6 септември, 2008 - 02:50
[веб кирилица]

Конечно! Вистината за интелигенцијата

од гоце на 6 сеп 2005 - 22:59

Драги баграшки. Конечно дојде моментот кога треба да се помирите со вистината. Мажите се попаметни!

Конечно можеме да се опуштиме. Не мора више да докажуваме нашите интелектуални капацитети. Сега е лесно да се каже: жените се паметни, а мажите попаметни [се смее]

Британскиот журнал за писхологија во ноември ќе ја објави студијата чиј автори се Пол Ирвинг и Ричард Лин. Резултатите од истражувањето кажуваат дека на секоја жена со коефициент од 130 доаѓаат по три мажи, додека на секоја жена со коефициент од 145 - 5,5 мажи. Ова е и причината зашто шаховските велемајстори, добитниците на нобелова награда итн се претежно од појакиот пол.

Утеха за жените е тоа дека се трудат повеќе, па се поуспешни од мажите со кои делат иста интелигенција.

Опции за гледање на коментари


сликата на Букаро
Гоце како - од Букаро на 6 септември, 2005 - 23:41

Гоце како објавуваш вакви работи? Не чита сопруга ти ? И како после и се правдаш?

“Сори жено ја не веруем во тоа..тоа само колку да се попали баграта?“ [се смее]

П.С. И баш сакам да видам кого вие ќе избришите... пичиња линуксо-клаберски! [се смее]

сликата на Mistress
Драги баграшки. - од Mistress на 6 септември, 2005 - 23:57

-Драги баграшки. Конечно дојде моментот кога треба да се помирите со вистината. Мажите се попаметни!-

Неам ништо против, со среќа нека им е. Ионака секоја од нас си има свој домен на дејство, па и нема потреба да се докажуваме наоколу. Студијата се однесува на статистички податоци, а според мене секој индивидуален случај заслужува да се разгледа on its own merit. Со други зборови, не се замарам многу со генерализации [се смее]

сликата на ZisDead
генерал - од ZisDead на 7 септември, 2005 - 11:48

Ти не се замараш со генерализација, но таа се замара со тебе. [се смее]

сликата на Муцко
Македонкиве се интелектуално ПОна - од Муцко на 8 септември, 2005 - 02:26

А бе, на Меѓународните Математички Олимпијади (и на информатичките е слично) од околу 400 учесници, само 10-20 се женски... А македонската репрезентација еднаш испрати дури две женски [металец] во шесточленатата екипа! Женскиве кај нас се навистина еманципирани, и не заостануваат интелектуално како во другите делови на светот... уште да беа сите работни како мајка ми (која не само што готви, пере, мети... ами и цепи дрва, варосува, крева вреќи!), државава ќе тргнеше на понапред!

сликата на SANJICKA
Мене дури не ми требаше - од SANJICKA на 7 септември, 2005 - 00:03

Мене дури не ми требаше студијава за да го знам тоа.
Живео мушки свет!
Имав еден пост - феминизам. Кој сака, нека се потсети.

сликата на Zelka
ја па иам - од Zelka на 7 септември, 2005 - 11:06

ја па иам читано дека за време на шпанската инквизиција, прекрасните жени, односно жените со неизмерна убавина, и незимерна интелегенција биле сметани дека биле опседнати од демони и ги палеле на клада. може тука има нешто, шпанците ги испозапалиле паметните жени во XV век.

сликата на PSYCHOpatka
убавина и интелигенција? - од PSYCHOpatka на 7 септември, 2005 - 11:46

Цитат:

ја па иам читано дека за време на шпанската инквизиција, прекрасните жени, односно жените со неизмерна убавина, и незимерна интелегенција биле сметани дека биле опседнати од демони и ги палеле на клада. може тука има нешто, шпанците ги испозапалиле паметните жени во XV век.

Паметните ги испозапалиле, а убавите (а приглупи, или можеби не до толку паметни) останале до ден денешен, тоа ќе да е.....
[се гази од смеење]
Некако не ми е верно, хм, да не мешаш ти интелигенција и убавина, a Zelka?
Oбично кај жените овие две ствари се обратнопропорционални. [намигнува]
Но, случајот не ја исклучува можноста, зарем не? [се смее]

Освен ако интелигенцијата не ја сметаш истовремено и за убавина, што е и мое мислење.

/ - од Челик на 7 септември, 2005 - 12:24

> Освен ако интелигенцијата не ја сметаш истовремено и за убавина, што е и мое мислење.

Aa.. ова мене ептен симптоматично ми звучи [се смее]

сликата на PSYCHOpatka
Ми се намерачи - од PSYCHOpatka на 7 септември, 2005 - 12:52

Ми се намерачи нешто Челик на мене, па тоа ти е.....

psycho напиша:

Случајот не ја исклучува можноста зарем не?

Јас не се осеќам загрозено во ниеден можен поглед.
Затоа и го напишав тоа. [се смее]

Челик напиша:

Aa.. ова мене ептен симптоматично ми звучи

Симптоматично за мене не е. За тебе? [се смее]

гоце напиша:

Конечно можеме да се опуштиме. Не мора више да докажуваме нашите интелектуални капацитети.

Полека Челик, опушти се. Послушај го Гоце. Не се докажувај [се гази од смеење]

P.S. Без разлика на се, интелигенцијата Е убавина.

/ - од Челик на 7 септември, 2005 - 13:12

> Симптоматично за мене не е. За тебе?

Не реков јас дека убавината (ваљда у недостаток) ја заменувам со интелигенција [намигнува]

сликата на PSYCHOpatka
Замена :) - од PSYCHOpatka на 7 септември, 2005 - 13:24

Конечно се поклопивме во ставовите [намигнува]
Не го реков тоа ниту пак јас.
Zelka тоа го постира ....
[плази јазик]

...kako mozite da se од lusisluska
= - од Челик на 7 септември, 2005 - 12:36
Резултати добиени од голем примерок на испитување немаат врска со оние на поединци, така да не треба некој да се мава во гради заради ова. Исто така, еве и линк (New Scientist) дека има >50% веројатност дека било кој научен труд можно е да е грешен :)

Не дека ги бранам жените, ама шовинистички ставови не ми се свиѓаат.
сликата на BugS
O: = - од BugS на 7 септември, 2005 - 12:59

Челик напиша:

Исто така, еве и линк (New Scientist) дека има >50% веројатност дека било кој научен труд можно е да е грешен [се смее]

Вклучувајќи го и самиот тој научен труд од New Scientist.

Челик напиша:

Не дека ги бранам жените, ама шовинистички ставови не ми се свиѓаат.

Не шепкај толку гласно. Јас те слушнав.
[се смее]

= - од Челик на 7 септември, 2005 - 13:11

> Вклучувајќи го и самиот тој научен труд од New Scientist.

Toa и не е научен труд [се смее]

сликата на Муцко
И јас те слушнав... - од Муцко на 8 септември, 2005 - 02:23

Челик, Алекс-андар на старогрчки ти значело „бранител на мажите“... Немој да дозволиш Мар-јан на новомакедонски да значи „бранител на жените“ [пушење] (а твоево крстено име потекнува од женското име Марија... да си го смениш кога ќе вадиш нова лична карта!)

аха... - од Челик на 8 септември, 2005 - 17:10

А според тебе треба да ги напаѓам и омаловажувам?

сликата на Муцко
Треба да ги покориш! - од Муцко на 8 септември, 2005 - 23:35

Жената треба да ја покориш! Така беше во патријархалниот свет, така е и дома кај мене (со мајка ми – не само што ја покори татко ми, ја покорив и јас).

сликата на toomuchisnotenough
аууууу... па - од toomuchisnotenough на 13 септември, 2005 - 14:12

аууууу... па како сум пропуштил да го прочитам ова порано?!

не можам да одлучам како да го прокоментирам ова... ај кажи ми ти: сакаш да ти објаснам со арно зошто ова е е оптимален пристап, или емотивно да го изразам мојот револт од ваквиот субхуман ментален модел?

сликата на Royalgirl
Кај и да е! - од Royalgirl на 7 септември, 2005 - 12:42

Јас не знам за војна или тероризам иницирана од женскиот род (можда не знам доволно за историјата или настаните околу светот, нека ме поправи некој ако грешам..)

Шанти - од samsara на 7 септември, 2005 - 14:03

Ова ‘иницирана’ дава голема слобода на толкување, ама еве ти по два, не многу стари примери, кај што жена била клучен фактор за воен, односно терористички напад:

1. Маргарет Тачер, 1982, Фолклендската војна и
Мерлин Одврајт пред 6 години, бомбардирањето на ЈУ,

2. Булите лани во Беслан, или пред тоа во еден од московските театри.

сликата на frajer
Многу лоши - од frajer на 7 септември, 2005 - 14:11

Многу лоши примери..
Маргарет Тачер - повеќе машко од женско.
војната на Фокландските острови беше додека таа беше премиер..но ништо не докажува дека таа ја имала пресудната улога.. можеби тогаш, за разлика од конвенционалните случаи, таа имала машко во "сенка":)
Медлин Олбрајт - некои шпекулираат дека било резултат на лична освета, некои на притисок на администрација (како Кондолиза Рајс денес)
Булите - дали дрога, дали очај..
p.s. незнам ни зошто ги споменуваш овие примери, дали мислиш дека се репер за интелегенција некаква?

Лоши ли, добри ли, ... :) - од samsara на 7 септември, 2005 - 18:32

Цитат:

p.s. незнам ни зошто ги споменуваш овие примери, дали мислиш дека се репер за интелегенција некаква?

Само дадов примери на жени кои заговарале и(ли) биле вовлечени во војни, односно тероризам.

А, со коментари во врска со интелегенцијата, ќе почекам да излезе декемврискиот број на
„Меѓународен журнал за експериметална психологија“. Најавена е статија од Наталија Золотова и Џармуш Ериксон со фасцинантни резултати и споредби меѓу интелегенцијата на хомосексуалците, фудбалерите и оупн-сорс програмерите.

сликата на Royalgirl
споредби меѓу интелигенција - од Royalgirl на 7 септември, 2005 - 22:27

Знам кои ќе се покажат како најдобри [намигнува]

знам - од samsara на 8 септември, 2005 - 15:45

И ја мислам дека знам, али ќе ќутам од етички причини - необјавени трудови не се коментираат јавно [намигнува]

сликата на GoodBytes
Женска војна - од GoodBytes на 8 септември, 2005 - 23:29

Royalgirl напиша:

Јас не знам за војна или тероризам иницирана од женскиот род (можда не знам доволно за историјата или настаните околу светот, нека ме поправи некој ако грешам..)

Заради Елена се водеше војната во Троја. Мажите си ги дробеа черепите во полето, додека жените гледаа од палатата, под сенка, пиејќи сокче и јадејќи пуканки. [се смее]

Една моја поранешна професорка во средно му викаше на еден мој соученик: „... ти си екстракт од мозок -- имаш малку мозок, но навреме ти доаѓа“.

---

сликата на Royalgirl
O: Женска војна - од Royalgirl на 9 септември, 2005 - 00:15

GoodBytes напиша:
Royalgirl напиша:

Јас не знам за војна или тероризам иницирана од женскиот род (можда не знам доволно за историјата или настаните околу светот, нека ме поправи некој ако грешам..)

Заради Елена се водеше војната во Троја. Мажите си ги дробеа черепите во полето

Тоа го чекав. Мажите, тие интелигентни суштества, ТИЕ се дробеле меѓусебно, како не разбираш?А заради кој се водела војната,пих, тоа ти е само повод и ништо друго.

сликата на GoodBytes
Разбрани луѓе - од GoodBytes на 9 септември, 2005 - 14:24

Royalgirl напиша:

како не разбираш?

Твојот и мојот пост го кажуваат истото. Значи, или двајцата не разбравме, или двајцата разбравме.

---

сликата на Royalgirl
Па добро.. - од Royalgirl на 9 септември, 2005 - 22:30

Па добро,јас сепак барав војна иницирана од женски род, а не војна која за повод имала женски род [намигнува] Пошто на крај секоја војна се води за нас,али за тоа друг пат [се смее]

/ - од Челик на 9 септември, 2005 - 23:07

Се води за пари, другите работи сами доаѓаат.

сликата на Royalgirl
Знаев... - од Royalgirl на 10 септември, 2005 - 12:21

Индиректно,заборавив да додадам, ИНДИРЕКТНО.If you know what i mean. Парите како такви(како хартија), немаат вредност. Можда премногу Фројдовски став,али тоа е.

сликата на SANJICKA
ако жените имаат таква вредност - од SANJICKA на 10 септември, 2005 - 14:24

Цитат:

Парите како такви(како хартија), немаат вредност.

А жените, како такви, имаат таква вредност (генератор на војни)?!
збун.
Не се сложувам од истите причини со кои го објаснував мојот антифеминистички став.

There is an equal 2 sides cause for everything.

сликата на Royalgirl
Мажите секогаш - од Royalgirl на 10 септември, 2005 - 15:34

Мажите секогаш мислеле и ќе мислат дека парите се магнет за жената.Бар 9 од 10 така мислат. Не дека тоа е точно, но ете.

сликата на SuperGirl
Ма било тоа - од SuperGirl на 10 септември, 2005 - 15:48

Ма било тоа некад...кои спонзоруши се станати муживе во градов, тоа страшно нешто!

/ - од Челик на 10 септември, 2005 - 15:52

Те подржувам тука [намигнува]

/ - од Челик на 10 септември, 2005 - 15:51

Да можда тројанска војна која прераснала од лична во војна заради жена и слични бајки [се смее]

Многу е јасно зашто се водат војни, не треба да се дискутира за тоа. [Природни ресурси, територии, идеализам (на пример втора с.в.) тука спаѓаат религиозно и рацистички иницирани војни, војни заради незадоволство (бунтови, граѓански војни, сиромаштија), и дипломатски конфликти/инциденти од други причини].

Заради жени и сексуални фрустрации се водат друг вид војни - лични војни.

P.S.

У ствари, според тебе се во светот се сведува на жени (и/или секс, мада ти пркосат 1/7 хомосексуалци), според мене на пари (ресурси, добра) па незнам кој е во право [се смее]

сликата на SANJICKA
O: / - од SANJICKA на 10 септември, 2005 - 16:01

Челик напиша:

У ствари, според тебе се во светот се сведува на жени (и/или секс, мада ти пркосат 1/7 хомосексуалци), според мене на пари (ресурси, добра) па незнам кој е во право [се смее]

Двајцата сте во право. Исто како и оние кои што мислат секако поинаку од вас.
Прашањето е: What's in your world?

/ - од Челик на 10 септември, 2005 - 16:16

Само мала насмевка
[се смее]

сликата на SANJICKA
Детската мисла - од SANJICKA на 10 септември, 2005 - 16:19

уште една [се смее]

сликата на Royalgirl
O: / - од Royalgirl на 10 септември, 2005 - 16:02

Челик напиша:

У ствари, според тебе се во светот се сведува на жени (и/или секс, мада ти пркосат 1/7 хомосексуалци), според мене на пари (ресурси, добра) па незнам кој е во право [се смее]

Eeee, реков на почеток "за тоа друг пат", али ме влечете за јазик. Не се сведува се на светот на жени, лошо толкување. Али мотивот е сепак Фројдовски. Не гледам поента во имањето пари и моќ ако останам сама на крај со све тоа у џеб.

сликата на SANJICKA
друга призма - од SANJICKA на 10 септември, 2005 - 16:12

Коментираш низ друга призма. Малку е потесна од оваа за која јас и Челик пишуваме. [се смее]

/ - од Челик на 10 септември, 2005 - 16:21

Цитат:

Не гледам поента во имањето пари и моќ ако останам сама на крај со све тоа у џеб.

А во сексот? [хаос]

сликата на SANJICKA
O: / - од SANJICKA на 10 септември, 2005 - 14:17

Челик напиша:

Се води за пари, другите работи сами доаѓаат.

Не се води за пари.

Другите работи постоеле, некои од нив, наводно, изненадно доаѓаат.
А парите се само лажен аларм - “господов“ инструмент за криење на вистинските причини за војни.
God's damn manipulation.

/ - од Челик на 10 септември, 2005 - 15:56

Цитат:

Другите работи постоеле, некои од нив, наводно, изненадно доаѓаат.

Ова ти е многу матно и конфузно. Секако дека се постоело пред да постојат парите, но со пари не мислам на хартијата, по ѓаволите! Знаеш дека економска моќ (buying power) на една држава се изразува со пари и секако никој не мисли на реалната вредност на хартијата.

Цитат:

А парите се само лажен аларм - “господов“ инструмент за криење на вистинските причини за војни.
God's damn manipulation.

Леле и Господ замешал тука прсти не ми се веруе [се смее]
Е добро Сањичка ај кажи ни ти заради што се водат војните ондак.

Се расправаме за тривијални работи, безвезе.

сликата на SANJICKA
O: / - од SANJICKA на 10 септември, 2005 - 16:10

Челик напиша:
Цитат:

Другите работи постоеле, некои од нив, наводно, изненадно доаѓаат.

Ова ти е многу матно и конфузно.

Не е матно и конфузно. Се однесува на сите природни човекови особини, социјално стекнати човекови особини, воспоставување и дефинирање на релации од секаков карактер, постоење на копно, идеја за поделба и воведување граници и еден куп вакви работи.

Челик напиша:

Секако дека се постоело пред да постојат парите, но со пари не мислам на хартијата, по ѓаволите!.

Знам де. Тука немаме никаква расправија, ниту недоразбирање. Јас само го надополнив твојот став.

Челик напиша:
Цитат:

А парите се само лажен аларм - “господов“ инструмент за криење на вистинските причини за војни.
"God's damn manipulation".

Леле и Господ замешал тука прсти не ми се веруе [се смее]
Се расправаме за тривијални работи, безвезе.

Точно така. Тривијални. И не се расправаме зашто го имаме истиот заклучок.

Челик напиша:

Е добро Сањичка ај кажи ни ти заради што се водат војните ондак.

Низ мојата тесна призма заради:
1. природната селекција и
2. стекнатата желба за моќ и доминација (како последица на првото)

Значи, природно е сето тоа. И неизбежно. (по мене) [се смее]

match! - од Челик на 10 септември, 2005 - 16:26

Да и според мене е природно и неизбежно.

сликата на m3chan1k
intelligent war... - од m3chan1k на 10 септември, 2005 - 02:49

Royalgirl напиша : "Пошто на крај секоја војна се води за нас,али за тоа друг пат..."
Мислам дека премногу си придавате важност (не без основа), ама вистината е дека во горната констатација Royalgirl двапати се побива :
1. Интелигентните немаат потреба од војни (пробајте да си направите pro/con анализа на "вашите лични војни" и ќе видите зошто);
2. Војни поради жени се водени само во митови и легенди...знам дека мажите се направени "лесни", ама не верувам дека се толкави идиоти...мислам,дури и G.W.Bush (IQ=84) не војува за жени...
Тоа за основата на денешното сфаќање на жените дека светот се врти поради нив е логична импликација на "лесноста" на мажите. Не верувам во генерализации,посебно не на тема интелигенција и затоа само ќе си кажам дека ако мажите не се само деца со многу рестостерон во нив светот би бил многу подобро место...

сликата на toomuchisnotenough
Royalgirl - од toomuchisnotenough на 10 септември, 2005 - 06:25

Royalgirl напиша:

Пошто на крај секоја војна се води за нас,али за тоа друг пат [се смее]

[се гази од смеење]

луцидниов увид ми врати носталгични спомени од детството, кога се' беше едноставно и кога на наш, детски начин се обидувавме да изградиме толкување за тоа како дошло до втората светска војна:

„си играле југословенче и германче и се скарале. германчето го удрило југословенчето, па југословенчето го истепало германчето. после, германчето го викнало постариот брат, и тој го истепал југословенчето. после, југословенчето го викнало својот постариот брат, и тој го истепал постариот брат на германчето. после, постариот брат на германчето го викнал татко му...

колку да знаеш за друг пат:

во основа на вооружените судири меѓу општествените групи лежат помалку или повеќе сложени економски причини. (контрола над одредени ограничени ресурси, геостратегиски интереси за контрола над трговските патишта, итн.). потоа, политичката елита ги преточува тие економски причини во соодветни реторика и/или идеологија, со цел манипулирање на јавното мислење и засилување на општествената кохезија (најчесто манифестирана како силно национално чувство), со крајна цел мобилизирање на населението во вооружени структури подготвени за саможртвување во име на прокламираните општествени вредности и поголемото заедничко добро.

а не заради жените, господ да ги благослови, аналитичарке моја надежна...

сликата на Royalgirl
Еј не ми се - од Royalgirl на 10 септември, 2005 - 12:23

Еј не ми се обраќај директно, те молам.

O: Конечно! Вистината за интелигенц - од mu4ddib на 7 септември, 2005 - 12:42

Абе а знаеш дека интелегенцијата не е = со паметност?
Се тесно поврзани, ама нема знак „=“