Уште долго ќе сме „навистина блиски“

Владата се откажува од втор фиксен телефонски оператор. Имено, тие некако процениле дека нема да има заинтересирани за ваква понуда(?). Бидејќи досега немаат распишано тендер за оваа цел, тешко е да се најде друго објаснување од каде им оваа претпоставка на нашата Влада, освен галопирачкото темпо на растење на профитот на Македонски Телекомуникации (чиј сосопственик е Владата). Во услови кога приватниот бизнис е на колена, и тешко може да се исцеди од него некоја пара за да се финансира монструозно големата и заспана државна администрација (со сите нејзини трошоци заведени под „разно“), секој денар е добредојден -- а камоли десетици милиони евра.

Нашиот информиран премиер смета дека „со развојот на мобилната телефонија, условите во фиксната телефонија и евентуалниот интерес за влез на конкурент на македонски телекомуникации во фиксната телефонија, нема да биде оној посакуван, како што се сметаше при првичните пресметки“.

Како алтернатива, Владата планира да овозможи изградба на телекомуникациска компанија базирана врз мрежата на ЕСМ. Но, оваа фирма нема да биде класичен фиксен телефонски оператор кој рамноправно би му парирал на Телекомот, туку примарно ќе развива интернет и кабелска телевизија. Во моментов, за оваа идеа се заинтересирани „Мер“, „Самсунг“ и „Сименс“, но тие ќе мора да почекаат (и ние да почекаме) за тендер (ако воопшто го има), барем до следната година.

Овој „брилијантен“ план на нашата Влада, за кој им требаа точно 3 години да го смислат, ќе му даде бришан простор на Македонски Телекомуникации да ги стрижи и бричи македонските граѓани, секогаш кога тие ќе посакаат да бидат „навистина блиски“.

--
Од: Panta Rei - Уште долго ќе сме „навистина блиски“.

Опции за гледање на коментари

Избери го посакуваниот начин за прикажување на коментарите и кликни на „Активирај“ за да ги видиш измените.
Слика на гоце

Он.нет

Ако не сте знаеле сеа ќе дознаете дека Он.нет доби дозвола да пренесува глас преку IP.

Тоа значи дека ќе видите реклами по весници во кои ќе се нуди IP телефон, и антена за Wireless Интернет заедно со телефонски број, брзина 512 со ограничување на 4 GB.

Можностите се - си зимате со девојката интернет од Он.нет и локалните разговори не се наплаќаат. У странство си вртите по цена од 15 ден/мин. Чекате да се склучи интерконекцијата со телекомот и го откажувате фиксниот.

Слика на ZisDead

дозвола

Абе секој што му е кум на Бранета Црвенковског ќе добие дозвола за што и да е. Уствари немора ни да бара.

Слика на dimitar27

O: дозвола

ZisDead wrote:
Абе секој што му е кум на Бранета Црвенковског ќе добие дозвола за што и да е. Уствари немора ни да бара.

Пепи Ч. му е ГАДФАДЕР на лицетп Б.Ц. ???
Нисам знао...???
Фала Зис за ИНФОто

Слика на GoodBytes

Покриеност со wireless во .мк?

Дали некој знае колкава е покриеноста со wireless Интернет низ Македонија? Населби, градови, региони? Има некаде таков податок да се прочита? Особено ме интересира за Он.Нет -- сегашна состојба и планови во овој правец. Данке.

---

Слика на гоце

Нема некои

Нема некои планови од причина што нема веќе што да се покрива :) Интернет има во с. Смилево, с. Скудриње, с. Љубојно итн. Се користи најновата Motorola Canopy платформа. Од пред некое време и за домашни корисници.

Да, ова е реклама :)

Слика на Новица

O: Нема некои

гоце wrote:
Од пред некое време и за домашни корисници.

Знам дека сум комплетно оф-топик со прашањево, ама сериозно ова? Под кои услови/цени? Ако ми кажеш дека од први не морам да сум на дајл-ап уште утре доаѓам во оннет. :)

Слика на гоце

Се надевам

Се надевам поактивен ќе бидеш на багра, а тој сообраќај нема да ти го рачунаме :) Цени, зависи, најефтино околу 1000 вајда.

Слика на GoodBytes

Безжични интернет пакети?

Еве, и јас сум заинтересиран да го клоцнам АДСЛ-от и да ставам безжица ако ми одговара. И за кабелот прашував уште од старт, ама премногу доцна дојде во наше село - Карпош No.4. И мене ме интересираат подетално пакети, услови, цени... Може ова да се дознае на пример тука?

На сајтот на Он.Нет не можам ништо да најдам за wireless понудата. on.net.mk е за бај Трендо забавниот портал, cable е за cable, останатото е за dial-up и изнајмени линии. Wireless некако конспиративно се шири. Валтер го брани Сараево... Ако нема веќе на сајтот на Он.Нет (што е малку глупаво), ај ако може тука да се напише?

---

Слика на Шлајка-спие

комшија

ти у К4 си, а?
Па јави се де, да му ебем матер, да му ебем :)

Слика на bezvrska

2 прашања

гоце wrote:
Он.нет доби дозвола да пренесува глас преку IP.

Чисто информативно, кој издава ваква дозвола? Агенција за телекомуникации? У државава веќе не можеш ни да се измочаш без да добиеш дозвола од "надлежен орган". Ех тој рушвет толку им е мил!

гоце wrote:
Чекате да се склучи интерконекцијата со телекомот и го откажувате фиксниот.

А колку тоа чекате? На пример, Космофон чекаше една година. Што ако за тоа време те остави девојката за некој со појака конекција? :(

Слика на гоце

И да те остави

И да те остави ќе ти остане интернетот како утеха :)

Слика на Michee

Сосема точно.

Сосема точно. Мислам дека владата и направи добра работа со ова. Барем нема да се изглупира оти може никој да не и се пријави.
ОнНет го доби тендерот за бежичен интернет низ Македонија. Колку што разбрав при крај се со целосно покривање. Јупи
Али тука се и кабелските телевизии и они нешто се трудат околу ова. Јупи
И на крај ако имате покет писи се шетате низ Скопје и преку скајп бесплатно си разговараш со девојката која има покет писи или паметен телефон. Телефонот мора да биде бесплатен исто како и емаилот )
Некоја дискусија за ВоИП(ГпИП)има на блог.ебизнис.инфо
Не знаев како да го напишам на латиница али исто се пишува хехех

Слика на bezvrska

Добра работа?

Michee wrote:
Мислам дека владата и направи добра работа со ова. Барем нема да се изглупира оти може никој да не и се пријави.

А зошто никој да не се пријави? Трите најпрофитабилни компании во МК во 2004 се: Мобимак, МТ и Камени мост комуникации (компанија-мајка на Мобимак и МТ). Значи пазарот е мрсен. Единствена причина поради која не би имало интересенти за влез е ако проценат дека Владата станала толку блиска со спонзорите од МТ што декларациите дека постои желба за воведување конкуренција и намалување на цените се само приказни за мали деца.

Слика на ZisDead

Тендер

Скопје се покрива со кариер-клас ВиМакс опрема за Х0000 евра, што е багатела, споредено со пазарот. Стај двајца администратори, некој програмер и некој техничар, и пак останува ептен убав колач. После само бутај услуги.
Во оваа држава нема тендери за златни рудници, или само се проформа.

Слика на гоце

Неќе да е вака

:)
Неќе да е вака едноставно.

Слика на ZisDead

;)

Добро де, груба апроксимација.

Слика на Сељачиште

O: ;)

ZisDead wrote:
Добро де, груба апроксимација.

Што тоа е апроксимирано во твојот исказ?

Слика на гоце

O: Сосема точно.

Michee wrote:
И на крај ако имате покет писи се шетате низ Скопје и преку скајп бесплатно си разговараш со девојката која има покет писи или паметен телефон. Телефонот мора да биде бесплатен исто како и емаилот )

Ова не е толку далечна иднина. Само нема да биде баш бесплатно. Колку си спремен да платиш за интернетот преку кој ќе ти работи скајпот?

Слика на Michee

Почнав да

Почнав да пишувам како одговор на коментарот на мојот коментар и се распишав па го префрлив на мојот блог. Али сега за Гоце јас лично сум спремен да платам 1000 денари месечно максимум за вкупниот пакет значи интернет и телефон. А за цената на мобилната телефонија доколку луѓето почнат да користат покет писи или смарт телефон тогаш можат користејки го скајп (не скајп аут) или нешто слично да разговараат меѓусебе бесплатно. А сосема е точно дека на почеток од компјутер на нормален телефон ќе се плаќа нешто.
За да не се заборавам пак пишувајќи прочитајте на блог.бизнис.инфо зошто фиксната телефонија како што ја знаеме нема да постои и зошто ОнНет со, на времето луда, идеја да биде најголем провајдер на телефонски услуги има добри шанси да го направи тоа.
блог.ебизнис.инфо (на латиница)

Слика на bezvrska

Ептен блиски

Не ме изненадува што ќе имаме продолжена блискост... Пола политичари и скоро цела агенција за телекомуникации им се на платен список. МТ не дере нас, а нив ги дерат нашиве рекет... пардон, политичари. Имав прилика да видам како тројца од најблиската "фамилија" на Ристаки неколку месеци ги уценуваа дека ќе им ја расплачат мајката. Два-три предупредувачки лакта им беа доволни на Унгарците фино-лепо да си ја исплатат бараната сума и уште да набацат и пар раководни места за заслужни кадри.

Едниот од рекетариве после стана и министер. Два дена откога го избраа дојде делегација од Унгарија да му нуди техничка помош. Морееее, како знаат они да бидат услужни кога им зависи дупето од тоа.

Слика на StormAngel

малку он и

малку он и оф-топик,

Вистина е дека Мт Нет го направил ова...
Македонски Телекомуникации ги известува сите корисници дека почнувајќи од 01.11.2005 услугата на MT.NET ADSL веќе нема да се намалува протокот туку, прекорачаниот проток(трансфер) ќе биде наплатуван и тоа по 207 денари за секои 512MB прекорачен лимит(лимит за ADSL Max=4GB; ADSL Office=10GB и ADSL Profi=25BG)

Што фактички означува и кршење на договорите?

Слика на GoodBytes

Линк има?

Од каде ти е оваа информација? Не можам ништо да најдам на сајтовите на МТ.Нет или АДСЛ.

За неколку дена ми истекува АДСЛ договорот. Ако оваа глупост планираат навистина да ја воведат и за MaxADSL, ќе си најдам алтернативно решение.

---

Слика на StormAngel

O: Линк има?

GoodBytes wrote:
Од каде ти е оваа информација? Не можам ништо да најдам на сајтовите на МТ.Нет или АДСЛ.

За неколку дена ми истекува АДСЛ договорот. Ако оваа глупост планираат навистина да ја воведат и за MaxADSL, ќе си најдам алтернативно решение.

---

Инфото ми е од алтернативни начини за информисање. Инаку, не верувам дека толку глупи би биле да го објават ова ден два пред завршување на месецот, или виза ви завршување на неколку договори, како на пример твојот. =)
Башка денеска добив потврда од газда на нет кафе, кој што сигурно е повеќе од мене упатен у ова.

Слика на GoodBytes

Еве го огласот

Ах, видов и сам, во денешниот Дневник. Еве го огласот.

Ова е премногу за мене, одам од принцип кај конкуренцијата.

---

Слика на GoodBytes

СКАПАната фуснота

А еве, денес и на сајтот на ADSL, во пакетите е додадена скапаната фуснота.

СКАПАната фуснота.

---

Агрегирање содржина