Преведувачки маратон #3

Во организација на фондацијата „Метаморфозис“ и „Слободен софтвер Македонија“, а по повод љубовта кон мајчиниот јазик, викендот на 17 и 18 Септември 2005, 48 часа нон-стоп, ќе се трча маратон за локализација на слободен софтвер.

Маратон за локализација е собир на доброволци кои во краток временски период преведуваат определено парче слободен софтвер од англиски на мајчин јазик, во нашиот случај македонски јазик.

Целта на овоj маратон е целосно да се преведе на македонски јазик канцеларискиот пакет Опенофис.орг 2.0.

Доколку сте заинтересирани да помогнете посетете ја страната за пријава на учеството.

Опции за гледање на коментари

Избери го посакуваниот начин за прикажување на коментарите и кликни на „Активирај“ за да ги видиш измените.
Слика на Itar_Pejo

21-ви век ли е, што ли е?

Нема маратон а да не ми се присака,... да преведувам и јас де. Арно ама никако да ја опраам работава и да се одлепам од обврски. Ако сме 21-ви век, и ако владава ни решила до 22-ри кај и да е да направи Е-ово, Е-оно - дајте бре во паралела и преведување на интернет. Знам дека вистинската атмосфера е на лице место, ама целта е што пообемен, поквалитетен и побрз превод, нели? Одам јас да ја подмачкам тастатурава - има да штрака викендов...

Слика на ufo

Единствен

Единствен начин за да се локализираат големи парчиња на софтвер како што е Оупенофис.орг е да собереш пуно луѓе на едно место и да работат без престан подолг период. Секогаш можеме да пробаме ко што правеа Мајкрософт, ама така ќе треба да го чекаме ОО.орг 2.0 на македонски до 2007.

Слика на ufo

За

За локализација на Убунту и Гном онлајн можеш да ја користиш Розета. Веќе има македонски тим кој што работи на тие преводи.

Слика на Itar_Pejo

O: За

ufo wrote:
За локализација на Убунту и Гном онлајн можеш да ја користиш Розета. Веќе има македонски тим кој што работи на тие преводи.

Јас ти барам пиво, а ти ми даваш сок од рибизла. Да сакав да преведувам Убунту или Гном досега ќе го правев тоа. Мислам дека не сум единствен кој може во рок од една работна недела да одвои повеќе саати на онлајн преведување отколку една смена од викенд_превод_на_јуриш. А го ценам ОО максимално, веќе бев на мисла да не ги трпам баговите на бајатата македонска верзија и да скокнам на англиска. Имало зошто сум чекал...

Слика на ufo

Не си ни

Не си ни единствен што не одвојува. Уствари никој не одвојува.

Праша за онлајн преведување, јас само ти посочив врска од единствениот таков систем.

Слика на Новица

Путл?

Адресата е http://pootle.wordforge.org/

Се што треба е некој да се заангажира најновите po датотеки за ОО.о 2.0 да се додадат таму и за македонски јазик, и да се направи некаква добра координација за да се знае што се преведува на маратон, а што на интернет.

Слика на ufo

Путл не е

Путл не е функционален. Некој треба да напраи ова или она за да може да се преведува. Епа ќе кажам уште од старт, никој нема да го напраи тоа. Ако сакаше некој да преведува ќе преведуваше било како, било каде и било кога.

Слика на Itar_Pejo

Кога и каде било

Е да, на времето кога немаше стандард за нашава кирилица, јас направив кириличен фонт за сопствена употреба. И да знаеш дека не утнав многу позиции од овој сегашниов. Ама минаа времињата кога можев да фрлам слободно време во ветер... Било некогаш и некаде, ама не сега... Не верувам дека организација на онлајн преведување чини повеќе отколку организација на преведувачки маратон. Напротив.

Слика на frajer

без врска

Добро нели има Word и Office веќе преведени на македонски?

И така и тие се бесплатни, што се занимавате со глупости?

Слика на ufo

Има врска

Има врска помеѓу слободен и бесплатен. Иначе Мајкрософт Офис не е бесплатен туку кошта 750 долари. Јас не користам пиратски софтвер а ни фирмата во која што работам не може да си дозволи да користи пиратски софтвер. Сите можеме да јадеме гомна, најлесно е тоа, ако не разбираш за што се работи пробај да се информираш па дури потоа да напишеш коментар.

Поздрав.

Слика на frajer

интересно

Абе тоа си во право, али важи за фирми сега за сега.
Ме интересира.. кој е ќарот во целата таа работа, ваљда не е целосно алтруистичка?

Слика на motherfucker

O: интересно

frajer wrote:
Абе тоа си во право, али важи за фирми сега за сега.
Ме интересира.. кој е ќарот во целата таа работа, ваљда не е целосно алтруистичка?

Целосно е алтруистичка, чисто од љубов кон мајчиниот јазик.

Агрегирање содржина