Сакам да нарачам софтвер преку интернет и притоа да платам со Виза кредитна картичка, ама не знам дали ќе стигне, па затоа прашувам некој што нарачал нешто или некој што знае за тоа.
Ти дечко ќе треба да си прашаш на страницата од кај што нарачуваш дали праќаат во македонија или во која веќе држава си. не за друго него во последно време ова гледањево (гледање као нострадамус гледаее) не ми иде па да не утнам нешо.
имам нарачувано триста чуда од Интернет (све легално) и стигало.
Имам цели романи да пишувам што све се дешавало, абе траги-комедии.
Иначе иам нарачувано СВЕ, буквално све, музика, двд, облека, книги, свашта.
-Нормално игра улога самата онлајн продавница колку е сериозна
-дали праќаат у нашава земја
-ако праќаат незначи дека туку-така ќе примат нарачка со кредитна (зависи)
често ми се дешавало едноставно да ме одбијат и да побараат да пратам чекови,International Money Order (кај нас не постои овој платежен метод) или доказ дека кредитната е вистински моја (броеви за телефон и факс од банката, скен од месечниот извештај,дури и скен од пасош или сл.)
исто и сум се снаоѓал негде, нудејќи да платам со Western Union (безбедно и брзо,ама многу скапо и незначи дека ќе прифатат, пошто треба некој Митре или Џон или кој и да е да оди до најблискиот вестерн унион и да ги подигне парите со контролен број,не стигаат директ на адреса)
На еден сајт кога нарачував, прво ме одбија за со кредитна (немаа доверба),па пратив чекови. Рекоа ги добивме,ама немаат routing number (едно бројче кое треба да биде отпечатено)
Им реков ќе им пратам нови,стариве да ги пратат назад, рекоа, уствари и не праќаме за МК. (немаше МК во дроп-даун листата на земји на тој конкретен сајт, по маил им дообјаснував од кај сум уствари)
Па едно другарче од Њу Јорк ми помогна,ги нарача стварите па ми ги препраќаше преку DHL..остај.
У една продавница пак, имаа кул ствари ама не ми примаа кредитна па морав да праќам Wire Transfer (од банка до банка,со триста малтретирања, плаќање провизии и сл.)
Чекај у банка у ред пет саати, на крај ти вика „а IBAN код имаш?“(код кој е потребен за банковни трансфери до банки у ЕУ)
па иди пишуј маилови,земање ибан па идење пак у банка..па им ги пратија парите, ги немаше да одговорат од продавницата петсто години, па праќав факсови да ги разбудам, вели абе нема моментално тоа и тоа на лагер затоа не пративме,па ај алтернативи.
Од една продавница ми пратија скроз погрешни ствари, па враќање назад, ај добро и тоа се заврши (претходно им пратив travellers чекови, у наша пошта ги задржаа пошто беа пратени као вредносна пратка што не било во согласност со правилата као..па дур дознав, па ај препраќање со експресна пошта 1500 денари,им стигнаа таму у Америка после 6 месеци, па ми испратија погрешни ствари..па..)
Па царини иам плаќано, чуда.(не зборам за она “проверки“ и сл. 70 денари, зборам за скапи давачки ѓоамити држам бутик),па иам потпишувано у „Царина“ на железничка дека потврдувам дека кредитната ми е моја и валидна, нејќеа да ми дадат хартифче и пенкало да го напишам составот, па изнервиран идев пешки до менувачница у Скопјанка да побарам,па се вратив назад вели „дечко,ама нели ти демонстративно ја напушти просторијата?!“
абе моменти.
Само една пратка досега ми нема стигнато и тоа највероватно е здиплена при транзит на Франкфуртски аеродром или у Будимпешта (ова е мистерија сама по себе, кај нас се краде ОК,но ни странциве не се невини да не се лажеме. Се спушта авионот од америка у фракнкфурт,тука се растовара, сосема е могуче да здипли кој шо сака,ај иди тужи го)
Ако е нешто поскапо можда е дорбо да се праша да се плати иншуранс или така нешто (спешл деливери опции ако има со трекинг намбер со кој ќе можеш да ја лоцираш пратката преку интернет, у стилу денес е у Њујорк, утре у Пешта и сл.)
У една прилика не ми стигнаа едни панталони, им викам на тие у Америка,шо е? како е? велат пратката е загубена, ќе пратиме други исти пак (??!)
чудно,фер луѓе. И стигнаа.
У друга прилика на еден сајт им снемало нешто као и велам „mоже ли да ја cancel-увам нарачката?“ вели,ама цинично „we are glad to cancel your order"(гомна) но после се разбравме па праија алтернативи и све у реду.
Иам купувано ствари и од E-Bay, па наддавања, нешто што било 2 долари станало 40. Па плаќање преку Вестерн Унион+поштарина цело богатство.(чисто на доверба..типот може да си ги земе парите и кој те ебе,ама ете има луѓе останато по светов, иако се работи за користени ствари али тоа е тоа)
Од Барнс анд Нобл еднаш нарачав стрип албуми за една бивша на времето (кој и ебе матер да умре пичка и материна) и стигање кај неа некои тотално петти книги со роденденски поздрав за некојси Џон таму.
Пишав, се извинија, ги пратија правите ствари, а погрешниве не ги побараа назад (останаа кај таа курвата)
Од еден скејт шоп некакви патики еднаш нарачував, незнам зашто така им беше системот,со самото нарачување ти ја чарџа кредитната (а баш у тој момент немаа тоа на лагер)
и она као,абе ти земавме парите а не ти испративме. велам ај ќе почекам пар месеци (шо да праам носам голем број неам избор баш)
Не им стигна ни по долго време, викам ај назад парите, па ги враќаа назад. абе остај..
свашта иам доживеано со тие онлајн шопинг прикаски,романи можам да пишувам, ако неам потрошено милион долари еве на..
Али затоа у Скопје иам донесено ствари што НИКОЈ ги нема, ама НИКОЈ.
не,не ПСССТ, НИКОЈ!
(ако е тоа некаква сатисфакција)
Иначе веќе со години, морам да кажам,ај да не урочам, од Амазон (сите клонови: американски,британски,германски,француски итн..) биле најфер. ама стварно неам зборови. Ми примале кредитна,ми праќале-чао пријатно без проблем. Едино еднаш коа нарачав нешто да биде пратено на адреса на зет ми, оп одма маил, вика дали ќе потврдите ова-она,за што ептен им бев благодарен.(у стилу да не нарачува друг у мое име,да проверат)
Иначе спомна ВИЗА картичка, е тоа е посебен муабет. Ако е од Стопанска, пред долго време нели имаше проблеми (провала у систем,па блокираа нарачки од Интернет и сл.) можеби треба да прашаш првин (ако е од друга банка,незнам)
Незнам што се десило после.
Остај здравје изгубив.
Што е до мене, ако не е прескапо, нарачај си, верувам 98% дека ќе стигне.(ете мене ми стигало,чудно но вистинито, настрана другите проблеми)
"Од Барнс анд Нобл еднаш нарачав стрип албуми за една бивша на времето (кој и ебе матер да умре пичка и материна) и стигање кај неа некои тотално петти книги со роденденски поздрав за некојси Џон таму.
Пишав, се извинија, ги пратија правите ствари, а погрешниве не ги побараа назад (останаа кај таа курвата)"
Јас имав порачано некои ствари од и-беј облека такви срања, и некои плочи од франција и од шпанија, некаде 2 недели пред да дојдам во МК прошлото лето. И ко стигнав работите ме чекаа во Охрид.
Имам и хард дискови праќано, видео картички и секакви срања шо некој радо би ги фукнал али не сум имал фрки.
а не знам поради кој курац за да подигнам требаше да платам некоја си ебена поштарина кога веке поштарината ја платив ко ги купував работите.
поштарина е она што си им го платил на онлајн продавницата односно типот од ebay.(за да ти ги прати стварите). Тоа си е јасно.
а она шо го зимаат при подигањето у Пошта кај нас е она „царински преглед и препакување“ 70 денари со уплатница на шалтер кај тетката.(тоа е формално, колку да ти земат пари,а демек е за тоа што тие у складиште го отвориле да видат што е и му удриле леплива лента после со ознаки на ПТТ, у стилу се истрошиле)
е сеа настрана од двеве горенаведени, ако е нешто поголемо,поскапо или у поголеми количини, може да ти наплатат и царина (е тоа е веќе скапо) и иам плаќано у некои прилики, ме имаат ошурувано по илјадарка или повеќе.
(како и се’ кај нас, све е чиста импровизација, некад ми наплаќале,некад не?! Ако не ми бараат царина подигам одма у Пошта 2 кај Железничка на шалтер, а ако бараат ми вика дечко иди надвор па десно, па право по пролазот и таму има една башка просторија за пратки што се царинат, со чичковци со моливи на уво и шалтер на Царината)
Тоа дали сум плаќал царина или не можда игра улога и која влада била на власт, а со тоа и правилата можда биле различни.
У секој случај за цд,двд,книга и сл. не би требало царина у никој случај (едино ќе ти ги земат тие 70 денари обавезно, јал-не јал три и пол)
Последни коментари