Еве како неславно заврши мојата љубовна афера со форумите на „Кајгана“. Знам дека ќе ми го избришат постот таму, затоа го оставам овде „за историја“.
И еден совет, ако баш не морате, не одете таму, досадно е, полно е лузери, досадно е, патетични се (постираат слики на кучиња и мачиња, јеботе) и ... ах, да - досадно е.
Значи:
Divider напиша:
АБЦ и Џаџ!!!
Ако не се вратите и прдржувате до темата ќе морам да ве оставам малкуцка да се оладите (да речеме, едно три дена на бан, в ред). Ниту едниот, ниту другиот немате коментари на место во последните постови. Jас сум толерантен (what a joke), ама не многу, кога се бега од темата.
Благодарам.
А вие како милувате!
Апсолутно ништо - НИШТО - не ми значи никој овде. Ни ти, ни твојата „толеранција“ и потценувачки однос кон оние кои доаѓаат овде да ти ја оправдаат егзистенцијата како велики администратор, ни можноста „едно три дена“ да бидам суспендиран.
Знам дека ќе ја избришеш поракава, но помисли колку досадни форуми имаш, од двајца без тројца, а и тие ... Разменете си емаил адреси па допишувајте си се до мила воља. Форумиве ви личат на „Трудбеник“ во лош ден.
Малку здраво тролување би ја размрдало работата, но ако мислиш дека уче(с)ниците треба да се однесуваат како да се на час и да пишуваат писмена задача на зададена тема, тогаш сам ќе си одам, не ми треба твојата семоќна администраторска рака.
А најпатетично е што ги потпишувате пораките со „Од управата“, како да сте куќен совет или синдикално здружение.
Ве препорача некој како the next best thing после Багра, но - зеееев - досадно е овде. А ти придонесуваш за тоа, директно. Можеби и треба да си одам.
ПС. Ќе го испратам постов и на други форуми, за да не се загуби случајно во „грешка на базата“.
ППС. „Милувате“ е на бугарски, успат речено.
Последни коментари