Ден на слободниот софтвер во Скопје

На 10ти септември во целиот свет се оддржува денот на слободниот софтвер. Со почеток од 12.00 часот во градскиот парк на школка Слободен софтвер Македонија ќе дели CD-иња со Убунту Линукс и со Отвореното CD. Убунту Линукс е една од најпопуларните ГНУ/Линукс дистрибуции во моментов и претставува слободен оперативен систем кој што доаѓа со сите најпотребни апликации (Интернет прелистувач, клиент за е-пошта, плеери за музика и видео итн.). Отвореното CD е првиот чекор кон ослободување на Вашиот софтвер и ги содржи популарните слободни апликации за Виндоус како што се Оупенофис.орг, Мозила Фајрфокс, Мозила Тандрбрд, ГИМП итн. Доколку сакате да добиете вакво CD, да видите како изгледа ГНУ/Линукс во живо или пак да си набавите маичка, поминете на школка таму сме од 12.00 до 16.00 часот.

Агрегирање содржина