Мажот владее над жената само кога владее и сам со себе; а ние имаме котрола над самите себеси само кога повеќе мислиме одколку што осеќаме. Жената не сака во љубовта страдалник, туку јунак (пеливан)....
Мажот владее над жената само кога тој се владее самиот себе си ; а ние имаме котрола над самите себеси само кога повеќе мислиме одколку што осеќаме.
Жената не сака во љубовта страдалник, туку јунак (пеливан) ; а јунак е оној маж кој секогаш е ладен пред „напастот“ жена, и кој секогаш е спермен да ја изгуби.
Треба машкиот свет да ја остави љубомората на жените , а жената ќе постане љубоморна одма штом забележи дека нејзиниот партнер не сака да и љубомори. Ако мажот не е љубоморен туку жената , тогаш тој е повеќе господин отколку таа госпѓа. Господин во љубовта, тоа е ладен љубовник, а ладен љубовник е оној кој својата чест ја става над женската убавина.
Жената во мажот секогаш бара и маж и љубивник : бара атмосвера на породична толина, а истовремено нагли љубовни авантури, нееднакви и непредвидени. Ако тие две работи не ги најде кај еден маж тогаш таа се впушта по потрага по љубовник на друго место, меѓутоа ако и љубовникот и заличи на нејзиниот маж тогаш таа се враќа дома со поголема разочараност од таа кога излегла.
Жената во пракса искусила повеќе мажи , можете да замислите тоа дека таа од својата 15 година изстражувала, тестирала помеѓу младите луѓе , бараќи го својот идеален маж и замислен љубовник. Таа навика и продолжува низ целиот живот. Затоа и не треба да ви е чудно ако таа и во подоцните години се „збудали“(почне да шара), кога има оформила фамилија.
За ниедна девојка не е недопирлив ниеден младич за кој таа смета дека може да го сака , и се лаже секој маж кој верува дека неговата девојка нема да го изневери само затоа што таа го сака . Срцето е небројно, како што рекла некоја поетеса, а така мислела затоа што била жена.
Љубовта е најнесигурно чувство.
Постојат два типови на бракови: еден за млади и за младоста, и друг за стари и за староста. Првиот да се подели среќата и радоста-страста, а втроиот да се подели несеќата и болсета. За едниот времето ќе помине многу брзо, а другиот секогаш доаѓа на време. За првиот од овие два брака жените се облечени во бело, додека за вториот се облечени во црно. Има и распуштеници, облечени во црвено ама тие се жени за сите годишни времиња. Да се жениш со вдовица то ти е еден брак во кој началстува еден мртовец кој е појак од живиот домаќин; а во бракот со распуштеница, секогаш има уште еден човек, кој е отсутен и секогаш поважен од присутниот. Мажите на вдовиците и распуштениците секогаш биле споредувани, а во тоа се состои и нивната беда. Бидеќи жената го видела својот прв маж во времето кога очите биле помлади и срцето потопло и сите работи на земјата по радосни и посјајни, овој вториов секогаш ќе биде втор и во губиток . Тој губи со тоа што небил прв, а затоа и не изгледа дека е подобар.
Паметниот дечко си се здомува (да кажеме домаќински) на време. :) Во младоста филозофијата на бракот е љубов и размножување (сексање), а во староста е слабост и страв од самотија. Уште стариот Хесиод вели дека годините за љубов се 30 за мажите и 15 за девојките, истиот поет вели дека треба да се земе девојката помалада зошто така можеш да си ја воспиташ на убави нешта; дека е паметно да си се жениш од соседството; и дека треба да се бега од жена која е страсна зошто ке го запали човекот без оган и ке го умре пред време.
Штом жената вистински ве засака, тогаш таа го сака и по малку како мајка: ке ви каже ситни и слатки зборови: се грижи за вашето здравје, ви брани да пиете, да пушите и се грижи за сите околности кои би можеле да ви нанесат зло. Во најголемата ексаза на срцето, жената престанува да биде женка , а постанува добра мајка и нежна сестра. На оваа сублимирачка и единствена точка двата пола доаѓаат до идеална рамнотежа. Се до таа точка овие два пола се во постојани конфликти и разидувања, исклучваќи се духовно и душевно, и немаат никакви допирни точки.(со исклучок ако физички не се ...). Мажот и жената се во добар сооднос само кога нивните срца се полни со чиста и искрена љубов, од каде избива искрата на поезијата(тие двајца еден на друг си се не исцрпна инспирација), тоа е магија на светот, сонце над сонцата... (забегав)...
Последни коментари