...
Природната
Природната смисла на животот е да оставиме поколение со што појака генетска структура!
Procreation
Смисла е многу веројатно погрешен збор за она на кое се мисли. Бар за мене. Ако се работи за причина, тогаш не гледам зашто би се барала. Ако се работи за цел - целта е јасна и неибежна. Ако се работи за упатство, тогаш многу е лесно да се чуствуваш избезумен особено ако упатството се однесува на користење на нешто замислено а не реално. ".. да оставиме поколение со што појака генетска структура." е дел од "реалното".
Според мене би
Според мене би требало прашањето да биде зошто постоиме и која е целта на нашата егзистенција во свемирот ?
O: Според мене би
42.
en.wikipedia.org/wiki/Argumentum_ad_nauseum
O: Според мене би
Поточно
en.wikipedia.org/wiki/Meaning_of_life
а уствари се сведува на ова
fantasm.still-inspired.com/python/
O: Според мене би
Еве ти подобро
www.on.net.mk/razno/meaning_of_life.txt
O: Според мене би
Си мислев, дали четериесдвојката на Адамс има поврзаност со:
Ако кажеме дека
Ако кажеме дека вселената е Windows, а Земјата е некоја апликација, тогаш луѓето би биле вирус.
Замјата е заразена, а природата е во фаза на исработка на антивирусен програм кој цела апликација ќе ја избрише или преинсталира.
Смислата на животот би била еволуција од вирус во повисок ранг на софтвер, некој кој за промена не би предизвикувал крашови на системот. Прашањето е колку сме ние способни сами да се препрограмираме, за да бидеме компактибилни.
Ама аналогија..
Аналогијава ти е Do goode good bullshit, веројатно како раздразнета плитко промислена суетна реакција на тоа што ти го исплескаа газето деновиве..
Ако вселената е интернет и багра.орг е земјата, тогаш рандом тетките се населени места. Проблемот е само што на новата багра, тетките главно имаат модерни фризури, каде што тешко виреат пицајзли.
И не се вика компактибилни, избриши го второто „к“!
Nuke the whales!!
Аналогијата
Аналогијата требаше да биде духовита.
Сите одговори на прашање смисла на живот можат автоматски да се квалификуваат како плитки.
Животот нема смисла.
Нема смисла ни твојов одговор.
А, да. Природата работи на формат земја: /у /с
Лоша вест, ние ќе ја претркаме, ќе се форматираме сами, прашање на време е само.
Дали ти тоа сакаш да го видиш или не тоа е веќе друга работа.
„Нема патници на вселенскиот брод Земја, сите сме екипаж“
„Што ќе ми е куќа ако немам планета на која ќе ја ставам“
Жалосно е што не се согледува проблемот а дечките од гринпис ги рачунаат за дебили. Самите си ја потпишуваме смрттната пресуда без да знаеме.
Глупо е да се расправа за смислата на животот во моменти кога тој се наоѓа пред самоуништување.
Нема живот ако нема планета (има планета ама изрешетана е од каубои), а уште помалку има смисла во измачување и изживување врз сопствената мајка. Според раздразнетата плитко промислена суетна аналогија, мајка на сите нас ни земјата, а китовите ти се во поблизок род (цицачи се).
За китовите се
За китовите се фати сеа.. очигледно духовитоста се лечи.
И што сега да правиме. Можеме попладнево да идеме на Водно да засадиме некое дрво. Може ќе ни се посреќи по пат да силуваме некоја баба замотана во бунда од лисица...
„За китовите
„За китовите се фати сеа.. очигледно духовитоста се лечи.“
Што знам, треба да пресуди некој со неизлечена смисла за хумор.
„И што сега да правиме. Можеме попладнево да идеме на Водно да засадиме некое дрво. Може ќе ни се посреќи по пат да силуваме некоја баба замотана во бунда од лисица...“
За почеток штеди вода, за дваесетина години питка вода за пиење ќе биде проблем, а и дрвце да засадиш некое не е толку лошо, бабата јас ветувам дека ќе ја држам додека ти не си ги задоволиш фантазиите.
За дваесет
За дваесет години - кој жив кој мртов, ама и вода за пиење па и нафта сигурно ќе има, значи немој да тресеш глупости.
Ако ти ја држиш бабата, јас нема да знам на кого да му го закачам попрво - младо месо си е младо месо!
Ај стига толку, чувствувам дека комуникацијата со тебе не ми помага да се развијам во подобра личност. Напротив.
чувства се чувства :)
Ако се развиеш во подобра личност мислиш дека ќе ја откриеш смислата на животот и ветуваш дека ќе ја споделиш со нас овде на багра орг?
Па нека е и по 20 години (бабата и така мртва ке биде).
:) :) :)
„За дваесет
„За дваесет години - кој жив кој мртов, ама и вода за пиење па и нафта сигурно ќе има, значи немој да тресеш глупости.“
Ај да поживееме па ќе видиме колку се глупости, баш ме интересира од каде со толкава сигурност тврдиш декас се глупости.
„Ако ти ја држиш бабата, јас нема да знам на кого да му го закачам попрво - младо месо си е младо месо!“
Потсетиме за роденден да ти купам млада кокошка.
„Ај стига толку, чувствувам дека комуникацијата со тебе не ми помага да се развијам во подобра личност. Напротив.“
Напротив
живот..
Животот нема смисла. Сите еден ден ќе умреме. И земјата на која живееме еден ден ќе ја снема. И сонцето ќе згасне.. така што, цело тоа филозофирање за некакви повисоки цели, прогрес, поколенија, нема врска. Животот може да има само моментална смисла- овде и сега. Инаку нема смисла... не сме ни први ни последни во оваа вселена и не треба да си придаваме никакво значење. Кога би знаеле што е вселената и како функционира можда и би знаеле што е смислата на животот. Вака, немаме појма.
O: живот..
Сите филозофии не го велат тоа. Пример будизмот вели за бесмртноста на душата. Инаку, Платоновата филозофија, кога вели за смисолот на животот вели дека смисолот е да го достигнеме Бог, човекот да биде олицетворение на Бог и неговото дело. И за сето тоа треба време. А сретствата за да ја достигнеме таа цел се: Љубовта, праведноста и математиката, која со своите математички закони се воведува ред и совршенство, што е и особина на Бог.