Се прашувам како кај нас, каде што кафето е прераснато во култ нема специјализирана продавница за кафиња и нивна дегустација и се поврзано со нив. Незнам можеби и има некоја таква (малку различна од обичните кафичи), но пак како да фали нешто плус.
порано имаше онакви продавници мали само за кафе и имаа секаков вид кафе. ама пропаднаа полека, пошо народов наш не дава пари за добро кафе. а сега во гтц подрум до шехерезада има една за кафе и мислам таму може да се проба не сум сигурен.
аха и да додадам, кафето кај нас не е култ, туку е мит! кај нас само се вели одам на кафе, а тоа може да значи се и сешто. и за крај виц
маче ај бе нешо кафе-мафе?
а бе за кафе ок, ама за мафе не може, иам добиено...
Кафето кај НАС култ?!? Шо збориш!
Колку од луѓето кај нас пијат кафе? Колку поседуваат еспресо машина?
Има Старбакс кај нас? Кафетерија кај што можам да нарачам Мокачино-карамбачино-курсетресечино или есепресо со пропер кримшот?
Досега сум сретнал само 3јца луѓе за кои кафето е култ. Ништо повеќе. За останатите, како што кажаа погоре, кафето е само мит, најдобар другар на цигарата, пласибо за да не заспиеш додека учиш. Ќе "идеме на кафе", а ќе пиеме пиво.
А нешто што е увезено од Гватемала или од Бразил или од пичкесиматерине (а можда го садат и у Гевгелија? ) па е обработено, спакувано, изрекламирано и оданочено, а се продава за 180 денари кило, мислам дека никаде во светот не се нарекува кафе.
Старбакс - од bojadva на 26 октомври, 2005 - 15:56
Добро сега, јес да не сме америка (северна) ама немој старбакс да го спомнуваш како прво нешто што ти паѓа на памет кога ќе се каже кафе. ако некој на планетава не знае што е кафе тогаш тоа е Јунајтед Стејтс оф I'veNoClueWhatRealCoffeeIsАмерика. како замена за старбакс, имаш Броз кафе и му го забораив името на она до Алиби.
Ја дур бев на брод, имав цимер од колумбија, он имаше донесено малку и имав среќа да пробам. Покрај Бразил многу добро кафе прави и Јамајка и Доменикана. А она што го пиеме ние е она шкартот шо го истураат во море, па доле чека некој бизнизмен и наместо у море оно паѓа у некое бродче и фитиљ мацедониа! у меѓувреме у потпалуба жени од пропаднатите македонски фабрики пакуваат по цел ден и ноќ и ги плаќаат по 7 центи по Бруто Тон... бреј филм...
cim se zaleta po strbaks i da go velicis izborot na kafe vo istiot... jas druze znam deka ti si patetika... nema kafe vo vistinska smisla na zborot sto se toci vo casa od 0,4 dl... NEMA toa e topla voda so boja na kafe. Ti seriozno mislis deka sranjetosto go tocat u starbaks i slicnite na nemu e straight from Brazil?
Ma daj te molam!
Дечко, кому се обраќаш ти?
секоја земја има свој начин на пиење кафе. и баш таму кај што расте кафето, истото го пијат не во големи шољи него во кригли, (се заебавам да не сватиш погрешно). другар ми од колумбија ми велеше дека таму најчесто го пијат попечено крупно мелено, во чаша од 250мл (ко за млеко), ко ние филтер што пиеме. јас лично преферирам долго кафе баш во голема чаша. па и турско ако е сакам да е во голема количина. ако е кафето квалитетно не ми прави разлика како е спремено.
Во старбакс кафето дали е од бразил, па добро бе од кај да е??? ене им го бразил прекупат да го ебам. од кај да го носат од русија?
Кафето кај НАС култ?!? Шо збориш!
Колку од луѓето кај нас пијат кафе? Колку поседуваат еспресо машина?
Има Старбакс кај нас? Кафетерија кај што можам да нарачам Мокачино-карамбачино-курсетресечино или есепресо со пропер кримшот?
Информативно: Старбакс не дава франшиза за Македонија. Не сме им интересни како пазар. Проверено.
Па пичка му - од BugS на 27 октомври, 2005 - 07:42
Па пичка му матер, од се што напишав, се фативте за ебаниот Старбакс. Го напишав само како прв пример за кафетерија што ми падна на памет у моментот. Иначе ме заболе за него, исто како што ме заболе и за мекдоналдс...
O: Па пичка му - од bojadva на 27 октомври, 2005 - 08:59
BugS напиша:
Па пичка му матер, од се што напишав, се фативте за ебаниот Старбакс. Го напишав само како прв пример за кафетерија што ми падна на памет у моментот. Иначе ме заболе за него, исто како што ме заболе и за мекдоналдс...
пеер како да не се фатиме, па во еден од филмовите на Остин Пауерс многу јасно се кажува што како и кој го поседува Старбакс, Dr. Evil!!!
хехе само чекав да се јавиш со ваква забелешка, знаев дека ќе се изнервираш хе хе, хе хе хе, хеееееееееее хехехехехееееее
Кафето кај НАС култ?!? Шо збориш!
Колку од луѓето кај нас пијат кафе? Колку поседуваат еспресо машина?
Има Старбакс кај нас? Кафетерија кај што можам да нарачам Мокачино-карамбачино-курсетресечино или есепресо со пропер кримшот?
Старбакс нема, ама има кај да пиеш курсетресечино, пред некој месец поточно во ЈУНИ се отвори она БРОЗ КАФЕ-карши Универзална, и тамо имаш од пичке материне до курсетресечино, све АРАБИКА , ма штадатипричамтино.Башка можеш да си купиш и за по дома.
Е сега проба газдата да функционира ко СТАРБУКС ама курац друже, није ти ово Америка па он нас да ни продава нешо СЕЛФ СЕРВИС и остали срања, ние бре си сакаме конобар да не служи, по можност со руките у џеп и мастика у уста, па да видиме лезет на кафето.
И да, у истиот тој кафич се служи и алкохол што некако не е својствено за КАФЕтерија нели?)
Тоа што е пробано да се укомбинира ТИТО и СФРЈ со СТАРБУКС, тоа е објаниво само за идејниот татко на проектот БРОЗ КАФЕ ))
Ова со Броз кафе, па Маршалот,... многу ми е дебилен тој тренд на југо-комунистичка носталгија. Само утре да не отворат Лазар Колише`вски пивница, или дискотека Голи Оток.
Човек кој има проблем со сопственото минато е по правило психотичен човек и не се развива правилно. Нација која има проблем со сопственото минато е по правило психотична нација и не се развива правилно.
Не разбирам. - од Сељачиште на 27 октомври, 2005 - 13:47
Не разбирам. Делот „дебилен“ не го разбирам. Тоа е само сув квалификатив кој не содржи информација за предметот на дискусијата, туку само за дискутантот. Те молам дообјасни.
чиче... - од toomuchisnotenough на 28 октомври, 2005 - 16:26
чиче, кога си више тука ај објасни ми и како е можно некој апстрактен концепт (како што е 'минато') може „да има проблем“ со некого. мислам, ако не те „мрзи“.
BugS, me navredi. Za mene kafeto znacit mn. Od uzivanje, relaksacija itd. Kult i to kakov! Ne e do masinata za expresso...makijato ne postojt nikade vo svetov, samo kaj nas. a za dr si vo pravo. kakva e taa drzava bedna so se trujat so talozi...
бАш МЕ ИНТЕРЕСИРА ВО КОИ ДЕЛОВИ ОД СВЕТОТ тИ СИ БИЛА И НЕ СИ ДОБИЛА МАКИЈАТО, ПОшТО КАО `ГО НЕМАЛО НИГДЕ У СВЕТ`. мИСЛАМ ДАЈ ДА ВИДИМЕ У КОЈ СВЕТ ТОА ТИ жИВЕЕш. Да не си у некој Бенедиктов паралелелен свет ебате, кј шо се дробит охридски и то само латиница. Ворп и клиз низ црвоточината на простор/времето и праиш квантен скок и еве те у Скопје преплашена и мала ко што си, загубена во уште една несакана паралела. Хмм..
Зошто? Затоа што Јас пак кај и да сум отишол у свет сум пиел добро макијато. Највише у Италија. Генезата на зборот `макијато` е италијанска, `макија` на Итал. е нешто (во слободен превод) како `флека од млеко` во кафето.
Скот ами како, и не само скот туку и Спок! и си земам граѓанска обврска да му забранам на бим-ми-ап Скоти, да реплицира додека не се покае за навредата! ама искрено, да се осети во гласот, брадичето да му трепери од покајание!!!
кафе kafe... - од x-sv на 26 октомври, 2005 - 16:45
Јас лично понавам доста луѓе на кој пиење кафе им преставува ритуал, некој тоа ги нервира затоа што кафето мора да биде посебна фирма : лаваца,или,мексико,пачино итн (зависи од вкусот) потоа мора да биде плно 2/3 во топол финџал, нетреба да се служи со пластични лажички и тако даље. Значи постојат луѓе кај кој пиење кафе е одреден вид на ритуал . А митот дека италија го има најдоброто кафе и не држи толку:лани имав прилика да ја посетм Италија и нај доброто кафе го пиев на бензинска пумпа од нога во AVTOGRIL а во фенси кафетерии каде кафето се наплаќа од 2-8 евра кафето е обична блувотина
А митот дека италија го има најдоброто кафе и не држи толку:лани имав прилика да ја посетм Италија и нај доброто кафе го пиев на бензинска пумпа од нога во AVTOGRIL а во фенси кафетерии каде кафето се наплаќа од 2-8 евра кафето е обична блувотина
....
Зависи кај си пиел, а факт е дека онаму кај со кафето го плакас 2€ (8€ до сеа никаде не сум слуснал дека се наплака кафе а у Ит сум 5 год) е горзно, мислам грозно зависи како ке ти се погоди....на AUTOGRIL користат едно од најлосите кафиња....како со реков зависи колку добро е направено....
најдобро кафе у Ит со и моментално се најмногу користи...Lavazza Qualità Rossa in grani, kimbo, Hag... a оноа Мехико со се користи по насите кафиЌи нема ни К од кафе.
Зависи кај си пиел, а факт е дека онаму кај со кафето го плакас 2€ (8€ до сеа никаде не сум слуснал дека се наплака кафе а у Ит сум 5 год) е горзно, мислам грозно зависи како ке ти се погоди....на AUTOGRIL користат едно од најлосите кафиња....како со реков зависи колку добро е направено....
Зависи кај си пиел, а факт е дека онаму кај со кафето го плакас 2€ (8€ до сеа никаде не сум слуснал дека се наплака кафе а у Ит сум 5 год) е горзно, мислам грозно зависи како ке ти се погоди....на AUTOGRIL користат едно од најлосите кафиња....како со реков зависи колку добро е направено....
наплаќат бато во Венеција
Најскапо кафе до сеа со сум пиел (сум се заебал да пијам де..) е во Милано Via. MonteNapoleone ..ме еб** со 4€ за едно есспресо!!
..али тоа е тоа.. од тогас коа одам за Ми. си носам од дома кафе:)))
Ај мал апдејт! - од Evil_Genius на 28 октомври, 2005 - 02:07
Од кај си ти бе? Што раскажуваш приказни за мали деца!
Вака сеа кафемат поседувам 7години а последниве пет години користам Lavazza затоа што се покажа како најдобро бар по мој вкус.
Инаку во македонија можеш да го најдеш буквално секое кафе што ке го сретнеш и во италија само треба да знаеш кај кој дистрибутер да побараш, сигурно нема да најдеш у тинекс или веро!
Такада мрчењето дека нема кафе у мк и дека секое кафе у мк е срање се должи на неинформираност.
П.С. Начув дека на плоштад карши фуфо има отворено СЕФРЕДО колку што разбрав треба да е кафетерија баш за оваа намена е сеа ако не сум разбрал јебига
кафе..? - од StipJaNec на 26 октомври, 2005 - 19:18
Не дека сум многу голем пијач на кафе али јеби га..во Мкд(Стип конкретно) нема санси да се напиес добро кафе... а насабајле коа одам на кафе мисмал дека ако не ми г опогодат кафето цел ден ке ми иде у к..наопаку.
1. Не се служи со пластична лажичка
2. Фулџанот не се полни до горе, намногу 2/3!!! (како чај да пијам..мизерија)
3. Измислија 1000 видови на кафе у пицку мацину никаде у свето го нема тоа, и со кафе е тоа коа ке ми го донесат у часка (филџан) од пола литро, и ке седи 2 саати у кафич ке го лигави тоа литарското "кафе" само клк да има несо пред него на маса....
опет сам нервозан....
4.кафето треба да се мели во умерени дози кој со можат да ги потросат најмоногу за 1-2 саати, бидејки смеленото кафе (не вакумирано) губи 50% од квалитетот ако стои повеке врме..а кај нас у мкд: Е со сеа ке мелам ајде ке смелиме 2кг и нека има...и сакаме да се напиеме кафе е нема, ке пиеме помија..чорба.....со млекце нормално,а и не мора да е свежо!
Значи, за мене кафето и испивањето на истото е ритуал и убавина. Ако треба да варам турско кафе, и ако тоа е за луѓе кои пијат без шеќер, горко и не знам, некоја трета варијација, јас нема шанси да го правам едно за сите, па додавајте си шеќер ако сакате...веројатно мислам дека ако веќе имаме некој шугав избор на кафе кое и најдоброто од изборот, не е такво како што некогаш се пиело, да го направам со мерак, и да биде вкусно.
Инаку, уживам да пијам секакво кафе, и мислам дека тоа не е навика. Барем мене не ми е. Јас САКАМ да пијам кафе, и отровно ме нервира кога сакам турско кафе, а некој ми вари и става вода да врие и врие и врие, и „еееј да не испари водата“, ќе бутне лажичка кафе...па ај, пиј кафе... Или филтер кафе, а да ми го направат ко вода од варени костени..
кафе е ритуал - од Zelka на 27 октомври, 2005 - 13:19
кафе е ритуал смислен кога немало телевизија! значи прво се вари кафето, потем се пие со миљио перипетии (локуми, нарѓуљиња, егзотични девојки од харем, упс забегав), следи гледање на кафето итн итн.
Кафето е уште останата социјална работа, ела на кафе, пиете кафе, дур пиете кафе ви се врзува муабетот бидејќи ви се качува притисокот и сте поактивни. Кофеинот делува како вазодилататор (стегач на вени и артерии, значи крева притисок), а со висок притисок не се спие.
јас лани претерував со кафето, второто барем. првото кафе ми беше 2 нес 2 шеќер лажички. второт исто такво беше. после месец дена дерејќи се по другарите без очигледна причина, го намалив на 1 лажичка.
него, од каде на обичното македонче пари за двапати у денот да пие кафе по скопските кафичи?
xhulls, хе-хе, да праиш кафе? помина една година од последното:)
... филтер е! Оп! Не одма со камења и дрва , мирни! Не сакам филтер у принцип, фуј ми е, ама ова драгиот што му го донеле од Куба ли Доменикана, везе неам, е богоме лепо.Иначе у принцип, тепам туиркче, ама некад мора дасменам, за да му се радуем пак;) Ал зато иаме Неспресо машинче дома, па тоа е лудило. Замисли капуслите за Неспресо се продаваат одма до бутикот на Луи Витон у Рим, и изгледа ко да е продавница само за " одреден " круг на луѓе. Ватевер, кој ги ебе нив, кафето е џам! Штета што ја забраивме кесата со ново купените капсули, некаде на улиците на Рим. Рул намбер 1: Не поише од 2 кафиња на ден! Све поише, т. е налевање, го ебе моментот! Мрзам луѓе што пијат 100 кафиња на ден. Рул намбер 2: Баш така, и кога се прави е ритуал и кога се бира се гледа, пошто за обична мутена вода со некоја бљувотина, увек може да се снајдете со нешто саѓ и малце топла вода. Најолошо еспресо ИКАД испиено, т.е . сите еспреса, ГРЧКА! ФУј да им ибам циганите! А најбоље, добро, да Италија...
Абе кафето у Куманово има ритуално значење. Не си фактор у градот ако не идеш на кафе попладне и/или навечер пред чаршија. Имаме неколку популарни кафеџилници, задњипат кога проверив(пошто сега сум у Словенија) најпопуларните беа Принц и Цариград.
Принц за шминкерите и другите деца, Цариград за андерграунд авантгардата. Идам и во Принц и во Цариград, пошто спадам и во двете групи. Негде измеѓу сум
Девојките се шминкаат, дотеруваат(за во Принц де) и тука можеш да видиш што има ново во понуда ) Ама баш ми е мерак да си седнам на кафенце да запалам цигарче и да правам лаф муабет со другарите/другарките. Барем во Куманово не е толку изшмизлена сцената. Мање више е неопходна.
А да, идам и во фамилијарниот кафиќ, каде шо пијат кафе старите мои, братчедите и остала фамилија... Знае да испадне и до три четири седнувања, затоа не пијам увек кафе. Многу кафе, ме тера на серка. Е сега у Принц немаат пиво, значи тамо строго кафе или лимонада.
Иначе, Lavazza рулс. Најбоље кафе што сум го пиел.
Ова што спомна пиење кафе во кафе' со роднините, ме потсети на семеен ручек на кој бев поканет во Лисабон. Јадевме што јадевме, и за кафе се симнавме во локалното кафе наместо да останеме во куќата, и после пак назад се вративме.
Последни коментари