Интелигентен дизајн
Во последно време во САД се водат жестоки дебати на тема: што треба да учат децата во училиштата кога станува збор за создавањето на животов на нашава планета Америка.
Републиканците кои важат за конзервативци со скоро фундаментална христијанска подлога упорно ја кочат теоријата на еволуција и дури и нудат баснословни суми за човекот кој експериментално ќе докаже дека тоа што Дарвин го заклучил држи.
Со брзиот развој на генетиката и науката генерално нивните аргументи почнаа да стануваат прилично смешни така да батките кои инсистираат Креацијата да биде дел од образованието на секој човек од неодамна применуваат нови терминологии.
Имено, тие решија да се држат понастрана од зборови како Господ, и Креација и сега инсистираат во училиштата паралелно со Теоријата на Еволуција да се изучува и Теоријата на Интелигентен дизајн. Секако дека станува збор за истото гомно запакувано во украсни зборови, но во моментов некои батки фаќаат јак сеир со нивниве глупости што треба да го прочитате и да си се изнасмеете:
затоа, клик на линков ајт: :)
http://www.nytimes.com/2005/08/29/arts/design/29mons.html
- Најавете се или регистрирајте се за да испраќате коментари
- 5068 читања

БУ!
Интересно совпаѓање, Obi... Пред две недели, имав пост на мојот блог, кој исто зборуваше за сеирот кој Боинг Боинг си го правеше со следбениците на теоријата за интелигентен дизајн. А и баш пред неколку минути реферирав кон тој пост во еден друг муабет.
Мора да е некоја „интелигентна виша сила“ замешана во ова... Демони и вештерки. Бу! :-)
---
Прво,ID movement-от
Прво,ID movement-от или теоријата на Интелигентен Дизајн во својата основа не е потикната од чисто религиозни начела,има научници(високи профили)од разни деноминации и сржта на нивното учење не е напад на еволуцијата како таква туку на "cлучајна" еволуција,т.н натуралистичка филозофија.
Библискиот креационизам е она за што ти спомна погоре.
Моето гледиште е во тој стил.Верувањето дека се се случило спонтано,без намерно делување на повисоко суштество е верување во невозможни чуда.За разлика од еволуционистите,библиските креационисти веруваат во сосем могуќи чуда.Дозволи 1 пример;
Да замислиме дека коициденцијата ја произвела првата риба стрелец.Дали тоа бил мажјак или женка?Ако би биле доволно слични на нивните сродници кои ја немале таа среќа да направат чудесен еволутивен скок,веќе во првата генерација на вкрстено потомство,(според Менделеевите закони за наследување гени),би се изгубиле неопходните новини.Значи и мажјакот и женката морале истовремено да настанат.Па, баш тоа и го збори Првата Книга Мојсеева!
Замисли и скроз невозможна веројатност да полно зрелиот мажјак и женка со потпуно ист комплет мутации неопходни за однесување на рибата стрелец,да се најдат во исто време и на исто место да го продолжат својот новоформиран вид.И додека они така заљубено се гледаат,една црна чапја го шири својот пернат чадор(крила-ловен ритуал)и става точка на неверојатната еволутивна шанса!
Вакви примери има катаљон во фауната.
O: Прво,ID movement-от
Мажјак бил. Женката еволуирала од неговото ребро.
И така може да
И така може да се рече :-}
Глупости во боја
Сведуваш процес кој трае милиони години и врз кој влијаат миљарда фактори на сексуален однос помеѓу еден мажјак и женка за чие настанување имаш прилично погрешно разбирање. Не сум сигурен дека имаш разбирање од процесот на еволуција.
Не би ги нарекол луѓето кои имаат вакви сваќања како тебе научници. Филозофи можда, ама на оваа тема се помалку ќе има простор за филозофирање.
Најдобро е религијата да се држи настрана од науката и да не се меша кј шо не и е местото.
Има бајаги квази-институти во светов кј шо работат тие (реномирани) научници кои ги спомна.
Over the Hedge
Цртаќи ќе
Цртаќи ќе гледаме ?Нема проглем
http://tccsa.tc/archives/cartoons/believe_web.jpg
http://tccsa.tc/archives/cartoons/brain_wash_web.jpg
http://www.reverendfun.com/add_toon_info.php?date=20020125&language=en
http://www.tccsa.tc/archives/cartoons/preschool_web.jpg
Eволуционистите,свесни за фаличноста на нивниот концепт,во помош ги привикуваат милионите години во кои се наводно се се случило.
Тие огромни временски периоди,всушност,се измислени за потребите на теоријата на еволуција.Во последниве 150 год. геолозите задоени со еволуционизам,секои 15 год во просек,за дупло ја зголемуваат проценката на старост на планетава.
Ко на лицитација.Сега моментално се запрени на цифрата 4.500 000.000 год....во надеж дека ќе ги замолчат сите оние кои се незадоволни со наивноста на концептот за еволуција.Меѓутоа, не постои метод кој може да докаже дека Земјата и животот на неа се навистина толку стари.
На прв поглед,посебно за неупатени човеци,оваа приказна звучи бајаѓи убедливо и логично.
Но никој од заговорниците на оваа теорија,(а ги има многу) со времеплов се нема вратено во минатото да провери како навистина се случувало.
Ако не е проверено,тогаш тоа е работа на вера.
Ако е работа на вера,тогаш тоа не е домен на егзактни природни науки!
Ако не е домен на егзактни науки,тогаш во кој домен е целава оваа прикаска за Еволуција?Таа е како и секое друго непроверено верување за постанок во домен на митологија,па дури и на религија!Теоријата на еволуција по сите мерила и дефиниции на науката,филозофијата и религијата е
многу повеќе филозофска религија отколку научна филозофија!
Теоријата на органска еволуција учи дека човекот и сите други битија се производ на случајни природни процеси,нели?
Оваа теорија на многу суптилен,готово неприметен начин под присила на образовните системи,телевизијата и научната литература се насочува во главата на секој лаик на планетава.Си се прашал ли зошто секој лаик е приучен за еволуцијата и за потеклото на човекот од мајмун,а не е приучен за општата и специјалната Ајнштајновата теорија на релативитет,или за теоријата на квантна механика?
Иако во нашиов систем се изучуваат сите 3 теории,она што останува во трајно сеќавање.воглавно е само теоријата на еволуција.
И тоа од 3 причини.
Прво,затоа што се повторува неколку пати за време на школувањето,заради тоа што е едноставна за сваќање и заради тоа што е често присутна во ТВ емисии,така да неосетно станува дел на човекот,а да он не приметува.
100 пати повторена лага станува вистина!
Така настапуваат и во учебниците,во документарните емисии на те-ве и во научно популарните книги.Науката чувствувајќи се успешна и сигурна,си го присвои правото да ги изучува и оние феномени кои се случиле само еднаш во текот на целата историја на универзумот, земјата и човекот.
На лаикот не преостанува ништо друго туку да поверува во се она што се презентира.
Нели е малку необично што на пр. Археолозите и Историчарите( покрај пишаните остатоци) имаат проблем со реконстукцијата на случувања и датирање од пред неколку илјади години,а геолозите,палеонтолозите,биолозите и астрофизичарите тврдат дека знаат што се случувало пред милиони,ма како милиони... пред милијарди години!!
Доволно е малце обична логика да се уочи дека тука нешто не во ред.
Каква сакај ти
Каква сакај ти логика користи, ама ко ќе умреш ќе ти биде исто ко пред да си се родил.
Променлива, рекламирана - ЕВОЛУЦИЈ
Гледам дека, освен на мојот блог, и тука си извадил некои аргументи за наводна невалидност на теоријата за еволуцијата на маса. Ќе ги издвојам накратко, за да можам да ти кажам за што ти одговарам.
1. Науката не е во право бидејќи одвреме-навреме го менува мислењето
Очигледно е дека имаш сериозен проблем со сфаќањето на науката и нејзините методи за доаѓање до знаење, како и спремноста да го промени мислењето под влијание на фактите.
.
2. Луѓето веруваат во еволуцијата заради (по)големата медиумска покриеност
2.1. Ова е сосем бесмислено. Религијата е тука и сеприсутна илјадници години. Конкретно оваа, која заговара библиска Креација, датира уште од Стариот Завет, значи од п.н.е. Спротивно на тоа, теориите за еволуцијата сериозно започнуваат со систематизацијата и заклучоците на Дарвин. Значи, од аспект на времето, Креацијата подолго била во главите на луѓето.
2.2. Ако направиме пресек само на сегашноста, и ако ги земеме во обзир медиумите, ќе видиме дека многу повеќе се зборува за религиозни теми, отколку (на моја жал) за научни (а камоли за еволуцијата конкретно). Еве, сега баш во моментов слушам со едно уво за спорот меѓу МПЦ и СПЦ на вести на Канал 5. Понатаму, на ТВ (како најмоќен медиум) се зборува за Бог, за библиската визија за настанувањето на светот, за што уште не. Ако сакаш да одиме и понатаму, има специјализирани телевизии низ светот (достапни и кај нас преку сателит) кои се занимаваат со пропагирање на некое религиозно учење. Па еве, да одам во крајност, во Уставот ги имаме спомнато религиите (мала дигресија: како уште еден начин по кој ќе се делиме во државава), ама еволуцијата никаде ја нема.
2.3. Училиштата го пренесуваат тоа што е научна вистина, и тоа е сосем логично што е така. Нема лутиш тука.
Ова е посебен бисер, кој заслужува посебно место (ќе те парафразирам малку, заради јасност):
Камо се' во животот да може вака невино и детски да се објасни. Љубезно ќе го замолам Куќниот Совет на Багра да ја стави оваа изјава во „рандом мудостите“. „Вера“ може слободно да оди и со голема буква (e.g. "Вера").
ОМГ ЛОЛ :-)
---
хахаха
Ах ми заштеди бајаги време и енергија Гудбајтс. :) КОлку убав одговор.
Кој кур правиме експерименти на црви и мушички, кога дефакто со посебно внимание сме креирани од страна на Богот Летачка Шпагета :)
И тоа сега скоро пред 4000 години најмногу :) хахахаха Од тука на назад се е Вера и може само да погодуваме дали Вера ги направи првите тестенини или некој нејзин предок.
2.3. Училиштата
2.3. Училиштата го пренесуваат тоа што е научна вистина, и тоа е сосем логично што е така. Нема лутиш тука
Абе аајдее!?! :lollol:
Уствари http://answersingenesis.org/tj/v15/i2/textbooks.asp
Спротивно на тоа, теориите за еволуцијата сериозно започнуваат со систематизацијата и заклучоците на Дарвин.
Пфффф
http://answersingenesis.org/creation/v14/i4/darwin.asp
Стварно ме мрзи да пишуем човече,ама ти изгледа стварно не знаеш "што је посриједи..."Не се љути што линкам.
Треба да сватиш дека науката мора конечно да се ослободи од философскиот багаж.Во тоа е поентата на(теоријата)на еволуција.
За тоа е и измислена.Како"одговор" на многу побитни прашања:Where we come from...where do we go.
Помеѓу одсуство на докази и доказ за одсуство на нешто(The Missing Link) не може да стои знак на еднаквост.
Ајт
Нема таму одговори
Наместо да пастираш линкови, подобро ТИ прочитај, сублимирај, и извади аргументи. И јас можев да ти извадам 48 линкови и да пфкам, ако сметав дека така може да се води дебата во која ќе се разбереме. И тоа линкови од врвните факултети и научни институции во светот: Berkeley, Arizona State University, Harvard, National Center for Science Education, National Academy of Sciences, побарај и самиот.
Инаку, сајтот кон кој ти линкаш, Answers in Genesis, зборува за работи за кои и самата наука кажува дека нема одговор во моментот (поточно, несоборлив доказ). На пример, археоптерикс, линкот меѓу рептилите и птиците (фалат неговите наследници -- не значи дека ги нема, туку или не се најдени нивни фосили, или со природна селекција изумреле набрзо). Или, неконзистентности во дрвото на животот на Дарвин (врз неговата систематизација на животинските видови се базира модерната еволуција, постојано подобрувајќи ја)... Познати ми се тие работи, како што и претходно ти кажав. Крајно се селективни, и не држат. Сигурно не за да ја „турнат“ теоријата за еволуција на животот. Но, ако имаш мислење за некоја од нив, напиши човечки, па ќе зборуваме.
Види само на кои основи е поставен сајтов, мене навистина ми падна смешно:
Дури, ги користат и истите аргументи како тебе (или подобро, ти како нив). На пример: „However, if we weren’t there in the past to observe events, how can we know what happened so we can explain the present? It would be great to have a time machine so we could know for sure about past events“.
Проблемот на креационистите е што ТИЕ немаат докази за креацијата и креаторот, па дури ни да им даваш милион долари.
---
Но,за што
Но,за што докази?Што за џабе...Па ги нема,човеку!!
Немала одговор наукана велиш,а подоле во заградата(несоборлив доказ)??
Замор...
Диносаур си е диносаур,птица е птица,одвајкада!каков преоден вид!
нема трансф.,нема :transformacija:
Значи папагалите и колибрите исто од диносауруси овакво...??ц ц ц
Само уште нешто.Што значи тоа да се разбереме?Кога ќе разбереш?Треба еден да попушти,за аудиториумот да види кој"тепал"
„However, if we weren’t there in the past to observe events, how can we know what happened so we can explain the present? It would be great to have a time machine so we could know for sure about past events“.
Треба да ти е јасно дека научните закони не определуваат што мора да се случи во сите можни прилики,туку,попрво,опишуваат што се случува при одредени услови.
За Археоптериксот и слични цајзли на http://trueorigins.org/birdevo.asp
но со цел да поднаучиш
Тече или не?
1. Што значи тоа да се разбереме?
Во интерес на времето, добро ќе биде повнимателно да го читаш тоа што го напишав, пред да препрашуваш за нешто што е одговорено погоре. Еве што напишав... Треба да изложиш јасно и кратко тврдење, за да може за тоа да се зборува. Ако пишуваме постови во кои ќе има САМО по неколку линка, а кои треба да се супституција на аргументи, тоа ќе одземе премногу време -- и ова е премногу -- за барем да ги размениме мислењата. Инаку, јас не сум тука да „тепам“ некого, ниту да ме тепаат. Кажувам свое мислење.
2. Немала одговор наукана велиш,а подоле во заградата(несоборлив доказ)??
Читај го мојот одговор во следната реченица, исто во загради: „фалат неговите наследници -- не значи дека ги нема, туку или не се најдени нивни фосили, или со природна селекција изумреле набрзо“.
Значи, науката чесно признава дека за некои точки сеуште нема докази (фосили) кои ќе ги потврдат нејзините претпоставки. Тоа не значи дека претпоставките (или целата теорија за еволуција) се неточни. Исто така, и креационистите немаат докази ни за да ја урнат теоријата на еволуција, ни за да ја потврдат Креацијата. Прочитај го ова принципиелно објаснување за научната теорија:
3. Диносаур си е диносаур,птица е птица,одвајкада!каков преоден вид!нема трансф.
Според тебе, не само што светот настанал со креација, туку овде тврдиш нешто што те носи на многу полизгав терен: дека животинските видови не се менуваат низ генерациите. Панта реи или не? Супер смело, нема што. Можеш барем за ова тврдење да изложиш докази?
И доста ми линкаш некои религиозни сајтови -- види што реков претходно (и претходно) за тоа -- бидејќи не планирам да ги отворам за да ги прочитам истите „аргументи“ во поинакво пакување. Прочитај и сам во заклучокот на страната која ја линкаш: „The idea that birds evolved from dinosaurs remains at best a highly speculative hypothesis“. На оваа страница нема доказ ни ЗА, ни ПРОТИВ. Истото го тврди и науката.
---
Има ли пилот во авионот
Последниве години пронајдени се мноштво докази во полза на хипотезата дека птиците се потомци на диносаурусите: http://www.newscientist.com/article/mg18625001.900.html
Во истово списание пред некое време прочитав и едно писмо со интересно резонирање за интелигентниот дизајн.
Инжинер што создал авион што може сам да прелета преку атлантикот е поинтелигентен од инжинер што создал авион за кој треба пилот да го вози.
Слично, дизајнер што ја смислил еволуцијата (за која не треба понатамошни интервенции) е поинтелигентен од дизајнер кој треба постојано да се меша. Со други зборови, еволуцијата е поинтелигентен дизајн од теоријата за интелигентен дизајн.
Сепак, дел од луѓето се осеќаат поудобно ако во авионот има пилот.
малку хумор
А бе БОГ да те чува од вакви како trilobite што не веруваат во Дарвиновата теорија.
O:
Најверојатно затоа што степенот на математичка апстракција употребен во овие теории ги надминува концептите кои лаикот ги научил од секојдневното искуство.
Многу е едноставна за сфаќање, ама очигледно ти не си успеал ништо да сфатиш.
Ќе се нафатев да ти ја објаснам, ама од изјавава подоле можам да заклучам дека џабе би било.
In god we trust! Khm... In
In god we trust!
Khm...
In money we trust.
http://www.petitiononline.com/igwtrfc/petition.html
Ова и нема никаква врска со темава ама можеби и има.
10 years from now in the white house
-Let's rewrite the f*cking book!
-But we should't, it's not right.
-We are usa, we decide what's right.
-Yeah, let's rewrite the book. We should start with the name. Jack Chris sounds good. What do u think?
Bullshit!
Let them f*ck their own kids whit that crap.
Еволуцијата е насекаде околу нас
Дарвиновата теорија за еволуција според мене е неспорна. Ке илустирам една дискусија од средно школо. Професорот по социологија ја затупи со тоа колку биле паметни старите грци итн. Мојот одговор е дека човекот е се попаметен и се поблизок до боговите. Лугето сега и пред 2-3 илјади години се разликуваат физички. Мозокот е тој го кој издигнува човекот пред другите животни. Големината на мозокот бројот на синапси и другите карактеристики на мозокот се менуваат низ еволуцијата. Лугето денес се попаметни од кога и да било. Човекот еволуира на сите полиња. Пример е олимпијадата, човекот трча 100 метри за 9.79 секунди. Таа граница секој ден се намалува, која е границата ? Истото се случува и во сите други дисциплини. Слично е во науката, сега имаме поголем прогрес од кога и да било. Пр. Намалувањето на влакната на телото на човекот итн итн. Секој здраво разумен човек ја гледа еволуцијата на секој чекор и нема никаков сомнеж во нејзината исправност. Ајнстајн има изјавено (нешто слично) : Не ја гледам улогата на господ. Иако Ајнштајн бил религиозен со сите теории во науката се изгубила смислата за постоење на виша сила. Прочитајте ја книгата Космос од Карл Сеган и многу работи се појасни. За размислување е изјавата на Стивен Хопкинс дека дојде време да ги рекомбинираме нашите гени и создадеме посовршен човек затоа што вештачката интелигенција со нејзиниот развој го загрозува човештвото.
п.с можни се грешки во имињата и изјавите ... мрза ми е да ги барам на нет
п.п.с Србија имаше луд министер-ка за образование кој ја укина Дарвиновата теорија од книгите, додуша они се небески народ..барем некои мислат така
O: Еволуцијата е насекаде околу нас
ја не би се сложил со некои работи. не можеме да процениме дали луѓето се навистина попаметни (што и тешко се дефинира). дали се побрзи , постигнувањата на олимпијада се повеќе резултат на нови технологии (фармација :-))) и техники отколку на еволуција. за брзината и резултатите на индивидуалци може да се разгледува и статистички бидејќи човештвото расте со голема брзина, па поединци можеби постојат но тоа не е карактеристика на популациите. еволуциски можеби е оправдано да се очекува добрите единки да ги пренесат своите гени успешно што и ме доведува до мојата поента (конечно (((: ), за да има еволуција треба да има селекција што не ми личи дека е случај во моментов или во блиската историја.. едноставно не се знае кој пие кој плаќа и не се случува селекција, па и поволните мутации се губат во шумот.
Не само што
Не само што поволните мутации се губат во шумот,туку и стариот добар сигнал е се повеќе уништен од шумот,така да според чичо Дарвин сигурно сме во процес на ментална и физичка деградација,и тоа од самиот момент кога престанала природната селекција (статистички гледано,за цела хумана популација).Ова е поради дивергентноста на мутациите(денес не само спонтани),а најпросто би изгледало вака-најверојатно е дека најглупите,најгрдите и телесно најинфетиорните примероци ќе имаат најбројно потомство кое ќе биде дури бетер :) .Затоа мора генетскиот инижињеринг да се земе во раце што побргу,според мене не толку за креирање надчовек,туку за поправки на грешките во “матрицата“.Околу ова сигурно ќе се кршат копја и тоа долгорочно (ова оти Парис Хилтон ќе си нарача синче кое у ствари е ќерка,паметно како Ајнштајн,убаво како Бред Пит,румено како тетовско јаболче и глувонемо,за да не и` се подсмева на мајка му:))Едина добра ствар тука е што кога ова ќе се случува,ја ќе си седам во жена-парк мислејќи дали си го испив Меморил-от сабајлето...
Генетиката се
Генетиката се развива со забрзано темпо. Ние може не ама децата на нашите деца значи внучињата можеби ќе ни бидат од епрувета.
Плус пред Ајнштајновата теорија за релативност си постоело теорија за релативност и таа си била општо прифатена додека не дошол овој паметниов дечко. Значи додека некој попаметен не докаже нешто различно од Дарвиновата теорија таа си важи. Плус црквата порано тврделаа дека замјата е плоча па дури палеле и луѓе што докажувале спротивно. Така да те молам без цркви пидејќи они се тие што највеќе ја кочат науката и човечкиот развој. Нив им одговара да има глупи луѓе на планетава за полесно да може да ги контролира. Крстоносните војни, муслиманскиот фанатизам тоа е све контролирано од религија,а им одговара само на богатите кои од сите војни се повеќе профитираат.
Теорија ?
Дарвиновата теорија си важи како теорија, така и теба да се учи, како теорија. Се сеќавам дека на пример за настанокот на Сончевиот систем учевме две-три теории.
Проблемот со Дарвиновата теорија е што има многу дупки, особено за настанокот на животот и преодните форми на живот. Самиот настанок на живот е нерешливо прашање за еволуцијата, а од друга страна Креационизмот не може да се учи зашто не е теорија која може експериментално да се потврди. Сепак, кога ке го отфрлиш невозможното (случаен настанок на животот, со еволуција) тоа што останува е вистината.
дупки
е како да нема дупки Дарвиновата бе друже! само цело време се пополнуваат тие дупки како што напредува науката и се откриваат нови алки што недостигаат. Ако зборуваме за дупки, во теоријата дека бог го направил светот за 7 дена има многу повеќе дупки. да не навлегувам сега, не сум баш стручен ама не ни треба да си многу стручен, доволно е да се употреби чиста логика. Адам и Ева? па да беше човештвото настанато само од еден пар сите ќе бевме дегенерици, уствари веројатно немаше да има човечки род до сега. знаеме што се случува ако не се меша крвта кај луѓето.
и ова некако ми личи повеќе на доказ за дарвиновата теорија од било што. прати го развојот на фетусот, од едноклеточен организам до човек, сигурно сите имаат видено на тв како оди развојот. да не објаснувам пошто ќе ми треба многу време. а, и гарант сето тоа го има во слики на нет некаде.
мислам стварно треба да е човек слеп при очи да не согледа дека еволуцијата се случува секој ден, примерот со фетусите ти е еволуција во мало, целиот процес се случува во неколку месеци.
да важеше теоријата на црквата, тогаш наместо со секс, ќе се множевме со моделирање деца од глина и ќе ги носевме во црква бог да им даде живот како што им дал на првите луѓе. а бе ова е дискусија без крај.
И ова нема
И ова нема врска со темава ама кога го прашале Ганди што мисли за западната цивилизација тој одговорил дека тоа е доста интересна идеја.
Ганди...
а бе не верувам на човек што не поштуе џез, мез, штипска пастрмајлија и џин-тоник со цеден лимун!
Ни ја такоѓе...
Ни ја такоѓе... :kapche:
Башка,кајгод да ги истражуваме биолошките системи,наоѓаме на сложени
независни системи кај кои ништо не функционира ако не функционира се!
Луѓево и напредните жив.форми имаат 100тина рефлексни активности нпр.контрола на дишењето,кое има потреба од сензор,контролен механизам и нерви до мускулот кои ќе обезбедат адекватен одговор.Друг пример...
...механизмот на згрутчување на крвта,такозвана коагулација,... Кај луѓето овој систем захтева 12 различни видови сложени молекули зависни едни од други во процесот на згуснување на крвта на местото на повреда и околу 12 други фактори кои го контролираат згрутчувањето така да крвта може да протекува кога не сме повредени.
Се проценува дека човекот има од 50000 до 200000 различни гени,кои функц. во хармонија едни со други.Дали тоа можело да постане како резултат на случајни мутациии природна селекција?
Мутациите btw кои се случајни, секогаш се штетни,додека природната селекција нема можност за предвидување и не може да ги унапреди деловите на еден независен систем се додека целиот систем не е присутен и додека не работи.(значи не може сега пола тело да работи беспрекорно и после таму миљон и двеста иљади год,коа ќе се оформи другата половина,да си работи најнормално ко нишо да не било)
Ако умот ни е отворен за различни опции јасно е дека фактите одат во прилог на концептот на интелигентниот дизајн.
Мене не ми е
Мене не ми е јасно.
Особено тој делот со отворен ум и факти.
Уште помалку ми е јасно што има Ганди со тоа.
најмалку ми е јасно од каде таков одговор на една ебана изјава од Ганди која и нема ама баш никаква врска со интелегентен дизајн, а уште помалку со Даевин.
Дефинитивно одговор далеку од интелегентен дизајн исто како и цела прича со интелегентниот дизајн.
Ај да одмарширам сега пошто збунет сум тотално. Мислам, не дај боже да пишам некоја изјава од Џон Клис, тек тогаш ќе биде вистинска забуна и интелегентен дизајн.