Индија 04: 1800 денари за кино???

Никако да седнам да напишам некои од подолгите работи, ама само за илустрација колку филмовите се голема работа во Индија: за некој филм, картите за првиот ден на прикажување се шиткале на црно за 1800 денари, што ќе му дојде некои 10 пати повеќе од цена на билет во пристојно кино. ДЕСЕТ пати за да видиш филм ден два порано!!!

Филмската индустрија е толку развиена, што ми имаат кажано дека ако на телевизија видиш песна со вистински спот (значи не е од некој филм) тогаш песната веројатно е од Пакистан. :)

Инаку колку за информација, покрај Боливуд, кој прави филмови на хинди, голем број на филмови се прават и на јужните индиски јазици како тамилски, канада (да јазикот кој се зборува во сојузната држава каде што е Бангалор се вика Kannada) и други.

Агрегирање содржина