Драги баграшки. Конечно дојде моментот кога треба да се помирите со вистината. Мажите се попаметни!
Конечно можеме да се опуштиме. Не мора више да докажуваме нашите интелектуални капацитети. Сега е лесно да се каже: жените се паметни, а мажите попаметни ![[се смее] [се смее]](/misc/smileys/smile.gif)
Британскиот журнал за писхологија во ноември ќе ја објави студијата чиј автори се Пол Ирвинг и Ричард Лин. Резултатите од истражувањето кажуваат дека на секоја жена со коефициент од 130 доаѓаат по три мажи, додека на секоја жена со коефициент од 145 - 5,5 мажи. Ова е и причината зашто шаховските велемајстори, добитниците на нобелова награда итн се претежно од појакиот пол.
Утеха за жените е тоа дека се трудат повеќе, па се поуспешни од мажите со кои делат иста интелигенција.