Индија 01 - вовед и пиење вода

Ова е како вовед со правни забелешки за цртичките за Индија што ќе ги пуштам од сега па додека да ми здосади.

Јас летово го минувам во Бангалор, во Силициумската долина на Индија. Тука сум на МБА пракса во една од најголемите и најценети индиски ИТ фирми. На Багра ќе пишувам за интересни работи што ги забележувам тука. Нема многу (или воопшто) да се обидувам да давам подлабоко толкување на работите, а исто нема многу многу и за фирмата да коментирам. Сепак ќе се трудам да не пуштам ист тип на блуткави информации што ги имаше во туристичките емисии што А1 ги купуваше на времето, а можеби уште го прави тоа. :)

ОК, една од првите интересни работи што ги забележав е дека тука кога луѓето пијат вода од заедничко шише или чаша, тоа го прават со „сипување“ на вода во устата, без да ги допираат усните со садот. Обично странците кога доаѓаат во Индија се плашат од локалната хигиена (не дека нема причини :) ) ама ете, кога се работи за пиење од исто шише, работата е обратна, мора Индијците да се гадат кога ќе отидат не некаков камп во Европа, на пример, и гледаат дека си ги гледаме бактериите.

Опции за гледање на коментари

Избери го посакуваниот начин за прикажување на коментарите и кликни на „Активирај“ за да ги видиш измените.
Слика на parvati

само еден доказ

само еден доказ повеќе дека индијците повеке обрнуваат внинамие на хигиената отколку луѓето во европа.Како уште една интересна работа- еден просечен индиец се капи минимум 2 пати на денот (се разбира до колку има каде) а и никогаш ама никогаш не е дозволено со сопствена виљушка да се допреш од чинијАТА од која што се слузи...

Слика на viktoria

овој па, само да

овој па, само да се испофали... силикони , долини.. ;)
Ајпа биди наш Драго Плечко , дај некои рецепти за манџи, лечење опекотини, отстранување целулит, истерување на ѓаволи. нешто корисно побогу!

Слика на Chombe

O: овој па, само да

viktoria wrote:
овој па, само да се испофали... силикони , долини.. ;)
Ајпа биди наш Драго Плечко , дај некои рецепти за манџи, лечење опекотини, отстранување целулит, истерување на ѓаволи. нешто корисно побогу!

Мене ме интересира следното.

- Колку пари е пиво у кафана у наши пари?
- А добро ли е пивото?
- Има ли асални риби и дали се промискуитетни?
- Се дрогира ли некој или сите се по тантра и кундалини?

Ако ми текне уште нешто ќе те прашам а до тогаш леп провод...

Слика на excellent

Или што би рекол...

Или што би рекол Рахметли Едо Маајка:

Da te pitam:
Da li imaju duge kose ?
Da li traperice nose ?
Da li vjeruju u Boga ?
Da li uzimaju droga ?
Da li ima smoga i kod njih na planetu ?
Dive li se nama il nam zele nanjet stetu ?
Odakle dolaze ove nase mljecne staze ?
Je li dolaze u miru ili zele da nas zgaze ?

:)

Слика на Julls

Пиво+Индија

1. У наши пари е многу ефтино. Или барем тука некаде, зависи кај ќе го пиеш и дали пиеш локално или увозно(ова само во фините ресторани).
2. Добро е, имаше едно екстра, да се сетам само како ли се викаше...
3. Има асални риби, промискуитетни не сретнав баш. А сигурно дека се ебат, ама тоа не значи дека се промискуитетни :)
4. Се дрогира. А тантра и кундалини е закон после индиски чарас на плажа. Пробав, екстра :)

Слика на PetarK

Тоа дека си

Тоа дека си била на Гоа, луѓето тука викаат дека е најевтино место за пиење и јадење од сите места што ги имаат посетено во Индија. Некои бројки од другите места имам во вториот пост. :)

Слика на toomuchisnotenough

O: само еден доказ

parvati wrote:
само еден доказ повеќе дека индијците повеке обрнуваат внинамие на хигиената отколку луѓето во европа.

тоа е само доказ дека концептите за хигиена во различни култури се различни. причината заради која што индијците не ги допираат усните до заедничкиот садот за пиење е заради хиндуистичкото верување дека на тој начин се пренесува кармата, а не заради избегнување на пренос на бактерии.

на сличен начин, во некои од ромските култури (кои што впрочем се индијци кои што зацепале на исток), се смета за нечисто да се перат машки и женски алишта заедно. и ова е друг концепт за хигиена, што нема врска со нашиот.

Цитат:
Како уште една интересна работа- еден просечен индиец се капи минимум 2 пати на денот (се разбира до колку има каде) а и никогаш ама никогаш не е дозволено со сопствена виљушка да се допреш од чинијАТА од која што се слузи...

исто така, капењето на индијците е пред се од ритуално-религиозна природа, а не хигиенска. разумно е да се претпостави дека корените на ритуалното капење се од хигиенска природа, но целата поента се губи денес, бидејќи нивното капење најчесто се одвива во некоја бесмислено загадена река. дури и кога тие не биле загадени, еден куп индијци се капеле веднаш до гатовите, со недоизгорени трупови кои што се распаѓаат во нивна близина. тоа, ќе се согласиме, нема баш многу врска со хигиената како што ја познаваме.

иако индијците имаат развиено имунолошки систем донекаде отпорен на ваквите опасности, тие сепак ги имаат едните од највисоките стапки на морталитет и морбилитет во светот.

муабетот со виљушката пак има врска со карма, а не со хигиена.

Слика на lujka

додавка

Се вели морбидитет, не морбилитет. Морбили е вид на сипаници, а морбидитет доаѓа од латинскиот збор „morbus“, што значи болест. Следствено, кога некој за нешто ќе каже дека е „морбидно“, всушност може да се каже дека вели дека тоа нешто или тој некој е „болно/болен“.
Дека Индијците имаат јак имунитет за некои работи, имаат. Ако им падне јадење на земја, без гајле си го зимаат и го јадат (без миење во меѓувреме). Па и ако паднало на под кај што сите газат со кондури. Тие навики често ги задржуваат и кога ќе отидат некаде кај што владеат прилики поинакви отколку кај нив.
Плус не се многу по чистењето. :-)

Слика на Smoki

O: додавка

lujka wrote:
морбидитет доаѓа од латинскиот збор „morbus“, што значи болест. Следствено, кога некој за нешто ќе каже дека е „морбидно“, всушност може да се каже дека вели дека тоа нешто или тој некој е „болно/болен“.

Хмм, а зошто тогаш morbido на италијански е нежно, кога се знае дека италијанскиот е “прост“ латински?

Слика на lujka

Врска немам.

Врска немам. :-)

Агрегирање содржина