22 ноември, 2008 - 04:00
[веб кирилица]

Трифуне, дај си оставка одма

од гоце на 6 сеп 2005 - 08:42

Абе оној Пенов изгледа бољи беше, а? Читам и не ми се верува. Ај што паркон станал смрдлив, неисчистен и легло за маларија, него нема да смееме и да се шетаме у него? Катастрофа...

Градски парк затворен после 23 часот и со чувари кои ќе казнуваат

Опции за гледање на коментари


сликата на Junglemental
Да си го земе - од Junglemental на 6 септември, 2005 - 09:07

Да си го земе паркот и дома да си го однесе. Глупост до глупост...остај тоа, пред оваа одлука имаше и предлог дискотеките да работат до 11, ама изгледа му ја затнале устата газдите на дискотеките со баеги евра...
Ништо, ќе скапеме во градов. Ни останува пивото пред старата добра коперација.

сликата на miopa
Не оставка, каменување - од miopa на 6 септември, 2005 - 09:39

Има некој што се разбира во право? По која основа ќе ме казнат? Како ќе пројде ова на суд?

И што сака кретенов луѓето да прават после 23, да се собираат по станови и да се дрогираат?

Реално, мислам дека ова е толку глупо што е неодржливо и неспроведливо, ама ме иритира идејата дека човекот што го води градот може да биде толкав идиот. Ме иритира и тоа што јас сум толку идиот што планирав да гласам за него на изборите.

сликата на excellent
O: Не оставка, каменување - од excellent на 6 септември, 2005 - 10:04

miopa напиша:

Ме иритира и тоа што јас сум толку идиот што планирав да гласам за него на изборите.

Ти барем се задржа на ’планирав’.

ЈА што да кажам???

сликата на kontraska
O: Не оставка, каменување - од kontraska на 6 септември, 2005 - 11:52

excellent напиша:
miopa напиша:

Ме иритира и тоа што јас сум толку идиот што планирав да гласам за него на изборите.

Ти барем се задржа на ’планирав’.

ЈА што да кажам???

Вауу колку сум хепи што не се замарам со политика и што не идам на гласање [се гази од смеење]

сликата на koskar
O: Не оставка, каменување - од koskar на 6 септември, 2005 - 10:53

miopa напиша:

И што сака кретенов луѓето да прават после 23, да се собираат по станови и да се дрогираат?

Коа може да се собираат у парк и да се дрогираат, нели? [се смее]

Сепак, затворање не е решение и според мене тотално не-спроведливо во Скопје или Македонија. Го памтите законот за моболни, појаси светла. Барем пола (вклучувајќи ги сите цајкани) не го почитуваат. Исто ќе биде и со паркот. Ќе се муваат чувари месец два, ќе дојде зима, па ионака нема да има никој таму. После Трифун нема да им даде плата или нема да им даде повишица, па они ќе забушаваат.....
Инаку, постојат градски паркови кои се затвораат ноќе: Париз, Лондон; Трифун не измислува топла вода.
Подобро би било да има чувари кои ќе се грижат за паркот 24/7 и ќе ги казнуваат вандалите и галамџиите...

сликата на BugS
ребел - од BugS на 6 септември, 2005 - 09:40

сликата на dimitar27
O: ребел - од dimitar27 на 6 септември, 2005 - 10:00

BugS напиша:

Кина гомна да јаде,ТРИФУН е бетер и од Хитлер бре
Има ја болљи предлог:Да не затвори сите нас скопјани по дома на пример после 18 часот а?Така нема кој да иде у парк и он ќе си биде раат.
Трифун бе?!?!? Гнушам га се [тажен]

сликата на ufo
Море какви - од ufo на 6 септември, 2005 - 10:48

Море какви говеда има и во каква состојба го оставаат паркот откако ќе се изначукаат, страшно... Како и да е стварно не е океј ова, нека го продужат работењето на „дискотеките“ до сабајле барем.. Син му на Трифун коа сака да се журка иде у Њу Јорк на Пол Оукенфолд а ние што кур треба да праиме?

сликата на leki81
Бидејќи се - од leki81 на 6 септември, 2005 - 11:05

Бидејќи се прават многу паметни полицајците, сите со вас уставот, и законот за локална самоуправа со вас во џеб па да видиш дали ќе те мрднат. (Т.е. Како што имам слушнато Алфите знаат добро да мрднат некого [се смее]

Соууу..

Член 12 Устав на РМ

Слободата на човекот е неприкосновена.
Никому не може да му биде ограничена слободата, освен со одлука на судот и во случаи и во постапка утврдена со закон.

Што ќе рече ако те апси и те дислоцира мора да има факинг гоод рисон.

Закон за локална самоуправа (Неможам онлине да го најдам)

Ама Градски парк се третира како Јавно место, од тука Член 20 и 21 од Уставот ни [се смее]

Член 20

На граѓаните им се гарантира слободата на здружување заради остварување и заштита на нивните политички, економски, социјални, културни и други права и уверувања.

Член 21

Граѓаните имаат право мирно да се собираат и да изразуваат јавен протест без претходно пријавување и без посебна дозвола.

п.с Овој 21 е добра фора [се смее] Еднаш џандар сакаше да не ишутира, па му го плеснавме ова дека протестираме мирно против одлуката на Владата за намалување на пензиите за 3% [се смее] Се збуни малиот си отиде [се смее]

п.п.с

Глеате и ние правниците некад сме полезни за општеството [се смее]

сликата на Junglemental
Благодарност - од Junglemental на 6 септември, 2005 - 11:32

Благодарност до правникот кој ни ги посочи членовите од законот. Имаш од мене еден Службен Весник (најнов број:) и пиво у парк [се смее]
Мене ме интересира уште нешто...ако не ти е проблем, што вика законот за "алкохол на јавни места"?
Ај да отспијам троа па ќе ви раскажам за една средба со АлфаТим одма после создавањето на нивната единица.

сликата на leki81
Заборавив да ти - од leki81 на 8 септември, 2005 - 12:24

Заборавив да ти одговорам [се смее] Законот вика Но веј дека смееш да конзумираш алхохол на јавни места, значи ти да си одиш по улица и да си пиеш пиво, ако се алфите у добро расположение може да ти шибнат казна или заушка, или мацола, зависи ти викам како се расположени [се смее]

сликата на ufo
Тешко дека - од ufo на 6 септември, 2005 - 11:44

Тешко дека алфите ќе ги интересира ливчето што ќе го извадиш. Ама секоаш моеш да пробаш. [се смее]

Кажи како поминало... [се смее]

сликата на zlochko
Апси??? - од zlochko на 6 септември, 2005 - 22:43

...правнику... [намигнува] колку што јас вака лаички ги разбирам работите.. никој нема да те казни и за седење у парк сигурно нема да добиеш кривична. Многу поверојатно е дека ќе добиеш прекршочна.

Волкот сит, офците на број?

Злочко.

сликата на leki81
Братче види - од leki81 на 7 септември, 2005 - 00:22

Братче види кривичен законик на РМ [намигнува] И за прекршочна полиција има право да те лиши привремено од слобода(современ џандарски жаргон, да те однесе во станица), така да не по врат туку по шија [се смее]

сликата на Zelka
мубаетот што - од Zelka на 6 септември, 2005 - 11:57

мубаетот што прочитав во весник било да се ставеле под крај пијанките у парк.
и да не се дрогираме изгледа...
а што е со сите тие идиоти кои после 6 испиени битолски со 24 пластични чаши и 18 кеси, и си стануваат и си идат? нив само би било пожелно некој да ги казни, пошо јас не сум луд да соберам цело ѓубре што сум го оставил!
не го затварај парк, казни ги тие што го вандализираат!
а нтш и алфа-танго-браво тим кај ќе идат после 23?

сликата на ufo
O: мубаетот што - од ufo на 6 септември, 2005 - 12:08

Zelka напиша:

а нтш и алфа-танго-браво тим кај ќе идат после 23?

Ма нека идат у пичку матер, пушење џоинт на јавно место стана мит ради нив. И нека јаде гомна и Амстердам, се врати сеа една другарка од Лисабон и ми кажа дека у кафичи се пуши додека покрај кафичите патролираат џандари. Тиебамдржавата!

сликата на Букаро
Ја поздравувам - од Букаро на 6 септември, 2005 - 12:32

Ја поздравувам одлуката на градоначалникот. Ако треба и доброволно ќе волонтирам за да се исчисти сметот.

Единствено ме плаши кај кур сега ќе се префрли цела идиотана?

сликата на ufo
Доброволно ќе - од ufo на 6 септември, 2005 - 12:37

Доброволно ќе волонтираш за да се исчистиш? Дај самоубиј се жити се напрај му услуга на општеството.

сликата на Букаро
O: Доброволно ќе - од Букаро на 6 септември, 2005 - 12:49

ufo напиша:

Доброволно ќе волонтираш за да се исчистиш? Дај самоубиј се жити се напрај му услуга на општеството.

Вујко ми е во алфите. Ќе му речам да прашува кој сурфа на Багра и ако некој му одговори “ДА“ има да го брка на клоци.

А ти дечко не сфаќаш дека дрогата те убива секојдневно, малку по малку...доста дувате со другарчињата, почнете нешто ново, ете на пр. да возите велосипеди. Тоа знае да биде многу забавно!

сликата на leki81
Глеј сега, Буки - од leki81 на 8 септември, 2005 - 12:30

Глеј сега, Буки си нема гајле, си го имаат они широк сокак тропни трипати, шифра Скопски педеришта и одма влагаш во Расчекор или Позитив после работно време:) Немаш уопште проблем! А ние бе Буки кај да одиме? Ни шифра ни бутур помага овде

сликата на SANJICKA
УЖАС ! - од SANJICKA на 6 септември, 2005 - 13:25

Ужас !

Повели Mr. Трифун [експлозија]

enjoy and smile - all over
[вампир]

сликата на leki81
Сањичка ма у - од leki81 на 9 септември, 2005 - 19:56

Сањичка ма у затвор ќе те пикнат [се смее] Ова одма може да се протолкува како подготовка за атентат на Г-дин Костовски. Уствари што ЛУПЕТАМ, Во управа на Град Скопје, компјутерите уште за играње карти им служат поима немаат за багра [се смее]
п.с
Админи шо не организирате еден лајв чет со Трифке овде на Багра [се смее]

сликата на PassENGER
Мене и не ми - од PassENGER на 6 септември, 2005 - 14:13

Мене и не ми изгледа толку лошо идејава. Ке се вратат старите маалски седенки, со се фраерите и новите комшивчиња од маало, вака не знаеш кога и кај изникнале а тие две куќи од тебе. Кога имаше плициски сат на времето, пред зграда запознав еден куп клинки и тоа какви! а тревката се моташе најрелаксирано, у парк и онака никој не е луд да мота, па таму секој втор е нтш или кој кур веке.. ме разбирате? Подобро ке биде 100%

сликата на ZisDead
парк - од ZisDead на 6 септември, 2005 - 14:45

И поарно така. Паркот стана ептен лоша збирутина на наркомани, тепачишта...

За Трифун немам што да замерам. Допрва ќе видиме што сорта е, ама не ми го спомнувај Пенов те молам. Дијареа ме фаќа кога ке ми текне на неговиот сурат.

сликата на googleot
O: парк - од googleot на 6 септември, 2005 - 15:15

ZisDead напиша:

И поарно така. Паркот стана ептен лоша збирутина на наркомани, тепачишта...

За Трифун немам што да замерам. Допрва ќе видиме што сорта е, ама не ми го спомнувај Пенов те молам. Дијареа ме фаќа кога ке ми текне на неговиот сурат.

Си ја е*але мајката и двајцата туку сега што е на ред да се гасат
сијалиците по дома во 12 или да не се купува поише од едно пиво
ОДИМЕ ВО ЕВРОПА ОДИМЕ ВО ЕВРОПА ОДИМЕ ВО ЕВРОПА !!!

сликата на гоце
Никој не се - од гоце на 6 септември, 2005 - 16:06

Никој не се буни за „чистењето“ на паркот од секаква багра, иритира ограничувањето на слободата. Настрана тоа дека личи на неискосено мочуриште. Бев еднаш летово (денски) во новиот дел и не добив желба за втор пат. Боље низ маало...

Пенов колку ми текнува го осветли.

сликата на dimitar27
O: Мене и не ми - од dimitar27 на 6 септември, 2005 - 14:47

PassENGER напиша:

Мене и не ми изгледа толку лошо идејава. Ке се вратат старите маалски седенки, со се фраерите и новите комшивчиња од маало, вака не знаеш кога и кај изникнале а тие две куќи од тебе. Кога имаше плициски сат на времето, пред зграда запознав еден куп клинки и тоа какви! а тревката се моташе најрелаксирано, у парк и онака никој не е луд да мота, па таму секој втор е нтш или кој кур веке.. ме разбирате? Подобро ке биде 100%

Да де,не подобро,најдобро ќе биде од сега.Ова Путнику нe` засега нас скопјаните,за тебе знам дека не е проблем ова,ти и до 16 часот да си у Парк си задоволен,доста е што си у Скопје,нели?
Ние таму сме растеле,таму сме ги имале најубавите денови од детсвото и младоста,таму сме ебнале првото ни пиче,првото пиво,првиот џоинт ...и не боли кога некој сака да го затвори паркот со некаква си идиотска одлука на Совет на Град Скопје,сфаќаш?
Боље ке било бе?!?!Можда тебе ти паше шемава за да упознаеш млади пичиња у маало,ама па не се сите ко тебе нели?Има луѓе со “нормални“ животи,средени,со врски,или па упознаваат цури и по други места,не само пред зграда у маало и тоа само кога е полициски час.
АМАН више...нема крај глупоста човечка...

сликата на PassENGER
И јас тебе те - од PassENGER на 6 септември, 2005 - 15:06

И јас тебе те сакам, добар си ти човек Д27 ... кад би се зезали.
Најтрагично кај тебе е што уствари нешто ти вика дека сум у право во поголем дел од времето. Мирен, мирен сеа.

сликата на dimitar27
Да беее,ме - од dimitar27 на 7 септември, 2005 - 08:59

Да беее,ме провали.Уствари ти љубоморам на знаењето и интелектот,а поготово на финесите у секој твој коментар.
Да те прашам бе нешто:Зошто си дошол да живееш во град во кој све ти смета и не ти е убаво,кој град уопште не го сакаш??
Ај ние тука родени,мораме да бидеме тука,бар додека не кидне секој на своја страна,ама да доаѓаш од друг град(ваљда не си од село) у Скопје,а после да плукаш по Скопјево,и да се потсмеваш на СКопјани е во најмала рака болно однесување.
Те сакам и ја Селчо...стварно...

сликата на koskar
O: Мене и не ми - од koskar на 6 септември, 2005 - 15:19

dimitar27 напиша:

Да де,не подобро,најдобро ќе биде од сега.Ова Путнику нe` засега нас скопјаните,за тебе знам дека не е проблем ова,ти и до 16 часот да си у Парк си задоволен,доста е што си у Скопје,нели?
Ние таму сме растеле,таму сме ги имале најубавите денови од детсвото и младоста,таму сме ебнале првото ни пиче,првото пиво,првиот џоинт ...и не боли кога некој сака да го затвори паркот со некаква си идиотска одлука на Совет на Град Скопје,сфаќаш?
Боље ке било бе?!?!Можда тебе ти паше шемава за да упознаеш млади пичиња у маало,ама па не се сите ко тебе нели?Има луѓе со “нормални“ животи,средени,со врски,или па упознаваат цури и по други места,не само пред зграда у маало и тоа само кога е полициски час.
АМАН више...нема крај глупоста човечка...

Ова сеа ми личи на муабетот за 103-ка...
Според никот димитар27,ти имаш 27 год и алудираш дека имаш средена „нормална“ врска. Коа последен пат си бил да „ебнеш“ нешто у парк? Или да се напиеш пиво?
Јас сум против затварање, ама ред мора да се направи. Нарочно во тн. „Втор Дел“. Сега, можда Тифун не знае боље, па покушава нешто. Ако не ти одговара, има просто решение: Не го гласај у 2009....

сликата на dimitar27
Хаха Не не - од dimitar27 на 7 септември, 2005 - 09:12

Хаха
Не не не
Немам ни 27 год(не мора де тоа да е никот) а за врска средена ...не знам... [се смее]

Ама според тебе,ако не одам у парк на ебнување и на пивце,значи треба да не ме интересира што ке се прави со паркот а?Така де,ако не те засега не се буни,седи си мирен ,ќути-трај нели?Од тако размислување до овде ни е државава,пошто не не засегаше што се дешава ни у Тетово и Куманово,па затоа и си ќутевме,некои дури и на “одмор“ у Грчка скокнаа од што не ги засегаше.
Јас ретко, или сега веќе никогаш (пу пу пу) не одам ни у Кондово,ама не ми е сеедно дали тамо некој со аутомати стои пред село и не дозволува да се влезе,нели?Исто така не работам во ниеден загубар(фала му на Господа) ама сепак сочуствувам со луѓето што протестираат по улици за парче леб.
Примери еден тон,ама поента една,се надевам ја разбираш.

Што не - од Robomarket на 6 септември, 2005 - 18:40

Што не организира некој протест?

сликата на zlochko
Туку ме интересира... - од zlochko на 6 септември, 2005 - 22:45

...дали и оној паркингот на кој што може да се пристапи од задната страна (Александар Палас) припаѓа на истата јурисдикција... би било штета да е така... навистина...
[се гази од смеење]

Злочко.

сликата на Bugzy
Ау, брале ама сум се зезнал - од Bugzy на 6 септември, 2005 - 23:09

Гласав за типов, а тој сака да ни го одземе Парк, ај што го узурпира пола со оноа зградиштено, сега сака цел. Па луѓе што ќе правиме тогаш, кај него пред куќа ќе се собираме, кај што нема да ни биде забрането, еби га мора негде да се оди.

сликата на toomuchisnotenough
ако скопската - од toomuchisnotenough на 6 септември, 2005 - 23:16

ако скопската младина во својата алкохолно-хормонска еуфорија навистина прави беља во паркот (ѓубре, вандализам, итн.), тогаш градоначалникот, кој што управува со паркот, тоа треба да го спречи и со тоа ги запази интересите на далеку поголема група граѓани, т.е. сите останати, но и на самите ноќни посетители.

ако неодамнешната случка со колежот на животните во зоолошка е навистина дело изведено во слична состојба на (не)свест, тогаш дали е далеку денот кога некој од младите ноктурални заљубеници во природата ќе доживее слична судбина?

кај што живеам јас, сите паркови се затворени ноќно време. далеку од тоа дека го препорачувам законскиот систем на мојата очувовина -- господ знае дека е доста заебан, но колку да се знае дека тоа е пракса и на други места, а не само во градот убав.

сликата на гоце
Ха, затварањето - од гоце на 6 септември, 2005 - 23:39

Ха, затварањето на паркот било поврзано со нашето членство во ЕУ. Ту бе, и јас глуп.

Бељите и ѓубрето од младината се пичкин дим у споредба со жабокречината и зелениот слој над тоа што би требало да биде вода. Комарци као у Дојран.

Паркот бе треба да е институциаја, обележје на нечја младост, како што корзото било за моите родители, како и за родителите на моите родители.

Срните се убиваат во зоолошка, не во парк. Во золошка има чувар, и забрането е шетање навечер.

Чуварите работат за плата. Чистачите исто. Ај да земеме повеќе од вториве...

сликата на SANJICKA
Така е Гоце - од SANJICKA на 6 септември, 2005 - 23:55

Слично како што безбеден сообраќај не се решава со поставување 10 семафори на 10 метри (Илинденска - ма колку и да е заебана долга права улица со голем број кривини). Подобро е да воведат режим на запотување газ (а не џеб) за добивање возачка дозвола. Слично како што е подобро да го остават паркот на оние кои “потат г’з“ во него (ние младината) и се челичат, а не на оние кои се распивтијуваат со “шкембе чорба од 150 евра“ (специјална понуда за дневен деловен ручек).

Јас колку што можам да видам, младината и не ни е толку погана. Има и чурук деца (и богаташки синови и пицајзлини ќерки), не дека не.
Ама поголемиот дел од младината ни е супер. Па дури и трансерите (децата за кои - “некаде во средниот век“ - се развил муабет дека смрдат на пот и се живи подвижни депонии) се докажаа како најголеми природољубци. Повисоко ниво на ревносност и почит кон природата и хигиената во неа од на trance журките - не сум утврдила дека има. True [извичник]

Јас го сакам паркот во она светло во кое досега функционира. Само, “поосветлено“ = исчистен, среден, подновен со флора, фауна, аквасфера... Толку! Без никакви катанци!

сликата на солЗ
Така е SANJICKA - од солЗ на 7 септември, 2005 - 21:39

SANJICKA напиша:

. Повисоко ниво на ревносност и почит кон природата и
хигиената во неа од на trance журките - не сум утврдила дека има. True
[извичник]

И јас го имам приметено истово, изгледа е така [се смее]

сликата на toomuchisnotenough
O: Ха, затварањето - од toomuchisnotenough на 7 септември, 2005 - 00:27

гоце напиша:

Ха, затварањето на паркот било поврзано со нашето членство во ЕУ. Ту бе, и јас глуп.

тоа го рече ти, јас никаде не го ни имплицирав, туку само кажав дека таквите решенија се преземаат и на други места.

Цитат:

Бељите и ѓубрето од младината се пичкин дим у споредба со жабокречината и зелениот слој над тоа што би требало да биде вода. Комарци као у Дојран.

тоа е дискутабилно. дојди прошетај у централ парк, ќе видиш дека и таму на некои од езерата има жабокречина и зелен слој. има и комарци, можда не ко у дојран, али ги има. али нема бељи и ѓубре.

Цитат:

Паркот бе треба да е институциаја, обележје на нечја младост, како што корзото било за моите родители, како и за родителите на моите родители.

па нека си биде, кој му забранува. али ако тие на чија што младост тој треба да биде обележје го злоупотребуваат и валкаат, тогаш нивната слобода треба да се ограничи, наместо тие да ја ограничуваат слободата на многу поголемиот број други граѓани кои што утредента сакаат со семејството да се прошетаат низ парк без срча. како на пример ти и твоето семејство.

Цитат:

Срните се убиваат во зоолошка, не во парк. Во золошка има чувар, и забрането е шетање навечер.

можда нема врска дека пијани билдери од асуц се пребациле од школка у зоолошка и ги масакрирале животните -- тоа е само возможна претпоставка. но како што гледав како се зголемува насилството во градот убав, комбинацијата на тестостерон, ефтино вино и срча ми изгледа како фетус на мрсен наслов во дневник.

сликата на гоце
O: Ха, затварањето - од гоце на 7 септември, 2005 - 00:56

toomuchisnotenough напиша:

али ако тие на чија што младост тој треба да биде обележје го злоупотребуваат и валкаат, тогаш нивната слобода треба да се ограничи, наместо тие да ја ограничуваат слободата на многу поголемиот број други граѓани кои што утредента сакаат со семејството да се прошетаат низ парк без срча. како на пример ти и твоето семејство.

Ова е дискутабилното. Од кај знаеш дека преку ден не е испрљан? Демек до сеа ги спрчуваа сељачиштана со моторишта за трки, а сеа тоа ќе го снема? Ќе ги снема и кучињата без маски, изгладнети и спремни да убијат друго куче, или недајбоже дете? Ќе ги снема скитниците кои спијат по клупи? Пазачите...

Ќе ги снема младите од пред фонтана, ќе останат само пензионери.

toomuchisnotenough напиша:

можда нема врска дека пијани билдери од асуц се пребациле од школка у зоолошка и ги масакрирале животните -- тоа е само возможна претпоставка. но како што гледав како се зголемува насилството во градот убав, комбинацијата на тестостерон, ефтино вино и срча ми изгледа како фетус на мрсен наслов во дневник.

А што ако биле надрогирани Албанци кои крвно се светеле на невините срни? Нова војна?

Него ти озбилен си во ова Њујорк, Скопје, ај да го затвориме? Или муабет ти се прави?

сликата на toomuchisnotenough
O: Ха, затварањето - од toomuchisnotenough на 7 септември, 2005 - 01:06

Цитат:

Него ти озбилен си во ова Њујорк, Скопје, ај да го затвориме? Или муабет ти се прави?

не те разбирам скроз за што ме прашуваш дали сум озбилен, али да пробам:

во централ парк има жабокречини и комарци, нема искршени клупи и срча и нема масакрирани животни во малата зоолошка градина. паркот е затворен по 1 по полноќ.

доколку дел од штетата и ѓубрето во скопскиот парк може издржано да се припише на настаните што се случуваат во текот на ноќта, затворањето на паркот во тој период е разумна мерка, бидејќи има јасно дефинирана цел и целна група и јасни критериуми за спроведување. нема да го реши целиот проблем, но ќе го намали.

и да, очигледно ми се праи муабет. а тебе?

сликата на Новица
Тоа е тоа. - од Новица на 7 септември, 2005 - 02:08

Гледаш, реченицата ти почнува со „доколку“. Поентата е дека ние стварно малку знаеме за тоа што се случува во паркот. Дали има многу ѓубре дека младината многу прља, или дека чистачите не чистат доволно?

Енивеј, дури и ова да е разумна мерка, едно е сигурно: ако се спроведува, покрај сувото, ќе гори и суровото.

Но тоа не е се. Јас да сум градоначалник, ако веќе откријам дека младите се збираат во парк да пијат и пушат и да прават ѓубре, повеќе ќе бидам загрижен за тоа зошто тоа тие го прават, отколку како да го исчистам паркот.

Можда во градот нема доволно игралишта, можда нема доволно спортски клубови, или што и да е што младите (тинејџерите?) прават во ЊуЈорк, Париз, Лондон, наместо да киснат во тамошните паркови.

При крајот на - од Robomarket на 7 септември, 2005 - 00:35

При крајот на летово поминував позади колосеум-таму кај што од вардар се излева мало рекиче што се слева во езерцето...епа на самиот почеток водата беше толку густа што внатре стоеа заглавени лисја, гранки и шишиња. Водата беше густа како желе! Застанав на мовчето и гледав во водата, плукнав два-три пати и зацепав накај едни клупи. На враќање, значи после едно 2-3 саата плуканиците стоеа АПЛА на истото место. Чудо што од водата не излезе некаков жаболики мутант.

da si mi zdrav i ziv. Abe од maXimilian
сликата на del^
Цитат:ако - од del^ на 7 септември, 2005 - 00:38

Цитат:

ако скопската младина во својата алкохолно-хормонска еуфорија навистина прави беља во паркот (ѓубре, вандализам, итн.), тогаш градоначалникот, кој што управува со паркот, тоа треба да го спречи

Во веснициве прочитав дека: „Одлуката на градот за затворање на Градскиот парк се усвои заради подобра заштита на паркот од моторни возила, возење велосипед надвор од означените патеки, мокрење на домашни миленици во зеленилото, собирање на посетители надвор од работното време на паркот, конзумирање на алкохол, пуштање гласна музика и друго.“

Една работа ме нервира, тоа што секогаш проблемите од овој тип се решаваат со, ко што рече Гоце негде, ограничување на слободата. Така е сега, така беше и со работното време на локалите, а и пред тоа...

Поентата не е да се избркаат силеџиите, наркоманите и курвите од Градскиот парк, туку тие форми на девијантно однесување да се стават во некои општо-прифатливи рамки. Зарем некој, при здрав разум, стварно ќе помисли дека ако паркот се затвори во 11 навечер нема да има копиљаци што се начукале ко говеда, нема да има џанаци што се пукаат у вена, нема да има цури што се ебат за пари, или па дека кучињата нема да мочаат по тревњаци?? Дај, не ме заебавај!

Ако некој стварно сака да ги реши проблемите, тогаш прво прецизно нека ги лоцира причините што ги предизвикале тие проблеми и нека ги одстрани нив. Кај нас постојано, наместо тоа, некој се труди да ги сузбие последиците. Тоа што денес се случува во парк Е последица! Таков „шминкерајски“ пристап на работите никогаш нема да ги реши наталожените проблеми.

сликата на toomuchisnotenough
ај да не искочи - од toomuchisnotenough на 7 септември, 2005 - 00:54

ај да не искочи дека сум некој наивен прохибиционист што верува дека со забранување на одредени однесувања се решаваат проблемите што ги причинуваат.

твоето системско размислување е исправно, но за негово преточување во видливи резултати е потребно време. од друга страна, за привремено санирање на видливите проблеми, понекогаш се неопходни и палијативни мерки, но важно е да се има на ум нивната ограничена ефективност.

одамна не сум видел во каква состојба е паркот наутро. ако е онаков каков што го памтам од лани летото, тогаш мерката за затварање е можеби непотребна. но ако има искршени клупи и срчи, онда треба да е затворен ноќно време.

сликата на Chombe
Ре: Трифуне, дај си оставка одма - од Chombe на 7 септември, 2005 - 03:01

Vest напиша:

Во нејзиното образложение се вели дека таа се донесува заради подобра заштита, при што се забранува пристап на моторни возила во паркот, возење велосипед надвор од означените патеки, мокрење на домашни миленици во зеленилото, собирање на посетители надвор од работното време на паркот, како и конзумирање на алкохол, пуштање гласна музика и друго.

И после викаат Чомбе врати се у Скопје. Мрш! Глеј го бе образложението, крфмуебамкисела. Па повеќето од горенаведните „дејствија“ се случуваат во нормално работно време на паркот. Кршеле клупи - стави метални, мокреле домашни миленици - та преку кур, не моча радиоактивен ураниум, конзумирање на алкохол - стави ги „Комета“ да тепа све што е со флаша у рука, возеле кола низ тревњак - буши му гуми. Запосли 10 security фраери што нема да се приметуваат & препичуваат и решен проблем.

Еве и ја исто ко Тумач ќе направам паралела со Централ Парк. Одма да ви кажам дека Централ Парк нема врска, Градски Парк е South Park за ова, подобро изгледа, има поинтересни дешавки, катаљон пати подобро јадење, декатлон пати боље риби. Арно ама, цел Централ е обграден, така да со кола нема шансона да влезеш, точак ОК ама да не брљавиш. Алкохол у рука ако те видат, ќе ти ебат кариера, скрши некој џбун и ќе те има на сите вести. Е сеа не работи после 1. Ама ова од практични причини. Па тука би се собрале сите курви, дилери, афтери, туристи и надежни диџеи. Едноставно градот нема пари да го покрие ова со цајкани, НТШ и кодоши. Башка што во околина апартманите коштаат од 2000$ па нагоре месечно и сеа афтерите ти мочаат тука у двор. Не иде пичка му матер. И на крај, што кој кур и ја споредувам Централ Парк и Градски Парк. Два различни света. Дај да споредиме Белград, Софија, Тирана ова-она...

сликата на dimitar27
O: Ре: Трифуне, дај си оставка одма - од dimitar27 на 7 септември, 2005 - 10:19

Chombe напиша:
Vest напиша:

Во нејзиното образложение се вели дека таа се донесува заради подобра заштита, при што се забранува пристап на моторни возила во паркот, возење велосипед надвор од означените патеки, мокрење на домашни миленици во зеленилото, собирање на посетители надвор од работното време на паркот, како и конзумирање на алкохол, пуштање гласна музика и друго.

И на крај, што кој кур и ја споредувам Централ Парк и Градски Парк. Два различни света. Дај да споредиме Белград, Софија, Тирана ова-она...

Ова ти е паметно,не иде бре ЊуЈорк со Скопје да споредуваме,нАли?

И после Америка - од NikDdik на 7 септември, 2005 - 11:00

И после Америка - ленд оф д фри... ПИХ!

сликата на Bugzy
Доста со амерички срања - од Bugzy на 7 септември, 2005 - 10:24

Абе отидовте у америка и одма памет продавате, одма ве удрила таа US fucking A клима во глава. Ај бркајте си работа таму, уживајте во вашиот досаден парк, остајте ни ние самите да си ги решиме проблемите, како што ни одговараат нам. Што ми е мене гајле како е во New York.
Ако ваква забрана не е нешто ново во светот не значи дека таа забрана е во ред.