Беше тоа пред многу лета
Беше тоа време на Орбитал, Продиџи, Хемиските браќа, но не оние хемиски браќа што ги познавате денес.
Беше тоа време на Халуциноген, Астралната Проекција, МФГ, Човекот без име.
Беше тоа време кога долга коса беше проблем, а неретко имаше случаи што добиваа бесплатно потшишување на час.
Беше тоа време кога обетка беше проблем.
Беше тоа време кога носење широки панталони беше ебан проблем.
Беше тоа време кога џоинт можеше да си запалиш во центарот на градот без да истрча некој полицаец да те уапси.
Беше тоа време кога за трева не знаеа многу луѓе, а уште помалку ја употребуваа.
Беше тоа време кога забави правеа само ПМГ и некои дечишта како нас, во маалксите кафичи.
Беше тоа време кога забавите траеа до раните утрински часови, а неретко продолжуваа до касните попладневни часови.
Беше тоа време кога во електронската музика никој не гледаше пари.
Беше тоа време кога диџејот што бил букиран за два часа се решил да остане да пушта до попладне без никаков надомест.
Беше тоа време кога на забавите немаше премногу гужва.
Беше тоа време кога се знаеше кој оди на електронска музика кој оди на турбо, а кој оди на рок.
Беше тоа време без мобилни телефони, без компјутери, без цд плеери, без дигитални фотоапарати.
Беше тоа време кога дизел носеа само раперите.
Беше тоа време кога за влез на забава не се чекаше еден сат.
Беше тоа време без бонови, без видео билборди, без спонзори.
Беше тоа време кога за фразата ХГ знаеа само неколку луѓе во градот.
Беше тоа време кога во Струмица на карневал немаше многу луѓе.
Беше тоа време кога забава не се правеше за кеш.
Беше тоа време без НТШ, без тресење, без дечко ти неможе да влезеш.
Беше тоа време без полициски час.
Беше тоа време кога можеше на подиум да си свиткаш, а и запалиш џоинт.
Беше тоа време без сакали, без тушници.
Беше тоа време кога три грама беа стварно три грама.
Беше тоа време на ризла+ плавите и тоа требаше поприлично да се расшеташ да ги најдеш.
Беше тоа златното време на македонската клаберска сцена.
Беше тоа време и помина.
Помина, замина и никогаш нема да се врати.
Прашањето е: Што се случи со сето тоа?
Одговорот е мошне прост и едноставен:
Некој во сето тоа виде кеш.
Тој некој можеби бил и МТВ но тоа и не е многу важно сега.
Можеби некој мисли дека електронската музика денес е во најголем подем, можеби некој го смета и Тиесто за најдобар диџеј, можеби Карл Кокс е најдобар според некои. Можеби. Ај да прочитам во ДЈ Магазин па ќе ви кажам кој е најдобар.
- Додај нов коментар
- 7007 читања

Беше тоа и време
коа ебеш ли, мораш да се будиш некој ден+ како нечиј дечко.
сеа нема везе...
се ти е тури-вади this days :cigara:
...ух...вечерва сум доста страмотно настроена
:)
Цитат:Беше тоа
И сега е така. Е сеа... ако публиката е шит :)
Дали тоа беше времето кога
часови по пуштање музика држеше Александар Малевски ака е-мале?
Е беа времиња да.
Тоа би било
Пред една деценија.
Мислам дека е-Муле се појави нешто покасно.
O: Беше тоа пред многу лета
[quote=D-507]
Можеби некој мисли дека електронската музика денес е во најголем подем, можеби некој го смета и Тиесто за најдобар диџеј, можеби Карл Кокс е најдобар според некои. Можеби. Ај да прочитам во ДЈ Магазин па ќе ви кажам кој е најдобар.
[/quote]
Тиесто јес да е добар ама е ебан КОМЕРЦИЈАЛИСТ па колку го сакам толку и го мразам а Карл Кокс ти е срање.
Е беше тоа време::
Беше тоа време кога првпат во раце ми паднаа касетите "Goa 5" дупла касета со еден куп имиња кои ништо не ми значеа и чудна музика која тогаш не ја разбирав, па помина некоја година дур сватив кои се тие луге и што музика прават.
А журките тогаш? Е тоа, кој си знае, си знае, кој не Штета!
Поздрав! Ке биде боље ке им помине меракот на помодарите, е тогаш ке биде журка.
http://evilgeniusland.blogspot.com/
МНТ, Метропол,
МНТ, Метропол, Менада....отидоа под стечај! Сега Колосеум продава муда за бубрези.
Еееее
Еееее Метропол... Да имам многу пари би го купил и би го воскреснал тоа место. Се сеќавам само дека уопште немаше жители на Припор и Драчево на тоа место.
ХГ
Отсекогаш се прашував од каде оваа фраза. Ние го викавме „охаге“. Префиксот „о“ имаше карактер на стравопочит.
Ај некоја добра душа да каже за етимологијата на овој збор. Толку време се праам крш а не знам. За замена ќе ви кажам финта како се прави шприцер. Ептен иде ОК со ХГ летно време.