22 ноември, 2008 - 03:50
[веб кирилица]

Колку форум членови се потребни за да се смени сијалица?

од Diddy на 9 авг 2005 - 18:10

ова го видов случајно на некој форум на англиски беше напишано, преводот е мој [се смее]

1 да ја смени сијалицата и да креира нова тема во форум дека сменил сијалица
14 да споделат слични искуства за мењање сијалици и како можела сијалицата да се смени на други начини
7 да предупредат дека мењање сијалица може да биде опасно
1 да ја премести темата во форумот „Осветлување“
2 да се спречкаат околу тоа и да ја преместат темата во форумот „Електрика“
7 да укажат на правописните грешки во темата мењање сијалица
5 да ги критикуваат оние кои укажале на правописни грешки
3 да најдат правописни грешки во критиките кон оние кои укажуваат на правописни грешки
6 да се караат дали е правилно „сијалица“ или „светилка“
6 да ги класифицираат претходните шест како глупи
2 професионалци од светлечката индустрија да ги информираат останатите дека правиот назив е „електрична светилка“
15 сезнајковци кои тврдат дека и тие се занимавале со светлечката индустрија порано и дека терминот „сијалица“ е валиден
19 да напишат дека овој форум не е за сијалици и да се продолжи со дискусијата на форум за сијалици
11 да го бранат тој што ја започнал темата во овој форум, тврдејки дека сите ние користиме сијалици и за тоа темата и коментарите се важни и применливи и за овој форум
36 да дебатираат кој метод за мењање сијалици е најефикасен, каде се продаваат најдобри сијалици и кои брендови сијалици се добри/лоши
7 да објават линкови до сајтови каде може да се видат различни типови сијалици
4 да напишат дека претходните линкови се неправилно напишани и да ги напишат на ново и правилно
13 да ги цитираат во еден коментар сите досега објавени коментари (целосно дури со потписи) и на крај да напишат „и јас исто“
5 да напишат дека веќе нема да праќаат коментари пошто не можат да се соочат со контроверзноста околу сијалиците
4 да кажат „зар не имавме ваква дискусија пред некое време?“
13 да кажат „прво иди на Google и пребарај малку за сијалици, а после објавувај нови теми во форумот“
1 нов форумџија да коментира на темата после 6 месеци одкако е креирана (и се да почне од ново)

Опции за гледање на коментари


сликата на Laxativ
И еден - од Laxativ на 10 август, 2005 - 11:28

И еден администратор, на кој што му пука филмот и ја заклучува темата...

сликата на Evil_Genius
Е а сума на крајот. - од Evil_Genius на 10 август, 2005 - 16:03

Е а на крај под тоа да удреше една цртка и да видевме колку тоа
испадна или ке отвориме нова тема за тоа [се смее]
како би идело содирањето и колку би искочило баш ме интересира [се смее]))

EvilGeniusLand.blogspot.com