22 ноември, 2008 - 04:09
[веб кирилица]

Игорче се враќа во голем стил :)

од гоце на 26 јул 2005 - 20:16

http://dnevnik.com.mk/?pBroj=2820&stID=59665

ЕКСПЕРТИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ
Смртоносно "екстази" се шири на Балканот

На балканскиот пазар на дрога се појавиле нови синтетички дроги со разорно дејство, чие користење може да има смртоносни последици за уживателот, соопштуваат медиумите во соседните земји. По Хрватска, каде што пред неколку месеци се појавила синтетичка дрога со медицински назив "пиперацин", и во Србија и Црна Гора има наплив на нови синтетички дроги. Според српските медиуми, на белградскиот пазар, покрај синтетичката дрога, се појавил и нов вид хашиш, кој предизвикува продолжени халуцинации, кои траат со часови. Во македонското МВР велат дека "пиперацинот" или друга синтетичка дрога со слични својства, засега не се појавила на наркопазарот. Кај нас, според експертите, и понатаму доминира "екстази".

Експертите предупредуваат на појавата на нови синтетички дроги како што се ПСП попознат како "ангелски прав", МППП или таканаречен нов хероин како и ПЦЕ, кој предизвикува мозочни крвавења и смрт и е поопаснен од "ангелскиот прав". Нивната раширеност на балканскиот пазар се уште не е алармантна.

За разлика од "пиперацинот", кој содржи деривати што се користат за медицински потреби како антидепресиви, новите синтетички дроги се добиваат лабораториски и претставуваат модифицирани молекули на ЛСД. Проблемот е во тоа што лековите што се злоупотребуваат, како и синтетичките дроги се уште не се регистрирани во пописот на опојни дроги. Ист е случајот и со допинг-средствата.

Македонија допрва ќе се соочи со наплив на амфетамински дроги и кокаин, со кои општеството не е подготвено да се справи, тврдат експертите. На македонскиот наркопазар доминира "екстази", кое може да се набави по цена од 8 до 10 евра за таблета, во зависност од нивниот квалитет. Екстази, позната како "технодрога", е супстанција на граница помеѓу амфетамините и халуциногените дроги, која поттикнува и предизвикува халуцинации кај уживателот. Екстази им овозможува на младите да играат непрекинато на техножуровите и да ги поднесат светлосните ефекти во дискотеките, кои тешко би ги поднеле без "хемија" во својот организам. Фаталноста кај екстази најчесто не е директна, но поради промената на свеста и перцепцијата, доаѓа до различни несреќи. Тој предизвикува психичка зависност, но не и физичка.

Податоците на европската полиција велат дека до сега се произведени околу 2.000 вида "екстази". Младите најмногу ги користат таблетите со халуциногени компоненти. Меѓутоа, новите видови "екстази" создаваат зависност многу побрзо од порано. Кај зависниците освен психичка, се јавува и физичка зависност, а подолгото користење на "екстазито" неретко завршува со смрт. Токсиколошката анализа на "пиперацинот", извршена во центарот за криминалистичко вештачење во Загреб, покажала дека дрогата дејствува стимулативно и халуциногено на средишниот нервен систем. Таа предизвикува губење течности, едем на мозокот, конвулзии, висок притисок, забрзана работа на срцето и многу висока телесна температура. Дрогатат предизвикува и смрт кај корисникот..

Според податоците од дневната болница за превенција и лекување на зависници во Белград, повеќе од 92 отсто од пациентите се чистат од синтетичките дроги, првенствено од "екстази".

Проблемите со помнењето и учењето, како и отежнато решавање на проблемите се првите симптоми што можат да ги воочат родителите, а кои покажуваат дека децата им тргнале во правец на пеколот. Тука се и лошата координација на движењето, забрзано чукање на срцето, вртоглавица, тежок од, смеење без причина. Децата што користат дроги имаат закрвавени и насолзени очи, доживуваат звуци и слики кои во стварноста ги нема. Тие се отсутни, чувствуваат опиеност, мачнина, болки во телото, вознемиреност и страв. Децата од депресија преминуваат во еуфорија, тешко дишат, имаат зголемена температура, повраќаат. Бојата на гласот им се менува, зборуваат неповрзано, имаат сува уста и често шмркаат.

Опции за гледање на коментари


Игорче е? - од PetarK на 27 јули, 2005 - 06:33

Игорче е?

сликата на гоце
„Новинар“ во - од гоце на 27 јули, 2005 - 07:14

„Новинар“ во дневник.

сликата на dimitar27
Кое Игорче бе??? - од dimitar27 на 27 јули, 2005 - 08:05

Кое Игорче бе???

До толку - од PetarK на 27 јули, 2005 - 13:36

До толку сконтав од контекстот. [се смее] На Игор К. Илиевски мислиш? Се знаев со него на времето, и ме изненадија пар небулози што имам прочитано во Дневник, како кога на насловна страна пишуваше дека шведската СИДА е уште малку па слично на Ал Каеда. [се смее]

сликата на miopa
Стариот познаник - од miopa на 27 јули, 2005 - 13:47

На багра е попознат по следново.

сликата на Zelka
>>>а кои - од Zelka на 28 јули, 2005 - 11:10

>>>а кои покажуваат дека децата им тргнале во правец на пеколот<<<
мамо, тато простете ѓаволот одамна ме обзеде и сега сум веќе 2/3 до таму, пеколот!