Индија 03: Индира и демократијата

Не знам колку Баграши знаат дека Индија е прилично демократска земја со прилична слобода на печатот. Мене тоа најочигледно ми стана од односот кон „животот и делото“ на Индира Ганди.

Јес дека нам ни сервираа од политички причини (неврзаните, кои патем тука никој не ги споменува) розова слика за Индира Ганди, но таа и има постигнато работи кои се ценат во Индија. Ако ништо друго, пар години по настаните за кои ќе пишувам, таа била повторно избрана за премиер, па син и и беше премиер (во Индија секогаш во весниците пишуваат за чиј син/ќерка е текстот :) ), а сега снаа и е лидер на владеачката партија во Индија. Индира Ганди има направено многу реформи во земјата, ги има одјебувано Американците, и конечно има загинато во атентат.

Арно ама, да не претерувам, ама во 90% текстови што тука ги имам сретнато, Индира Ганди прво и основно се памети по вонредната состојба што ја има воведено во 1976 (или така некако). Тоа го има направено за да остане на власт по одлуката на Врховниот суд на Индија дека ги имала лажирано претходните избори и дека требало да даде оставка. За време на вонредната состојба има затворено пола опозиција, со се парламентарците, ја има укинато слободата на печатот и има воведено притвор на неодредено време.

Индијците не можат да и го заборават тоа.

Опции за гледање на коментари

Избери го посакуваниот начин за прикажување на коментарите и кликни на „Активирај“ за да ги видиш измените.
Слика на Chombe

Re: Индија 03: Индира и демократијата

Пеце брат, дај распрашај се за тоа јазиците. Ја знам дека Хинду е официјален, ама само на 30% им е мајчин јазик. Ова чисто ме заинтересира од пред некој ден. Имено, бев кај едни клиенти и овие имаат 2 стажанти Индијци. Додуше, децава се тука израснати и тука живеат. Ги слушам како зборат на англиски со индиски акцент и ги прашувам, абе зашто не зборите индиски. И таа едната Кинџал вика, абе Раџ е од југ, ја сум од север, врска неаме еден со друг. Им викам, па зборете Хинду, арно ама полесно им било англиски.

И уште нешто сакав да те прашам. Можеш таму да купиш компоненти за „Шопска“ (пипер-патлиџан-кромид) од пазар? Како ги миеш? Ти конкретно, не ме интересира на суб-континентално ниво. :) Aј напиши и за тоа кастите? Ова нешто ко аристократија му доаѓа или...

Ај така, пиши коа имаш време!

Слика на Chombe

O: Re: Индија 03: Индира и демократијат

Еј, сега видов. Ај среќен празник 15-ти август, денот на ослободување од фашистичките британски окупатори.

Слика на Obi

ха

Нема каде да се распраша :)
Рече дека е во Бангалор, тоа е во јужна Индија а таму не зборуваат Хинди туку Тамил :) = шо нема благе везе со хинди.

Слика на Obi

?

ај признај сеа дека не можеш да најдеш ресторан кј шо можеш да се напиеш ко чоек, нема клубови и на вегетаријанска храна си :)

Не знам зашо мислиш дека овие информации за Индира Ганди не се јавно познати. Атентатот и го направија сиките пошто им пушти полиција и со гас исфрли некои бунтовници таму од нивниот свет храм итн.
Сикиве им се као воена класа, оние со турбаниве и обично се или воини или телохранители итн. Ја изрешетаа нејзините телохранители шо беа Сики како освета за тоа шо го направи во храмот.

Шо се однесува до Индијциве, веќе 10 години имам цимери од различни делови на Индија. Добро тие шо ќе дојдат тука се далеку попрогресивни од тие затуцаните таму. Исто ко вас :) Шуги ејјјј! хахахаха

Знаете дека во Индија:

Лапање нема ни на филм а камо ли РИАЛ ЛАЈФ!!! неверојатно!
Остај тоа на сред филм глумецов едноставно почнува да пее и филмов станува видео спот едно 5 минути и сите играат и пеат и после пак филм. Боливуд!

Друго:

Не може девојка за рака да шеташ пошто сите ќе мислат дека е курва..
и такви ствари.

ама сепак кул луѓе се и лесно се опуштаат. Мене лично ми се допаѓаат за разлика од нивниве источни соседи шо не можам органски да ги поднесам.

а и храната им е многу добра. Особено од тие сиките од пенџаб.

мМмМм тандури чикН!

Слика на miopa

O: ?

Obi wrote:
Остај тоа на сред филм глумецов едноставно почнува да пее и филмов станува видео спот едно 5 минути и сите играат и пеат и после пак филм. Боливуд!

И во Саут Парк ова се случува :)

Слика на Obi

:)

ме изнасмеа :)

Слика на PetarK

Сори за

Сори за доцнењето, некој мора да оди до Гоа, да оди на индиска свадба (вечер, купив од традиционалната облека нивна), тежок живот. :)

Викендов ќе пишам пост за ова што зборувате. :)

Агрегирање содржина