LAMP во enterprise светот

Linux, Apache, MySQL (или PostgreSQL), Php/Python/Perl или скратено LAMP е комплетот слободен софтвер кој е прилично популарен и успешен за правење на секакви web site-ови. Но можеби не толку во enterprise светот кој обично бара решенија базирани на Java, .NET, Оracle итн. Најчестата причина за ова е перцепцијата дека LAMP решенијата не можат да скалираат или ги немаат x, y и z buzzword enterprise можностите (кои можеби не ни биле потребни во решението на проектот). Секако тука е и масивната маркетинг кампања за Java или .NET, од дуга страна LAMP се рекламира само по word-of-mouth, од човек на човек. Нормално шефовите прво ќе ја видат TV рекламата.

Проблемот е дека x, y и z buzzword enterprise можностите најчесто се некој комплексен стандард, како на пример SOAP (simple? object activation protocol кој прерасна во покомплексен од CORBA), или разните web-services стандарди. Развојот на овие стандарди е претежно спонзориран од Sun, IBM, Microsoft, Oracle и сл. кои најдоа начин да соработуваат за заедничкото (нивно) добро. Имено, што покомплесен софтверот, тогаш повеќе ти се потребни нивните консултантски услуги и нивните алатки. Иако до потребното софтверско решение си можел да дојдеш многу полесно и поедноставно со користење на LAMP (и варијатните). Да не збориме за создавање на нови гранки во индустријата како compatibility testing, certification и сл., што во превод се начин да се контролира конкуренцијата и да се контролираат програмерите (кога еднаш си инвестирал време во една многу комплексна алатка, тешко ќе пробаш било што друго, уште помалку ако имаш „XXX certified proffesional“ титула).

Поентата е, дека не треба да се подценуваат едноставните решенија, не треба да се подценуваат таканаречените скрипт јазици, ниту MySQL, PosgreSQL и Apache. Едноставните решенија полесно се адаптираат, полесно се тестираат, полесно се сфаќаат и полесно се контролираат. Бидете многу внимателни кога некој ви „продава“ комлексност, можеби комплексноста потекнува од неговите потреби, а не од вашите.

Некои врски на слична тема:
IBM poop heads say LAMP users need to "grow up"

Опции за гледање на коментари

Избери го посакуваниот начин за прикажување на коментарите и кликни на „Активирај“ за да ги видиш измените.
Слика на googleot

ЛАМП

Што сакаше да кажеш со ова ај сеа неам време ќе коментирам час

Слика на GoodBytes

LAMP

Подигањето на информираноста за ЛАМП е позитивна работа, и секако дека вреди за тоа да се зборува. Од друга страна, имам и некои поинакви гледишта, па ќе се обидам да се поставам некаде на средината.

дамјан wrote:
Бидете многу внимателни кога некој ви „продава“ комлексност, можеби комплексноста потекнува од неговите потреби, а не од вашите.

Ти држи вода оваа мисла, секоја чест.

Малку ми остана нејасно на кого му се обраќа текстов, дали на програмерите или на крајните корисници? Нејсе, во ред си е кажаното, ако се земе во обзир дека се вади ЛАМП надвор од генерализациите и се тврди дека и во него има вредност. Тврдењето секако е точно, но точно е и дека комерцијално брендираните решенија носат вредност. Всушност, јас имам еден балансиран став, кој вели дека решението која оперативна, развојна и податочна платформа ќе се користи зависи и од тој што планира, и од тој за кого се планира, но и од еден куп други фактори (кои навистина се толку многу, и толку специфични од проект до проект, што не вреди ни да се набројат - за да не станат генерализација, освен можеби онака, информативно, for the record).

И така, како што можев да се согласам претходно дека изведувањето генерализации не дава вистинитост во секој случај, исто не можам да се согласам со генерализацијата дека „што покомплесен софтверот, тогаш повеќе ти се потребни нивните консултантски услуги и нивните алатки“ (бидејќи, на пример, софтверот може да е комплексен, но со интуитивен кориснички интерфејс, со едноставен и сегментиран работен процес и стабилен), или дека „Едноставните решенија полесно се адаптираат, полесно се тестираат, полесно се сфаќаат и полесно се контролираат“ (бидејќи, на пример, не секогаш и секаде може да се применат едноставни решенија, а понекогаш „измислувањето на тркалото“ може да потрае „вечност“ во динамичниот деловен свет). Имам практични искуства од двете страни на проблемот, кои ме спречуваат овие тврдења да ги сметам за точни.

Патем, исто како и тебе, и мене ме нервира надмениот однос, независно дали доаѓа од големи бренд-сетер компании, или од мали фирмички кои преку инвентирање стандарди сакаат (буквално) да си ги подигнат акциите. Скромноста е доблест од повисоките скалила на етиката: најдобро остави другите да те пофалат.

Она што јас го сметам за возбудливо е ИЗБОРОТ, и прогресот кој доаѓа од хипер-динамичниот ИТ пазар. Тоа е една позитивна константа која навистина заслужува почит и која секогаш носи вредност.

---

Слика на ZisDead

O: LAMP

GoodBytes wrote:
Она што јас го сметам за возбудливо е ИЗБОРОТ, и прогресот кој доаѓа од хипер-динамичниот ИТ пазар. Тоа е една позитивна константа која навистина заслужува почит и која секогаш носи вредност.

Избор има, но благодарение на слободниот софтвер.

Што се однесува до комплексноста, обично најдоброто решение е и наједноставното.

Слика на Taras

O: LAMP

ZisDead wrote:
Избор има, но благодарение на слободниот софтвер.

Што се однесува до комплексноста, обично најдоброто решение е и наједноставното.

Најдобро решение да стигнеш од точка А до точка Б вероватно е :
1. пешки ако се работи за комшија
2. со точак ако се работи за другар во друго маало
3. со такси ако надвор врне
4. со автобус ако точка А е скопје а точка Б е охрид
5. со кола ако точка А е скопје а точка Б е охрид, а патем сакаш да застанеш во некоја кафана и да пивнеш по некое пиво.

И ако го споредиме со комплексноста vs наједноставното, некако не ми оди баш логиката.

А ако сакаш истото во информатика, најдобро е куцаме во нотепад, и како такви да ги ставаме на некој фтп сервер, и не мора да е сервер, може и по емаил да си праќаме plain text пораки. Дефинитивно е наједноставно.

И каква врска има избор благодарение на слободен софтвер?

Слика на дамјан

Овој текст си

Овој текст си го напишав на мојот блог и беше замислен како вовед до текстот кој е линкуван. Веројатно затоа е вака сиров.

И под „софтвер“ во суштина се мисли на платформи, компоненти, frameworks и сл.

> Она што јас го сметам за возбудливо е ИЗБОРОТ, и прогресот кој доаѓа од хипер-динамичниот ИТ пазар

Останува да видиме колку е реален „прогресот“ кој ни го носи IT индустријата... ваква оценка, веројатно најрано, ќе може да донесеме некои 50 до 100 години од денес.

Слика на D-507

Уште еден текст

Уште еден текст во прилог на тоа колку големите фирми се грижат за сузбивање на сиромаштијата. Барем ако ништо друго се грижат за сузбивање на нивната евентуална сиромаштија.

Голем поздрав до Фрај Ер кој светот го гледа како голема трка по пари, а секој кој не го бива да направи пари - не го бива - а најверојатно не ни заслужува да живее според него.

Д-507

Слика на zlochko

Буби

Бубалица..!
:)

Агрегирање содржина